Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

sdsm-koalicija

Дали Мицкоски го носел синот на државен трошок во САД?, прашува СДСМ

„Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син“, велат од СДСМ и додаваат:Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него.Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже.

Македонија | пред 1 година

screenshot_20240712_153502_messenger

„Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници“

Поранешниот функционер на СДСМ, Фатон Асани, се огласи по последните поделби на јавноста кои настанаа откако во Собранието се изведуваше обред за молитва, а по повод геноцидот во Сребреница. Асани им порача на политичарите да не ја злоупотребуваат религијата за пусти гласови и дека таа е за дома.„Бидејќи многу мои партиски другари го искажале својот став околу настанот во Македонското собрание, па и јас како муслиман по религија, а и како поранешен функциониер, сметам дека не треба да го поминам преќутно.Така што сакам да го кажам следново:За да сме на чисто од почеток, одамна имам речено дека држава и религија не одат ЗАЕДНО ако сакаме да имаме ДРЖАВА, а за жал во Македонија таа работа е настаната БОСАНСКИ ЛОНЕЦ (кој бил во војска ЗНАЕ), тогаш треба да се направи разлика.За пусти гласови и РЕЛИГИЈАТА ја ставивме во служба на партиите и тоа кој многу повеќе кој помалку, но ставиле прсти, а ДОКАЗ се последните парламентарни избори.Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници. Држава и религија реков не може заедно ако сакаме ДРЖАВА,бидејќи сите знаеме какво мултикулти општество е нашето и е многу осетливо на тоа прашање. Нооооо!Да не гледаме само со едно окоооо!Државните канцеларии пливаат во религиски обележја,редовно религиски празнични обреди во истите,или пак сигурно поради СЕКУЛАРНОСТА во центарот на Прилеп до ден денес никој не ја чепнал обезличената џамија која беше разурната во далечната 2001… Па примерот на препишувања и посвојување на државни објекти и имот на име на верските заедници се прави бидејќи сме секуларна држава? Не другари, почнав и ќе завршам за да сме на ЧИСТО!!!! Држава и религија не оди заедно, посебно кај нас, во Нашата Македонија.И да сум уште појасен, под услов да не постоеа горе спомнатите факти за несекуларни постапки, и јас го осудувам чинот во Собранието, бидејќи не носи ни убави ни напредни работи… Македонија е на сите НАС и да почнеме да гледаме во ИДНИНАТА…..и извинете ме тие што се нашле навредени во напишаново но за жал таа е вистината и од неа нема бегање!!!

пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, имаме поповолни кредити и во овој момент, ова е политички кредит

,,ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски лажат, имаме поповолни кредити и во овој момент, со помала камата од договорениот во четири очи на Мицкоски во Будимпешта.Ова е политички кредит.Условите под кои се зема ова задолжување се далеку понеповолни, со камата повисока од најавената од 3,25% и сето тоа врз грбот на граѓаните.Македонија е веќе корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по многу подобри услови и помала камата од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години.Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации Мицкоски сака да земе кредит во четри очи?Задолжувањето на државата со нови 500 милиони евра од Унгарија, договрено во 4 очи, нема никаква врска со специјална економска соработка. Кристално јасно е дека позади ваквиот дил се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Со кредитот од Будимпешта јавниот долг ќе отиде над 65%

,,ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во долгогодишно политичко и финансиско заложништво на друга држава. Кредитот кој во четири очи кој Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент. Тој е политичка одлука која е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.Со овој кредит, долгот на државата ќе отиде над 65% што е спротивно на мастришките критериуми, но и спротивно на законот за буџети. ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно ја труеше јавноста од опозиција како државата била презадолжена, сега планира само со една политичка одлука во свој интерес, да ја задолжи земјата до гуша.Фактите и условите за овој кредит, говорат дека тој воопшто не е ниту подобар ниту поповолен од кредитите кои ги имаме на располагање од реномираните и конотрлираните меѓунардони финансиски институции.За овие 500 милиони евра кредит од Бумпешта, граѓаните ќе треба да вратат над 150 милиони евра камати од кои само во првите три години над 50 милиони. Ова покажува дека кредитот е далеку од поволен.Ние веќе користиме кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5% каматана стапка. Значи имаме кредит од реномирана институција кој е поповелн за стопанството. Во моментов стопанството има на располагање кредити со каматна стапка под 3%. Шти занчи дека поволноста на овој кредит е огромна лага. Одлуката е политичка, а не финансиска.СДСМ бара итно повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од оваа идеја и започнување преговори за финансирање од проверени и контролирани извори.СДСМ бара Собранието да ја отфрли во целост оваа идеја и да не дозоволи државата да падне во политичко заложништво и вечен должник на друга држава.СДСМ бара меѓународните институции итно да реагираа на оваа намера и да се произнесат по однос на оваа одлука која трајно ќе го смени курсот на земјата и стратешките позиции.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Зошто Мицкоски ја крие средбата со бугарскиот премиер Главчев?

,,Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба.Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторил позициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат.Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања?Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање?Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_1662

Лукаревска: Договорот со Бехтел и Енка беше исторски криминал за ВМРО-ДПМНЕ, а сега истиот ќе го реализираат

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, за договорот со Бехтел и Енка, на големо кажуваа дека е историски криминал и дека е штетен. Се држеа и пресови, се одеше на терен, се крена голема прашина. Но, сега владата на Христијан Мицковски ќе го реализра истиот договор со Бехтел и Енка. Се што зборуваа падна во вода, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањто во дебатната емисија 24 Анализа.-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат? додаде таа.Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Пу пу не важи, Договорот со Бехтел и Енка за кој Мицкоски велеше дека е криминален ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира

,,Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.Во бројни изјави, речиси хистерично ВМРО-ДПМНЕ велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е штетен и дека е пљачка на народот.Денеска Александар Николовски се тоа го фрли во вода, пу пу не важи. Од денеска е се различно.Од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Христијан Мицкоски ќе го реализира истиот Договор со Бехтел и Енка.Почетокот на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека едно зборуваа како опозиција сега прават друго.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Небезбедни авотбуси, скопјани се гушат од запалени депонии, ВМРО-ДПМНЕ го уништи Скопје

,,Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема власта во Скопје, Градот буквално се распаѓа.Поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град.Небезбедни автобуси, ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат.Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП но и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку.Нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се и дека воопшто не им се важни граѓаните.Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче

,,Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ. Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков.Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите на граѓаните туку со црна кампања против опозицијата.Откако Владата ја наполнија со инкриминирани кадри, од Игор Јанушев до Коце Трајановски ВМРО-ДПМНЕ и Лефков немаат никаков легитимитет да зборуваат за криминал и корупција. Половина од членовите на раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци.Тоа што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира голем страв кон претседателот Венко Филипче само потврдува дека СДСМ се менува во правилна насока.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се

,,Уште неседнати на фотељите, секојдневно ги слушаме функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а сега и Николоски како се жалат и правдаат дека било тешко да се работи заради лошата состојба на буџетот.Почнаа да бараат алиби сакајќи да го оправдаат неисполнувањето на ветувањата како тоа за покачување на минимланата плата, но и за други.Владата на СДСМ обезбедуваше во континуитет плати за сите вработени во јавната администрација и претпријатијата во сите седум години и во услови на светски кризи. Граѓаните знаат дека СДСМ цели седум години работеше во апокалиптични економски светски кризи или во економско цунами, ако сакаме да се изразиме со речникот наВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ниеднаш не се пожали за тоа.На Александар Николоски и Мицкоски им порачуваме да престанат да создаваат слика во јавноста дека се во многу тешка состојба. Очигледно или се неспособни или со трик сакаат да се прикажат дека состојбата била тешка ама ете тие го решиле проблемот.Овие застарени пропагандни трикови им доликуваат само на инфантилни популистички партии каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Буџет и пари има, им порачуваме да се фатат за работа и не ја замајуваат јавноста.СДСМ во најтешки економски времиња обезбеди континуирано покачување на платите и пензиите, обебзедивме повеќе од милијарда евра за директна финансиска поддршка на компаниите и граѓаните во кризите и буџет за сите капитални инвестиции. Ако ВМРО-ДПМНЕ не е способна да раководи со буџетот сега кога кризите се зад нас и имаат чиста економска ситуација, тогаш тоа укажува само на голема неспособност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Брука и срамота, компанија која веќе работи 16 години во Македонија за Мицкоски е нова инвестиција

,,Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните.Наводно новата инвестиција на Мицкоски е компанија која 16 години веќе работи во Македонија.Станува збор за барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата. За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка.ВМРО-ДПМНЕ изгледа смешно и наивно со своите промоции. Во отсуство на реална и сериозна дипломатска агенда на Самитот на НАТО, Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции. И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на платите не е приоритет

,,ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста дека буџетот бил во катастрофална состојба како да поминало цунами и затоа ќе немало за покачување на минималната плата. СДСМ за седум години минималната плата ја покачи од 8.000 на 22.000 денари во услови на светска економкса апокалипса. Тогаш беше вистински тешко и беше потребна магија за да се реализираат ветувањата, но на СДСМ работниците му беа важни.ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за работниците и покачувањето на платите. Една од најдобрите и широко прифатени политики на СДСМ очигледно не е во интерес на Мицкоски, иако ветуваше пред изборите дека ќе се покачува минималната плата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат онаму каде што застанаа, а тоа е поддршка на крупниот капитал на сметка на работниците.СДСМ во својата програма вети дека до 2025 минималната плата ќе биде 500 евра и за тоа имавме јасен буџетски план што Мицкоски воопшто го немал кога ветуваше брда и долини.Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ, кој решил милијардата од Будимпешта да ја троши на непродуктивни инвестиции кои ќе значат одлив на пари, да се посвети на стандардот на работниците кои седум години СДСМ го штитеше во најтешките времиња за нив.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција, доста се китите со туѓи перја

,,Тажно е да се гледа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаат да покажат резултат и не бираат средства за да ги насамарат граѓаните. Но, потценување на интелигенцијата е дека само за два дена Мицкоски поканил, привлекол и договорил било кој нов инвеститор. Ова веројатно го можат само Мицкоски и Чак Норис.Таков последен пример е инвестицијата на компанијата EPSOTECH, која Мицкоски ја објави како свое големо достигнување. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи инвестициите донесени од СДСМ да се реализираат, бидејќи тоа е добро за државата и граѓаните. Но, сметаме дека е политички простотилук да се тврди дека Владата на СДСМ ништо не работела, а во исто време Мицкоски да не признае дека се фали со наши проекти.Јавноста треба да знае дека во моментов има шест нови инвестции кои се со завршени договори и спремни за работа. Единствена причина заради која не ги објави СДСМ е да не го наруши изборниот процес. За овие инвестиции се завршени сите процедури и го чекаат последниот филтер во Комисија за заштита на конкурентноста.Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ наместо да продава магла и пропагнада, да се фати за работа и да реализира барем нешто свое. Срамно и смешно е два дена по преземањето на власта да промовира инвестиции како свои во услови кога уште немаат ни седнато на фотељите.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче му замерува на Мицкоски што отишол во Вашингтон: СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот

“Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО. Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било”, вели Венко Филипче, лидер на СДСМ и додава:Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните - никогаш Северна само Македонија? Мицкоски да не заборава дека тоа што денес е на најважниот политички настан во светот, а не во некој од месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ, кој тој ги бојкотираше.Не е далеку денот кога и целосно ќе се накити со перјата во надворешната политика, исто како што тоа го прави со инвестициите кои помпезно ги најавува а се плод на работата на СДСМ.Јавноста знае дека СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот. СДСМ е партијата која ги реализира визијата и стратегијата на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опортунистичка партија која ќе кочи се што е во интерес на граѓаните заради тесно политички интерес.

Македонија | пред 1 година

IMG_3908

ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер, вели Кузеска

„Изминаа шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР а Панче Тошковски е министер“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:За овие шест месеци, Македонија се претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува нерасчистено.Неефикасноста на МВР раководено од Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ стимулираат уште повеќе криминал, ја влошуваат безбедноста и ги охрабрува пиштолџиите кои слободно се шетаат низ државата.Последното убиство во Тетово е само еден од низата на нерасчистени случаи заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ кои кога и да се на власт, во државата царуваат уличните банди.Само за потсетување, ни помалку ни повеќе, туку точно 4 убиства и 3 обиди за убиства се нерасчистени во последните шест месеци или во просек едно месечно.За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката. Овој случај датира уште од март.Понатаму, нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Таму со прострелни рани од автоматско оружје пронајдено тело на 56 годишник.Одиме понатаму, нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило, а повредени беа возачот на градоначалникот и еден вработен во општината.Следно, МВР беше неспособно да открие и што се случило во Тетово во април годинава кога имаше пукање врз куќа на семејството Терзија во Тетово и обид за убиство.И конечно, нема разрешница ниту за нападот на Бит пазар порано овој месец кога 25 годишник бил физички нападнат и имало обид за убиство.Прашуваме, што работи МВР? Дали МВР воопшто е тука да го спречува или стимулира криминалот? Неказнивоста и неефикасноста на надлежните истражни органи само ги охрабрува насилниците и криминалците, а бројот на ваквите немили настани само ќе расте.ВМРО-ДПМНЕ е партија која против криминалот се бори само во сон, а во пракса е безопасна за криминалците и насилниците.Бараме итно да се расчистат случаевите, граѓаните се чуствуваат небезбедно и исплашено.ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност директно ја загрозува безбедноста на граѓаните и државата.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка - ортаци се во криминалот и корупцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во Македонија, Ковид кризата, бркаа провизии за набавка на вакцините“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Додека илјадници граѓани починаа поради доцнењето на вакцините и Македонија бележеше највисоки стапки на смртност во време на Ковид кризата, Венко Филипче како министер за здравство во владата на Заев договараше вакцини со фирмата Стабри од Хонг Конг по 100% повисока цена од тоа што го плаќаа останатите земји, односно другите влади плаќаа по 30 долари, а Филипче и Заев договараа 62 долари. За 200 илјади вакцини тоа се 6 милиони евра повеќе пари.Тоа е методот на работа на Венко Филипче, ортакот во бизнисите и матните зделки на Зоран Заев. Тие се лицето и опачината на истата паричка. Сега Филипче седнува на фотелјата во СДСМ мислејќи дека така ќе се заштити од одговорноста од коруптивните зделки за кои постои сериозен сомнеж дека ги направил како министер во владата на Заев. И тој и Заев мислат дека СДСМ ќе ја користат како заложник за да се спасат од евентуални постапки. Но треба да знаат дека таа математика нема да им помине, односно секој кој се огрешил и ќе одговара.

Македонија | пред 1 година

IMG_4886

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри

,,Ако се анализираат кадровските решенија кои во прва фаза ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри.Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа гледаме партизација пред квалификација. Многу малку може да се забележат некои свежи кадри или некомпромитирани професионалци.Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар никогаш не работел во здравството.Како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна и многу важна институција?Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ.Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство.Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена.ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014.Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво.Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот не е промена. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.”, изјави Богданка Кузеска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Враќањето на Коце Трајановски и 600 милиони евра во неговите раце е најава за огромна корупцијата

,,По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година.Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски.ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие.Ова не е промена туку правец назад. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4865

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Македонија | пред 1 година

petrovska-krupen

Петровска распали: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

„Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020та година наваму“, вели Славјанка Петровска и додава:Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистирале. Денес, 11.000 членови одбија да гласаат затоа што се спротиставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес.Денес 11.000 демонстираа свој став. И тоа е повеќе од 9.000. А легитимитет не се добива со 9.000 гласа.Но, најважното СДСМ е многу повеќе од 12.000 или 23.000, СДСМ се сите кои не се регистрираа и со тоа демонстрираа отпор.Ова сценарио е погубно за СДСМ, за вистинската СДСМ и затоа не е доцна нешто добро да се направи. Јас ќе се борам за доброто на СДСМ.На Македонија и треба силен, кредибилен и чист СДСМ и затоа повикувам формирање на привремено раководство, без багаж и кое ќе има јасен мандат и капацитет да ја обедини партијата, и да ја подготви за следните и внатрепартиски и локални избори. Ова е единственото сценарио за заздравување на СДСМ.Свесна сум дека оваа моја искреност некого ќе го повреди, но подобро некој да е повреден од мојата искреност, отколку партијата да се сведе на 50.000 гласови следната година.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче нов претседател на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во Владата на Зоран Заев, го презеде раководењето во СДСМ.Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во заминување, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг.

Македонија | пред 1 година

filipce-515134

Извесно дека Филипче ќе е новиот претседател на СДСМ

Во СДСМ се гласа за избор на нов претседател, по оставката дадена од Димитар Ковачевски. Веќе извесно е дека победник ќе биде Венко Филипче, кандидат кој важи за близок експретседателот Зоран Заев и актуелен пратеник. Тој беше носител на струмичко-прилепската изборна единица 4, каде што партијата имаше слаби резултати исто како и низ цела држава.Победата на Филипче е очекувана дури и во внатрепартиските кругови во СДСМ. Се шпекулира дека токму тоа е причината поради која ексминистерката Славјанка Петровска се повлекла од трката. Извори од СДСМ брифираат дека ексдиректорот на ТИРЗ Јован Дсепотовски и ексзаменик-министерот во МИОА, Александар Бајдевски немаат свое гласачко тело и не уживаат висока доверба кај членството.Петровска, пак, веќе обвини дека се злоупотребувале лични податоци на илјадници членови на СДСМ, без да прецизира на кој начин и од кого, како и дали поседува докази.„На седницата на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска“, рече Петровска.Пратеничката во поткастот „Претрес со Ландов“ веќе посочи и дека другите учесници во трката за трнот во СДСМ, имаат поголема одговорност од неа за изборниот резултат.Петровска најави и нејзино можно повлекување од политика.Гласањето се спроведува во 77 избирачки места низ државата, а на списокот се акредитирани 23 373 членови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска со писмо до СДСМ: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател, не сакам да сум соучесник во погазување на статутот

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска испрати официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ.Во писмото Петровска ја известува ЦИК на СДСМ дека ја повелекува кандидатурата за претседател.„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазуванье на статутот ве известувам дека ja повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда“ пишува Петровска.Таа во писмото наведува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, сепак Петровска не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.„Имајќи ги предвид основните политички начела поставени во Статутот на Социјалдемократскиот соуз на Македонија кои jа потврдуваат нашата заложба како социјалдемократи за целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, како и нашата заедничка заложба за одржување на фер, чесни и достоинствени избори за претседател на СДСМ, каде сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со преставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со коа треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите“ се наведува во писмото на Петровска.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Slika_03

Петровска бара одложување на изборите за претседател на СДСМ, целиот процес бил нефер

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска на прес-конференција ги повика другите кандидати кои се претенденти за претседател на партијата во недела да се откажат изборите за избор на нов лидер на партијата.Предлогит на Петровска е да се избере привремено партиско раководство кое ќе закаже нови внатрепартиски избори кога ќе се создадат услови за тоа.Вели дека процесот за избор на претседател бил нефер. Таа наброја неколку причини зошто изборите не треба да се одржат.Како главна причина таа смета дека регистрацијата на членовите не се вршела лично од самите членови, како и дека од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Демек овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале? Не бе другари, не нудат ништо различно, коментира Исмаил од Левица

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил смета дека борбата за лидер во СДСМ е сведена на исти ликови, кои и додека оваа партија била на власт, извршувале високи функции. Според него, невозможно е реформирање на оваа партија од овие кандидати за претседател.„Гледам во борбава за лидер на СДС уклучени се истите ликови кои, додека оваа партија беше на власт, извршуваа највисоки функции во извршната власт. Истите оние кои ги креираа и спроведуваа, и жестоко ги бранеа истите политики за кои беа и казнети на последниве избори. И сега, како ништо да не се случило, демек од овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале?!Не бе другари, личност се бира за извршна власт (извршување на идеја) за партија се бира идеја околу која се окупира народ, а не лик околу кој се збирате. А сите овие кандидати за лидер на СДС не нудат ништо различно од она што впрочем и беше причина за се што им се деси на последните избори.Имено, од ниту еден кандидат нема:- Напуштање на ЕУ фундаментализмот;- Напуштање на НАТО како воена организација која цица за оружје од таму каде треба да има за путер;- Против предавничкиот Преспански договор кој го направија претходните лидери на оваа партија;- Против бугаризацијата која не е ништо друго освен нео-фашистичка наезда над македонскиот народ;- Против политичкиот систем кој целосно го сроза АСНОМскиот карактер на Македонија и од земја со антифашистички вредности ја претвори во бинационална трибалистичка анационална збирштина;- Даночен систем кој ќе прави реалокација на богатсвото од богатите кон сиромашните;- Економија која нема да се крсти на олтарот на странските инвестиции туку ќе се залага за силна улога на државата во економската активност;- Забрана за приватна дејност во виталните сектори како Здравство, Образование, Енергетика;- Отпочнување на процес за преиспитување на криминалите од транзицијата;- Политики за враќање на длабоко нарушената секуларизација на државата;Со еден збор, враќање на СДСМ на корените на вистинската социјал-демократија, а не продолжување на нео-либтардската сага на партијата како извршител на туѓи странски интереси кои се на огромна штета на својот народ.Затоа, јас искрено се надевам дека поштениот народ по тија штабови и листинзи на СДС ќе ги увиди овие работи и ќе се погрижи да има избор на идеја околу која ќе се воспостават темелите и целите на делување на партијата, а не да бираат лик кој најелоквентно ќе ги перпетуира старите погубни стојалишта на оваа партија. Доколку не успеат да си ја спасат партијата од овие елитистички петоколонашки либтардски дувла, портите на Левица секогаш ќе бидат широко отворени за нив, заедно да ја вратиме Македонија како што ја личи: УНИТАРНА, НЕЗАВИСНА, АСНОМСКА, АНТИ-ФАШИСТИЧКА, СЕКУЛАРНА - СОЦИЈАЛИСТИЧКА!“, напиша Исмаил.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања