Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

10 дена бев во кома, но господ имаше други планови, таа ноќ никогаш нема да се заборави, вели преживеан од пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library9el975a8epas9Cpgjhc

Иван Стојменов, еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по една година се присети на кобната ноќ и борбата за живот. Со изгореници завршил на лекување во Словенија, бил 10 дена во кома и речиси еден месец се лекувал во критична состојба. Денес вели дека е благодарен за втората шанса, но дека лузните се и на телото и во душата. Порача дека трагедијата и жртвите никогаш нема да се заборават, дека животот е кревок и побара вакво нешто никогаш да не се повтори.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван Стојменов, по една година од кобната ноќ се огласи на социјалните мрежи и се потсети на тешката борба за живот по пожарот, периодот поминат во кома и лекувањето, истакнувајќи дека денес е благодарен што добил втора шанса за живот, но и дека никогаш нема да ги заборави жртвите од трагедијата.

— реклама —

„Помина една година од ноќта што засекогаш ми го промени животот.

Ноќта кога во дискотеката „Пулс" избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску.

Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завшив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба... борба за здив, за сила, за живот. Докторите велеа дека е критично

Но Господ имаше други планови.

Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ќе ме потсетуваат на таа нок. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата.

Таа ноќ никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме луѓето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ќе останат во нашите срца.

Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат - животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов.

Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луге што беа покраі мене кога беше најтешко.

Животот ми даде втора шанса.

И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува.

Никогаш да не се повтори.!!!!! Вечна им слава на починатите“, напиша Стојменов.

— реклама —
— реклама —
media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

(Видео) Во 02:32 минути пред „Пулс“: молк, солзи, плач и сеќавање на 63 животи кои згаснаа за миг

По една година од трагедијата, родители, браќа, сестри, семејства и пријатели се собраа пред некогашниот објект на дискотеката „Пулс“ во Кочани, местото каде ги изгубија своите најблиски.Лелек, плач и солзи ја исполнија тишината. Со свеќи во рацете, тие стоеја пред објектот и се сеќаваа на прерано згаснатите животи.Во 02:32 часот – моментот кога минатата година избувна пожарот – присутните оддадоа почит со пет минути молк и молитва за жртвите. Тишината беше прекинувана само од плачот на семејствата кои и по една година ја носат болката од загубата.Местото на трагедијата повторно стана симбол на сеќавањето, тагата и прашањата што сè уште остануваат без одговор.

Настани | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 5 часа

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања