Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

media-libraryd31u2bmn6vvq6PoxYYh

Николова до Јаневска: Системот за унапредување на наставниците е административен лавиринт за партиски подобните

Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната седница за пратенички прашања го постави прашањето до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за процесот на стекнување на звањата наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование, оценувајќи го како административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација и системско понижување на македонскиот наставник.Николова во своето излагање објасни дека Министерството за образование на 30 јуни 2025 година донело правилник за следење и вреднување на работата на наставниците, врз основа на кој во летото 2025 година беше објавен јавен повик за аплицирање. Наставниците почнале да ги подготвуваат своите досиеја и сертификати, но на 26 декември 2025 година правилникот бил изменет, со што рокот за комисиите бил дуплиран од 30 на 60 дена, а наставниците можеле да бидат оценувани и во други училишта.Пратеничката критикуваше што во комисиите се вклучуваат и претставници на локалните самоуправи и синдикати, кои, според неа, не можат професионално да ги оценуваат наставниците, а дел од синдикалните претставници дури се откажале поради притисоци. Николова истакна и примери на апсурди, како што се неприфаќањето на сертификати од обуки и меѓународни натпревари што наставниците ги добиле, и дискриминаторско оценување на наставниците, со тоа што дел од нив можеле да ги видат бодовите на сајтот, а други не.Таа го праша министерката дали ќе изврши ревизија на целиот процес на оценување, за сите наставници да имаат еднакви права и навистина да биде ценет нивниот труд.Ова прашање ја отвори дебатата за транспарентноста и професионалноста во системот за напредување на наставниците во земјата.

Македонија | пред 4 дена

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешното однесување на СДС, посочувајќи дека нивниот претседател, Венко Филипче, ја напуштил седницата на која се поставуваа пратенички прашања, додека партијата објавувала соопштенија со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „клеветнички содржини“ за тоа што се зборувало на седницата и за изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес покажаа дека се кукавици – Филипче бега од седница, а од партијата објавуваат соопштенија“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата истакнува дека СДС има тенденција да напаѓа сè што се прави за граѓаните, а во однос на правосудството, порачуваат дека наредбите од минатото не ја одредуваат сегашната работа на институциите. „Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, кога станува збор за оваа трета самостојна власт, сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите. Ако вие контролиравте сѐ, немојте да мислите дека и другите се како вас“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Денешниот настан, според партијата, само ја покажал „кукавичлукот“ на СДС.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryt5slp5sar911decs7Vm

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики кон министерот за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа истакна дека нејзините три прашања се однесуваат на нетранспарентност во работењето на министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и односот кон вработените и клучните културни политики.Костадиновска-Стојчевска посочи дека, и покрај присуството на Љутков на седницата, одговорите на нејзините прашања беа добиени дури по повеќе од десет месеци, а во нив се наведува дека министерството во тој период немало именувано државен секретар. Таа ја критикуваше и управата за културно наследство за доцнење во издавање дозволи и ја истакна нетранспарентноста при објавување резултати од националните програми и конкурси.Пратеничката упати конкретни прашања до министерот: како ќе се заштити културното наследство, конкретно Курбиново; што е направено со клучните закони и стратегии во културата во изминатите две години; и дали вработените во култура ќе ја добијат мартовската плата согласно закон и колективен договор.Костадиновска-Стојчевска нагласи дека, и покрај нејзините напори, многу национални институции морале самостојно да ги објавуваат резултатите од програмите, бидејќи Министерството за култура не ги спроведува законските обврски.Оваа реакција следува во контекст на долготрајни критики за недоволна транспарентност и непочитување на роковите од страна на министерството.

Македонија | пред 4 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница

Според СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од собраниската говорница му делел задачи на новиот јавен обвинител – како да постапува, кого да гони и кои предмети да ги отвора. Партијата тврди дека ова е „погребување на правдата“ и воспоставување тотална контрола на власта врз обвинителството и судството.„Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има колку сака – и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО“, се вели во соопштението од СДСМ.Партијата го поврзува денешниот настан со претходни случаи, како Дубаи, нападите на СЈО, како и со пуштањето од затвор на Боки 13 и Катица Јанева, предупредувајќи дека се подготвува „нова кампања за замолчување на опозицијата преку медиумите под контрола на Орбан“.СДСМ исто така обвинува дека крајната цел е „укинување на пресудите на Никола Груевски и подготовка за негово враќање во Македонија“. Партијата заклучува дека народот повеќе не може да биде измамен од лагите на Мицкоски и ВМРО.

Македонија | пред 4 дена

media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Во текот на вчерашниот ден објавивме дека во рудникот во РЕК Битола се случило масовно труење на вработени, предизвикано од дневниот оброк, велат од СДСМ Битола.„Наместо извинување и преземање одговорност, од РЕК Битола излегоа со соопштение дека станува збор за изолирани 5–6 случаи – тврдење кое е далеку од вистината.Денес излегуваме со нови информации и поставуваме конкретни прашања до раководството:Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?Дали кујната во РЕК Битола од вчера е затворена?Ако навистина немало труење, зошто тогаш кујната е затворена?Дали вработените денес ќе останат без оброк?И дали во иднина ќе треба сами да си носат храна од дома?Овие одговори им ги должите на вработените во рудникот и на нивните семејства. Тишината не е решение. Одговорноста е“, велат од СДСМ Битола.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Зоран Трифуновски е нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски вечерва на седница на ЦО е избран за нов организациски секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Тој доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој беше кандидат на опозициската партија за градоначалник на Куманово, но не успеа да се пласира во вториот круг на локалните избори.Трифуновски ќе биде втор организациски секретар на СДСМ заедно со Љупчо Фармаковски. На партискиот конгрес за генерaлен секретар е реизбран Саша Димитријевиќ.

Македонија | пред 5 дена

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија

„Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада? Не ставија во скут на Орбан, на таа земја , на тие луѓе, директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Топ Тема на Телма.„Видовме во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сјарто, бил тој којшто ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин“, рече Филипче.Филипче посочи дека се повеќе излегува на виделина дека премиерот Мицкоски е прокси руски играч во регионот и во Македонија.Toj посочи на економските и инфраструктурните последици од ваквите политики.„Која е  причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада? Понатаму, како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8, со што земјава изгуби 140 милиони евра грантови од Европската унија. Која е причината за доаѓање на унгарскиот телеком ‘Фор Ај Џи’ тука кај нас, кој го води човек близок до премиерот Орбан? И што е причината приоритетите на министерството за енергетика за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да ги добијат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан? Значи, не станува тука збор за традиционална близина меѓу двете земји.“, појасни претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека целосното блокирање на европскиот пат има сериозни причини:„Како го тогаш објаснуваме целосното блокирање на европскиот пат и зошто тоа се прави? Затоа што јасно, Унгарија ги поткопува сите механизми на делување на стратегиите на Европската унија. Тие сеуште ги блокираат 90 милијарди помош за Украина, што е еден од приоритетите на Европската унија.“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-library3ejbir0j0eltdYcu37F

Филипче: Храната поскапува, нов ценовен шок по џебот на граѓаните

Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната,  не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки за да не дојде до сегашното енормно зголемување на цените на горивата и нафтените деривати и на храната, што  е сериозен удар за граѓаните.„Не поскапе само литар гориво безоловен и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти. Видете што се случува во маркетите, основните прехранбени производи, месни, млечни, овошје, зеленчук, зејтин, јајца се е поскапено. Овие мерки кои што ги донесе Владата, односно една единствена мерка практично не е доволна за да има некое ограничување на растот на цените и граѓаните не ја чувствуваат. Дополнително, поскапената храна и да се намали цената горивата веќе нема да се врати назад“, рече Филипче.Тој додаде дека Македонија е единствената земја во регионот во која со владина мерка наместо намалување на цените, има зголемување на цената на горивата.„Изминатите три дена цената на нафтата паѓа, а кај нас се уште е висока. Сметам дека сме единствена земја во регионот која што со некаква мерка што ќе се донесе придонесува и прави цената на литар гориво да порасне. Тоа се случи откако се најави предлог мерката на премиерот со ДДВ-то за неколку денари, скокна цената на дизелот“, рече Филипче.Во интервјуото Филипче посочи дека несоодветни се споредбите што ги прави премиерот Мицкоски со држави како Словенија и Хрватска кои имаат далеку повисок стандард од Македонија.„Сиромаштијата е огромна,  нема никаков раст на платите изминатите две години. Ја слушаме од премиерот реториката, ние имаме најевтина гориво во регионот ги споредуваме цените, ние имаме слично цена нешто поевтино од Словенија од Хрватска, ама таму минималната плата е 1.500 евра, неразумна споредба со земји кои што имаат повеќекратно поголем стандард од македонскиот животен стандард“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Единствен што коленичеше е Мицкоски кога молеше за власт и лажеше дека ќе го врати името

Единствен што коленичи беше Христијан Мицкоски, кога молеше за власт и ветуваше враќање на името, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче посочи дека тој е дел од лажна реторика на Мицкоски додека свесно ја изолира државата од Европската Унија.„Целосно сме изолирани, слепо црево. Ќе се сменат приоритетите во Европска Унија веќе нема да биде така широко отворена вратата, какви кој знае услови ќе дојдат доколку Албанија стане земја членка пред нас. И што ќе правиме ние? Што оваа влада ќе прави, кој ќе понесе одговорност?“, рече Филипче.Тој додаде дека ВМРО како влада и после две години покажа дека нема ниту план ниту визија за напредокот на државата и обезбедување подобра иднина за граѓаните. „Политиката се сведува на тоа дека оваа влада нема апсолутно никаков план, ниту  визија, ниту пак нешто прави добро за граѓаните и за државата во изминатите две години. Пола мандат е поминат граѓаните не видоа никаков бенефит нема ниту еден голем значаен проект, освен тие што се завршуваат, почнати во времето на владите на СДСМ“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО

Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта.„Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека актуелните иницијативи кои излегуваат во јавноста засега немаат сериозна основа и не нудат конкретни аргументи.„Тие иницијативи засега се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во коишто никој не кажува кои се проблемите, кои се причините, затоа што мене ме повикуваат да бидам сменет и ме повикуваат на одговорност. Јас сум спремен да дебатирам на секоја тема, меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Еве видовме како се отцепи една група и отиде во движење ЗНАМ, којшто најавуваа дека ќе бидат коректор на власта, најавуваа дека некако поинаку ќе се однесуваат од СДСМ и што се случи - едно мало движење, подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. И само неколку луѓе имаат финансиски ќар од таа приказна“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydtrjhlms2ihu2jUtShJ

Филипче: Денеска пред ЦО ја презентирам новата Платформа на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека предлог-програмата што ја презентира на вечерашниот Централен одбор на партијата доаѓа ги содржи идните политики и мерки на СДСМ за граѓаните.„Основата за оваа предлог-програма доаѓа од стручните комисии на партијата и процесот на финализација на програмата ќе заврши на 7 јуни со програмски Конгрес, на којшто програмата треба да се усвои. Притоа, пред Конгресот, односно на 6 јуни, ќе се одржи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот, на којшто ќе потпишеме заедничка декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими“, рече Филипче.Притоа, Филипче додаде дека Конгресот ќе биде посветен единствено на новата програма бидејќи станува збор за предизвици со коишто се соочуваат сите наши сестрински социјалдемократски партии од регионот.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryp364elttt356fnwRykB

Ристески: Општина Аеродром незаконски ги скрати за 50% надоместоците за избирачките одбори

Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори.Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик.„Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник на ДИК и се движи од минимум 12.000 денари за член и заменик на избирачки одбори кои имаат до 300 гласачи, се до 22.000 дена за претседателот на избирачките одбори кои имаат над 901 гласач. Советот на Општина Аеродром нема право произволно да го менува овој износ“ – изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром, Милутин Ристески.„Друго прашање е дали и со колкав удел треба да учествува Град Скопје во сумата. Тоа е проблем што треба да си го решат Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски, но не на штета на овие луѓе кои ја имаа најодговорната задача на изборниот ден. Оттука оваа одлука е една најобична кражба буквално на половина од чесно заработените пари на овие 930 луѓе“ – нагласи Ристески.„Во Изборниот законик јасно е наведено дека избирачките одбори ги формира Општинската изборна комисија и тоа е она што градоначалникот одбива да го види, а средствата за овие луѓе во целост треба да ги исплати Општина Аеродром“ – додаде членот на Советот на Општина Аеродром, Марко Данилоски.„Предлагам Општина Аеродром да ги исплати сега средствата во целост и потоа таа да ги чека средствата од Град Скопје, ако некогаш воопшто Градот ги префрли овие средства. А не членовите на избирачките одбори да чекаат, тие доволно чекаа и до сега. Не е во ред чесно заработените пари да им им се исплатат преполовени или на рати“ – предложи членот на Советот на Општина Аеродром, Марјан Јовановски.Предлогот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром да се донесе одлука со која ќе се овозможи исплата на целиот износ на надоместоците за избирачките одбори беше одбиен од страна на градоначалникот Дејан Митески и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека Град Скопје на сметката на општината се уште ги нема уплатено останатите 50% од потребните средства.

Скопје | пред 5 дена

market-ovosje

СДСМ: Цените на храната растат, платите не мрдаат – се покажа дека Мицкоски нема капацитет

СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо, велат од опозициската СДСМ.„Се потврди. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар.Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата, или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.Последиците веќе се видливи и во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото веќе е покачено.Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат. Сега ниту 600 евра плата нема да им биде доволна на граѓаните да го преживеат месецот.Наместо дефокус, Владата на Мицкоски треба да ја намали ароганцијата и да ги прифати мерките на СДСМ.Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата на македонските граѓани, не носи пари во семејните буџети.Намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи, преполовување на патарините.Законите се поднесени, мерките се издржани и реални – применете ги.Не поради СДСМ, туку поради граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

СДСМ денеска повика Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рокот предвиден со закон за избор на вицегувернери.„Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, наведуваат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, а непостапувањето директно ја блокира законската постапка и го спречува Собранието да ја изврши својата надлежност.СДСМ потсетува дека мандатите на вицегувернерите истекле уште во октомври 2025 година, а рокот за избор истекол во декември 2025 година, додека истите продолжуваат да учествуваат во донесување одлуки. „Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав, а одлуките донесени во такви услови може да бидат правно оспорени“, велат од партијата.СДСМ бара ОЈО да утврди дали гувернерот ја прекршил законската обврска, дали се овозможило незаконско продолжување на мандатите и дали одлуките на органите на Народната банка биле донесувани во незаконит состав. „Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата. Сите ќе одговарате!“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

СДСМ: Цените на дизелот се покачија, растат и цените во маркетите – мерката на Мицкоски без ефект

Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар, велат од опозициската СДСМ.„Ете толку од „мерката“ на Мицкоски.Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант.Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната.Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапено, граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат на својот џеб.СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува, а сиромаштијата ќе расте.Затоа Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%.Неопходно е итно да се применат овие суштински решенија, кои навистина ќе им помогнат на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryb2n4pemckiuu68OknPN

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде се осврна на однесувањето на опозициската СДС, која според него се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност.Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник“, вели Милошоски.Тој посочи дека според него раководството на СДС се чуствува несигурно поради, како што вели тој, некои можни истраги, предистраги или предмети од страна на надлежните државни органи.СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон било кој поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ“, истакна Милошоски.Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина. Како што посочува Милошоски, некој друг го има далечинското во рацете.Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 седмица

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари!

Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари, велат од СДСМ.„Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар.За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар.Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект, граѓаните плаќаат поскапо гориво, но најлошото е со ова поскапување ќе продолжи растот на цените на храната.Спиралата е активирана, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, следуваат и други покачувања.Срамота е Мицкоски да не презема мерки за намалување на цените а во исто време да се занимава со дефокус и да се однесува како уредник на жолт печат.Луѓето чекаат мерки за намалување на цените а тој наместо за кризата пласира лажни вести и афери, како што е справувањето со Ковид пандемијата и вакцините.Тоа што Мицкоски и ВМРО имаат историски пад на поддршката не значи дека треба да ја злоупотребува и срами функцијата на која се наоѓа, бидејќи со тоа ја срами и Македонија и нејзините граѓани.Секако Мицкоски го покажува своето вистинско лице, нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

СДСМ: ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата

„Граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра“ вели ВМРО. Прво, насловот покажува дека се неписмени.  Правилната формулација е: „милион и петстотини илјади евра“, велат од опозициската СДСМ.„Сите граѓани треба да купат нови паричници – во старите овие суми не ги собираат.Поголем фрижидер, а може и нов автомобил, сега кога се воведени мерки за „намалување“ на цените со покачување од 4-6 денари или над 25 денари.Во ВМРО велат дека се штедат 1,5 милиони неделно. Навистина сме четврта економија во светот. Навистина сè цвета.Не кажуваат каде се оние 4,5 милиони неделно од последните 3 недели.Кај нив сè е фарса.Граѓани, отворете ги вашите паричници и пронајдете ги тие 1,5 милиони евра што ВМРО ви ги „обезбедило“.Како што Мицкоски клечеше молејќи за власт, лажејќи дека ќе го смени името, сега не клечи, но исто така лаже.Додека е оваа тендер коалиција ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, регионална сила во нарко шверцот, нема подобар живот за Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

market-3

СДСМ: Спиралата на поскапувања е активирана, без намалување на ДДВ на храната цените ќе продолжат да растат

Ценовната спирала веќе е активирана. Зголемувањето на цените на горивата директно ги повлече нагоре и цените на основните прехранбени производи, а граѓаните секојдневно го чувствуваат тоа на својот семеен буџет, велат од СДСМ.„Веќе маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот надминуваат 100 денари за килограм. Ова е само почеток – еднаш зголемените цени, повеќе не се враќаат назад.Владата на Мицкоски три недели не презеде ништо, дозволи горивата да поскапат за 21 денар и со тоа директно ја активираше оваа спирала на поскапувања. А денеска се очекува и ново поскапување на горивата за 4-6 денари.Половичната мерка на владата на Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата е задоцнета нема да донесе реално олеснување за граѓаните.Најзагрижувачко е што Владата нема никаква мерка за намалување на цените на храната. Без укинување или значително намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, цените ќе продолжат да растат, а животниот стандард ќе продолжи да паѓа.Наместо суштински решенија, Владата свесно избегнува мерки кои навистина ќе помогнат – како 0% ДДВ за храната и намалување на акцизите. Со тоа директно се остава простор за дополнителни профити на одредени бизнис структури на ВМРО, додека граѓаните плаќаат сè повеќе.СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува. Затоа, Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки за укинување на ДДВ на храната и да преземе конкретни чекори за заштита на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykvtaau59d41o6bwKz9A

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% - горивата повторно ќе поскапат и  граѓаните нема да почувствуваат ништо, велат од опозициската СДСМ.„Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат.Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм.Очигледно владата на Мицкоски избегнува суштински решенија за намалување на цените затоа што ги штити бизнис интресите на ВМРО кои профитираат од високите цени.Реалноста е дека цените растат, платите не се зголемуваат, а Владата на Мицкоски нема план ниту пак сака нешто да преземе.Тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата, празни фрижидери и намалување на стандардот на граѓаните.СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки кои вистински ќе донесат до намалување на цените и ќе им помогнат на граѓаните: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Додека граѓаните плаќаат поскапо, владата ги штити бизнис интересите

Единствено нешто за што оваа влада се грижи се бизнис структурите блиски до власта кои што профитираат од овие високи цени на горивата и на храната, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференцијата. Филипче укажа дека веќе е активирана спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната, а досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра.И додека граѓаните плаќаат се поскапа храна и гориво некој остварува екстра профити. Ова не економска политика, ова е заштита на бизнис интересите на одредени компании на сметка на народот и тоа денес веќе на сите им е јасно“, рече Филипче.Тој порача дека сега е најважно да им се помогне на граѓаните, да се заштити животниот стандард а не бизнис интересите,  и да се преземат суштински мерки.Во овој момент треба да се заштити животниот стандард на граѓаните а не интересите на тие бизнис структури. Со ваков пристап оваа криза само ќе продолжи да го урнисува стандардот на граѓаните. Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата.Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата“, рече Филипче.Притоа Филипче потсети дека во најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, владата на СДСМ со конкретни мерки им помогна на сите граѓани и компании и покажа дека може, кога државата се грижи за стандардот на граѓаните да испорача мерки, да им помогне, но треба да се грижи за граѓаните а не за интересите на бизнис заедницата.Во ковид кризата владата на СДСМ имаше над 110 мерки донесени во пикот на кризата поделени во шест пакети со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра со кои директно се ублажија последиците од кризата. Во енергетската криза во 2022 година обезбедивме пакет на мерки вредни 760 милиони евра. Не само субвенционирање на цената на струјата на над 600.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, туку и конкретна поддршка на ранливи категории на граѓани, за ученици за студенти, за пензионери, за граѓани корисници на социјалната помош, за граѓани со посебни потреби, за самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци како и поддршка на компаниите“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Што следи Владата, како тоне стандардот на народот?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека Владата на премиерот Мицкоски единствено што следи е како тоне стандардот на граѓаните, без притоа да се преземат реални мерки за намалување на цените на горивата и на храната. Филипче посочи дека власта не презема суштински мерки за справување со растот на цените во услови кога граѓаните ќе немаат пари да се прехранат.„Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот? Очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалувањето на ДДВ-то на храната“, рече Филипче.Тој додаде дека во оваа кризна состојба единствено со мерките што ги предложи СДСМ ќе се заштити животниот стандард, а  граѓаните реално ќе почуствуваат намалување на цените на горивата и на храната.„Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерките ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории. Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на  храната“, рече Филипче.Воедно, Филипче посочи дека се потребни и долгорочни решенија за стабилизирање на цените и конкретна поддршка за  најранливите категории и за земјоделците.„Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата. Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата. Дополнително  треба да се подготват пакети со помош за најранливите категории на граѓани,  како и пакети за помош и на земјоделците“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче до Мицкоски: Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името

Денеска по пресот на премиерот Мицкоски на кој најави мерки за ублажување на последиците од ценовниот скок на горивата и ја обзнани владината одлука за намалување на ДДВ-то за горивата, набрзо на прес конференција излезе и лидерот на СДСМ.Венко Филипче рече дека мерките на Владата се фрлање магла и замајување на граѓаните.„Од мерката утре нема ништо да видиме. Ќе има нова пресметка на цената.Други земји забранија точење гориво на странци на пограничните пумпи. Сега пари од Буџетот одат за граѓаните од соседните земји. Ова не се економски политики. Премиерот не треба да ги повикува граѓаните од странство да доаѓаат да точат гориво во Македонија”, рече Филипче.Мицкоски на прес конференција обвини дека претходната Влада молела на колена за донација од вакцини во ковид-кризата.Филипче му порача дека тогаш цел свет имал проблем.,,Христијане, ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името”, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ застанува на страната на криминалот, наместо на правдата

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението на СДСМ обвини дека опозициската партија, наместо да се бори против криминалот и корупцијата, „ги толерира, прикрива и штити“.Во партиското соопштение се наведува дека присуството на лица со судски пресуди во, како што тврдат, највисоките партиски структури на СДСМ отвора сериозни прашања за нивните вредности и критериуми.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, наместо јасно дистанцирање, СДСМ молчи за случаи поврзани со поранешни функционери, наведувајќи имиња како Артан Груби, Филип Андов – Сокол, Бисера Костадиновска Стојчевска и поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски.„СДС молчи и го игнорира криминалот и корупцијата, особено кога станува збор за поранешни свои функционери, што дополнително ја поткопува довербата на јавноста“, се наведува во реакцијата.Партијата обвинува дека во изминатиот период јавноста била сведок на бројни афери поврзани со лица од СДСМ, но наместо расчистување, според нив, следувало молчење или релативизирање.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ критикуваат и, како што велат, „селективниот пристап кон правдата“, барајќи од СДСМ јасно да се дистанцира од сите сомнежи и да поддржи независни и транспарентни истраги.„Доколку СДС навистина се залага за владеење на правото, треба јасно да се огради од сомнежите за криминал и да поддржи темелно расчистување на сите случаи“, се додава во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека, во спротивно, секое молчење ќе се толкува како застанување на страната на криминалот, наместо на граѓаните и законот.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања