Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски со прашања до СДСМ за наводна улога на Башановиќ во енергетски и политички зделки

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати низа прашања до СДСМ, поврзани со наводната улога на Зоран Башановиќ во политички и економски процеси во изминатиот период.Манасиевски праша дали Башановиќ, за кого тврди дека е поврзан со ПР тимот на СДСМ, имал посредничка улога во, како што наведе, „матни бизнис зделки“ во енергетиката, како и во процесите поврзани со промената на името на државата.„СДС да одговори дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа“, изјави Манасиевски.Тој дополнително изнесе тврдења дека Башановиќ, кој според него бил советник во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, имал улога во поврзување на македонското и грчкото раководство во периодот на договорите меѓу двете држави.Во изјавата се поставуваат и прашања за евентуални зделки во енергетскиот сектор, вклучително и за договори поврзани со компании и концесии за ископ на јаглен, како и за наводни финансиски односи.Манасиевски побара од СДСМ да даде јасни одговори на изнесените тврдења, оценувајќи дека јавноста има право да знае дали постоела каква било поврзаност и одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не одговори за наводната соработка со Шчекиќ и Башановиќ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ три дена не одговара на прашањата поврзани со наводна соработка со Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ, оценувајќи дека молкот отвора сомнежи за нивна вклученост.Од партијата велат дека СДСМ не демантира дали зад, како што тврдат, „соопштенија со невистини“ стојат овие две лица, ниту дали постои координација во креирањето на партиските ставови.Во соопштението се поставуваат и дополнителни прашања – дали, како што наведуваат, од скопски хотел се води „центар за манипулации“, како и дали имало средба во Ниш меѓу претставници на СДСМ и Шчекиќ, наводно по препорака на поранешниот лидер Зоран Заев.„СДС три дена молчи и не одговара на клучните прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста има право да знае дали постои ваква комуникација и координација.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

„Граница, мито, шеми“: СДСМ со сериозни обвинувања за организиран криминал во земјоделството

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвинува за нов корупциски скандал поврзан со Министерството за земјоделство и институциите под негова надлежност, оценувајќи дека станува збор за организирана шема која се одвива преку граница.Според партијата, уапсениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, наводно барал поткуп од 100.000 евра од фирма за да овозможи увоз на стока што не ги исполнувала законските услови. Како што посочуваат, дел од сумата, односно 50.000 евра, веќе биле исплатени, а комуникацијата се одвивала преку посредник – шпедитер.Од СДСМ велат дека овој случај се вклопува во поширок образец на криминал поврзан со гранични премини, царински процедури и институционални пропусти. Потсетуваат и на претходни случаи, меѓу кои и заплената на пет тони дрога, која, според нив, завршила кај функционер поврзан со српската СНС, а за кој, како што наведуваат, сè уште нема целосна разрешница.Партијата укажува дека вакви случаи не можат да бидат изолирани инциденти и дека е невозможно, како што наведуваат, поединци да делуваат без поширока мрежа и институционална поддршка. Дополнително, посочуваат и на претходен случај на уапсен директор поради мито од 50.000 евра, по што беше суспендирана ИПАРД програмата.„Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот на Министерството и Владата да не знаеле“, наведуваат од СДСМ, поставувајќи прашање за евентуална одговорност на повисоки функционери.Од партијата бараат темелна истрага која ќе ги утврди сите аспекти на случајот и ќе опфати, како што велат, „сите инволвирани, без исклучок“.

Македонија | пред 1 седмица

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

„Ај медија“: Нема никаква соработка со СДСМ

ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) ги демантира тврдењата објавени преку соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ дека има соработка со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), оценувајќи ги како целосно невистинити и неосновани.„Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти“, се вели во дописот.Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, стои во дописот.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените, бара опозициската партија

Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека три недели не презела никакви мерки за справување со растот на цените на горивата и храната, оценувајќи дека граѓаните се оставени сами да се справуваат со ценовниот шок.Од партијата велат дека веќе е активирана спиралата на поскапувања, со значително зголемување на цените на основните прехранбени производи. Според нив, маслото за јадење надминало 100 денари, јајцата се продаваат над 300 денари, а овошјето и зеленчукот се над 100 денари за килограм.СДСМ тврди дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски задоцнила со реакција, за разлика од земјите во регионот кои, како што наведуваат, веднаш презеле мерки – намалување на акцизи, замрзнување на цени и интервенции на пазарот.„Само Владата не направи ништо“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека ваквиот пристап отвора сомнежи дека се штитат одредени бизнис интереси.Партијата предупредува дека се најавуваат нови поскапувања на горивата, што дополнително ќе ги зголеми цените на храната и ќе го влоши животниот стандард.Како решение, СДСМ предлага пакет мерки кои, според нив, треба веднаш да се применат:– Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%– Намалување на акцизата за 4 денари по литар– Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи– Преполовување на цените на патаринитеОд партијата сметаат дека овие мерки ќе донесат реално намалување на цените и ќе помогнат во заштита на стандардот на граѓаните.Воедно, го оценија најавеното намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% како недоволно, со образложение дека ефектите нема да бидат значајно почувствувани.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqqssq6lilkkf2M5AB3M

“Кој ги пишува соопштенијата?“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за ПР-от на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека политиките и јавната комуникација на СДСМ се водат под надворешно влијание, посочувајќи ги Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ како клучни фигури во креирањето на ПР-стратегијата на партијата.Од опозициската партија тврдат дека Башановиќ, поранешен советник на екс премиерот Зоран Заев, има централна улога во ПР-тимот на СДСМ, додавајќи дека станува збор за „контроверзна личност“ со, како што наведуваат, спорно деловно минато.Според ВМРО-ДПМНЕ, преку ПР-агенцијата „Ај медија“, во која, како што тврдат, соопштенијата и прес-конференциите ги подготвува Милјан Шчекиќ, се дефинира јавниот настап на СДСМ и се пласираат пораки во јавноста.Во соопштениетo се наведува дека Башановиќ претходно бил ангажиран како специјален советник во владата на Заев, како и дека имал блиски лични односи со него.ВМРО-ДПМНЕ оди чекор понатаму, тврдејќи дека ваквото влијание се одразува и врз политичките позиции на СДС, особено во односите кон Србија, поставувајќи прашање дали партијата делува во интерес на домашните приоритети или под надворешни директиви.„Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата, кој ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, наведуваат од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Платформата на ВМРО создава дефокус од економските проблеми

Социјалдемократскиот сојуз обвини дека државата се соочува со сериозна економска криза, додека власта, наместо да преземе конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, се занимава со политички пресметки и обиди за слабеење на опозицијата.Од партијата велат дека граѓаните веќе подолг период можат да сведочат за, како што тврдат, „организирано делување“ на ВМРО-ДПМНЕ, кое, според нив, користи дел од медиумите за пласирање наративи во јавноста.СДСМ предупредува дека се очекуваат нови поскапувања и дека работниците не добиле најавено зголемување на минималната плата на 600 евра, што, како што наведуваат, наскоро нема да биде доволно за покривање на основните трошоци за живот.„Владата досега не усвои економски мерки, како што тоа го направија земјите од регионот и Европа, со цел да се спречи растот на цените. Овој тренд ќе продолжи и ќе предизвика синџирно поскапување на животните намирници“, наведуваат од СДСМ.Во соопштението се додава дека наместо фокус на економијата, власта се обидува да ја дискредитира СДСМ, која, според нив, останува единствена неконтролирана опозиција што објавува случаи на криминал и корупција.Од партијата обвинуваат и за, како што велат, обиди за внатрешно разнебитување на СДСМ преку притисоци, уцени и понуди кон поединци, но нагласуваат дека тие обиди не успеале.„Откако не поминаа лажните афери, повторно се вратија на фабрикување вести со цел дефокус од реалните проблеми што директно го погодуваат животниот стандард на граѓаните“, стои во реакцијата.СДСМ оценува дека граѓаните веќе ги чувствуваат економските последици и дека, како што велат, „дефокусот повеќе не поминува“.Од партијата порачуваат дека ќе продолжат со своето делување и најавуваат дека власта, како што велат, „ќе се врати во рацете на народот“, со цел, според нив, да се воспостави систем што ќе функционира во интерес на граѓаните и ќе ја насочи државата кон европската интеграција.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е синоним за корупција и криминал кој допрва треба да се истражи, се уште им стои во извршен одбор Филип Андов кој е осуден на затворска казна

Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, СДС во своите редови има бројни случаи на криминал и корупција, за кои партијата не се оградила, туку, како што велат, ги штитела преку обвинителствата во Зајас и Струмица. Од партијата посочуваат дека актуелниот член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол, бил осуден на затворска казна, но сепак бил награден со членство во ИО.ВМРО-ДПМНЕ наведува бројни скандали од екс-владата на СДС и ДУИ, вклучувајќи набавка на радар за контрола на летање вреден милион евра, луксузен џип на Венко Филипче, противправна имотна корист од 442 илјади евра за време на мандатот на Бисера Костадиновска Стојчевска, како и афери поврзани со фирми на Вице и Зоран Заеви и набавка на вакцини по завишена цена за време на пандемијата.Од партијата истакнуваат дека СДС е синоним за криминал и корупција, кои допрва треба да се истражат, и дека секој што го прекршил законот мора да одговара, бидејќи правда мора да има.

Македонија | пред 1 седмица

media-library840uca8f32jr6FayOEs

Манасиевски: Порака до СДС, Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

На новинарско прашање за обвинувањата од СДС дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен за земање мито од 50.000 евра, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДС се радува на секој случај на криминал ако на некаков начин е поврзан со опозицијата.Тој посочи дека, кога лица од СДС се апсени за сомнителни дела, партијата не се дистанцира и не бара правда, како што било во случајот со Артан Груби, ниту, како што додаде, со претходниот претседател и премиер, кој бил аболициран за земање симболични суми пари. Манасиевски истакна и дека сегашниот лидер на СДС има индиректна одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, за што не се барала слична отчетност.Во заклучок, тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став: секој што го прекршил законот, без разлика на партиската припадност, мора да одговара, а законот треба да важи еднакво за сите.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymudov9875v8s1SbcZtW

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче - затоа се опседнати со Србија

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ПР активностите на СДС и министерот за здравство Венко Филипче се водат од страна на Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според него, Башановиќ, кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и поранешен советник на Зоран Заев, преку својата врска со СДС ги напаѓа претседателот Вучиќ и Владата на Србија.Манасиевски го опиша Башановиќ како контроверзна личност, кој бил вклучен во естрадниот турбофолк бизнис, сопственик на телевизија во Србија и обвинет за кражба во САД. Тој, заедно со Шчекиќ, пишува соопштенија и прес-конференции за СДС, што според ВМРО-ДПМНЕ се извор на лаги, манипулации и навреди кон македонскиот народ.„Сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДС пренесуваат сè што овие ќе им напишат. Не сме вчудоневидени од нивните напади кон претседателот Вучиќ и српската влада“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Владата на Мицкоски не презема мерки додека цените на горивата и храната растат

СДСМ реагира дека веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на Блискиот Исток, а владата на Мицкоски не презема никакви мерки за заштита на граѓаните. Според партијата, растот на цените се одразува и на основните прехранбени производи – маслото за јадење над 100 денари, јајцата над 300 денари, а зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, што ги прави основните потреби недостапни за многумина.СДСМ предупредува дека најавеното понатамошно поскапување на горивата дополнително ќе го намали стандардот на граѓаните, а дури и доколку цените на светските берзи се стабилизираат, цените во маркетите нема да се намалат. Партијата обвинува дека владата на Мицкоски намерно не презема мерки, што граѓаните скапо го плаќаат – за 4,5 милиони евра повеќе.СДСМ нагласува дека македонската економија со оваа влада тоне: индустриското производство бележи пад од 9,4%, странските инвестиции се намалени за 61%, а бројот на вработени се намалува. Минималната плата не е зголемена на 600 евра, оставајќи ги работниците сами да се справуваат со кризата.Партијата предлага итно прифаќање на мерки за олеснување на трошоците за граѓаните: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител - бизнис мрежата на Мицкоски

Опозициската СДСМ обвини дека открила бизнис мрежа во енергетскиот сектор поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која, според партијата, се испреплетуваат политиката и бизнис интересите.Од партијата тврдат дека станува збор за „енергетски октопод“ кој, како што наведуваат, се протега преку регионални и офшор структури, вклучително и компании како „Rudnap Group“, и лица поврзани со владини институции.„Сè е поврзано. Сите алки се на место. Се затвора кругот од производство и увоз на струја, преку финансии, до носење одлуки за цените“, соопштија од СДСМ.Според нив, мрежата се протега и во повеќе домашни институции, меѓу кои Развојната банка, РЕК Битола и Регулаторната комисија за енергетика, каде, како што велат, се поставени лица блиски до Мицкоски.СДСМ упати и критики до Јавното обвинителство, посочувајќи дека три месеци нема реакција на, како што велат, сериозните индиции за криминал.„Време е за постапување. Очекуваме итна реакција за бизнис шемите во енергетиката. Да не чекаме уште три месеци. Време е за правда“, порачаа од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

„Од лошо – полошо“: СДСМ со остри критики за економските политики

Опозициската СДСМ обвинува дека македонската економија бележи сериозен пад, посочувајќи на најновите податоци за индустриското производство и странските инвестиции.Според партијата, индустриското производство во јануари годинава е намалено за 9,4% во однос на истиот период лани, додека на месечно ниво падот изнесува 13,9%.СДСМ наведува дека негативните трендови се забележуваат и кај странските директни инвестиции, кои, според податоците од Народната банка, се намалени за 61% во 2025 година, односно за 729 милиони евра помалку во споредба со претходната година.„Овие бројки го покажуваат дебаклот на економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека веќе има затворање на погони, намалено производство и губење на работни места, како и пад на бројот на вработени во индустријата, што, според нив, директно влијае врз животниот стандард на граѓаните.Воедно, посочуваат дека задолженоста на граѓаните и компаниите кон банките достигнала 9,1 милијарди евра.СДСМ ја обвинува власта дека наместо конкретни економски мерки, прави „дефокус“ во јавноста и избегнува справување со реалните проблеми.„Потребни се итни мерки за стабилизација на економијата, намалување на цените и поддршка на индустријата која тоне“, порачуваат од партијата, повикувајќи на свикување вонредна владина седница.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Кој од власта стои зад новиот корупциски скандал во земјоделието?, прашува СДСМ по апсењето на директорот Анкиев

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, претставува сериозен показател за, како што велат, системска корупција во институциите под раководство на Владата.Од опозициската партија посочуваат дека Анакиев е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра, оценувајќи дека станува збор за „уште еден доказ“ за, како што наведуваат, организирано делување на власта.СДСМ потсетува дека неодамна беше отворен и друг случај поврзан со земјоделскиот сектор, во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството беше исто така осомничен за примање мито во ист износ.Според партијата, ваквите случаи имаат директни последици врз земјоделците и врз функционирањето на системот. Тие наведуваат дека поради корупциски скандали била суспендирана ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, како и дека се намалени субвенциите и откупните цени.„Прашањето е кој друг од власта е вмешан? Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот да не знаел“, наведуваат од СДСМ.Од партијата бараат темелна истрага која ќе ја утврди одговорноста „од првиот до последниот“, нагласувајќи дека институциите треба да постапуваат неселективно.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

„Игри има, резултати нема“ – нов напад од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со остар тон реагираше на, како што велат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ангажирање на странски ПР агенции да влијае врз јавноста, оценувајќи дека таквите стратегии не даваат резултати.Од партијата наведуваат дека, наместо решенија за граѓаните, власта се занимава со „игри“, додека, како што велат, реални резултати изостануваат.„Сè уште игри, леб никаде“, порачуваат од СДСМ, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ангажира низа ПР експерти и агенции од Србија, но без ефект врз јавноста.Според нив, граѓаните веќе ги препознале овие, како што ги нарекуваат, „дефокусирачки тактики“, поради што, тврдат, владејачката партија бележи пад на рејтингот.Во соопштението, СДСМ изнесува и сериозни обвинувања за поврзаност на лица од власта со криминал и корупција, наведувајќи дека дел од тие кадри веќе се соочуваат со постапки, додека други, како што велат, се во бегство.„Ако навистина сакате борба против криминал и корупција, почнете од сопствените редови“, порачуваат од СДСМ.Партијата исто така ја критикува реториката на ВМРО-ДПМНЕ во однос на националните прашања, оценувајќи дека тврдењата за загрозен идентитет се неосновани и дека тие наративи повеќе не поминуваат кај граѓаните.Во завршницата, од СДСМ порачуваат дека, како што велат, „лагите имаат кратки нозе“ и најавуваат одговорност за, според нив, сите злоупотреби.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Платформата на ВМРО за урнување на СДСМ“ не помина, па сега Башановиќ?!

Леб нема, ама има игри… ВМРО никако не може да сфати дека кај граѓаните дефокусот повеќе не поминува. Дефокусот не го полни фрижидерот. Дефокусот не ги крева платите, не ги намалува цените на нафтата, велат од СДСМ.„Дефокусот не дава подобри услови за образование и здравство.Дефокусот не може да ги среди криминалот и корупцијата.Дефокусот не може да го избрише апсењето на директорот од ВМРО за мито во скандалот со ИПАРД 3, не може да се заборави вчерашното апсење на директорот на Инспекторатот за земјоделие за земање мито.Дефокусот не може да ви го подигне овој историски низок рејтинг на анкетите. Едноставно не може.Дефокусот повеќе не поминува, затоа што веќе не сте опозиција за да ветувате промена на името, а да не направите ништо.Повеќе не поминува предавството на националните интереси, затоа што вие контролирате 40% од медиумите во земјата, а на останатите слободни медиуми пробувате да влијаете со притисок и финансиски средства, за преку нив да креирате слика во јавноста.Единствените предавници сте вие! ВМРО-ОКГ!Ги предадовте своите гласачи, ги излажавте дека БЈРМ или ФИРОМ е подобро од Северна Македонија, ги излажавте дека е подобра изолацијата од ЕУ, ги излажавте дека е подобро сами отколку со НАТО!Сите ги излажавте.Знаете како сега граѓаните знаат?Го отвораат фрижидерот, одат на бензинска пумпа или не одат на одмор.Поради гужвите што ќе ги има на границите и системот ЕЕС (тоа камионџиите најдобро го знаат), на листата за американски визи сме зад земјите од третиот свет, а најверојатно и поради пари.Во извештајот на Freedom House сме најлоши, единствено полоша е Србија, т.е. вашата сестринска партија СНС и Вучиќ.Знаете како уште граѓаните знаат дека лажете?Затоа што нема пари!Зошто? Поради тендерите!Поради вашата организирана криминална група и нарко-картел. Поради вашата тендер-коалиција со ЗНАМ, кои, исто како и вие, ги предадоа своите гласачи.Поради цената на струјата!Поради Адамовиќ, Вучевиќ, поради Лазаревиќ и Руднап, поради СНС… и на крај сè тоа поради Мицкоски, македонскиот Мадуро.Ете затоа!Навикнавте Башановиќ, Харис Џиновиќ, д-р Жан, Артан Груби, Катица Јанева, Боки 13 и останатите да поминуваат додека бевте во опозиција.Немавте одговорност.Сега, кога Европа ве смета за „тројански коњ“, кога нема пари во буџетот, кога нема напредок во евроинтеграциите, ниту националната приказна повеќе поминува.Знаете зошто? Затоа што ЕУ е национален интерес, а не Белорусија, Северна Кореја и Русија.Едноставно, ДЕФОКУСОТ повеќе не може да ги покрие сите ваши лаги, не може!!!Штом веќе го пуштате Башановиќ, пуштете ги и вашите Израелци и Вучиќ, па да го гледаме целиот филм.Само кажете кога, да земеме пуканки.Нема да ви дозволиме да направите од Македонија Венецуела и Колумбија!Сите ќе одговарате! Поздрав од Бихаќка“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

market

СДСМ: Власта итно да ги прифати мерките за намалување на цените на горивата и храната

Зголемување на цените на горивата и прехранбените производи, поскапување на потрошувачката кошничка за 2.500 денари, пад на индустријата од 9,4% раст на задолжувањата врз грбот на граѓаните, долгови на граѓаните и компаниите кај банките од 9,1 милијарди евра, ова е тешката реалност во која живеат граѓаните денес, велат од СДСМ.„Доколку продолжи судирот на Блискиот Исток се предвидува зголемување на цената на нафтата и за 80%. Следува нов бран на сиромаштија, дополнителен удар врз семејните буџети и сериозен пад на животниот стандард.Не може владата во вакви услови да не презема мерки а Мицкоски да се шета на прослави на ЕПП.Недозволиво е цените секојдневно да растат, а Владата да одбива да ги покачи платите и веќе две недели да не презема ништо за да ги заштити граѓаните.СДСМ има готови и применливи законски решенија за намалување на цените на горивата и храната.-Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%-Намалување на акцизата за 4 денари по литар-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи-Преполовување на цените на патаринитеВладата мора итно да ги прифати овие мерки. Секое одложување значи нов удар врз граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

zemjodelci

СДСМ: Земјоделците се без пари затоа што криминалците во власта ги крадат

Нови докази за Организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО, велат од СДСМ.„Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен „на дело“ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра.Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат земјоделците, и тоа на големо.ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана токму поради корупцискиот скандал на ВМРО каде директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој беше уапсен исто така за мито од 50.000 евра.Поради корупцијата на кадрите на Мицкоски и ВМРО во земјоделието нема пари за земјоделците во Македонија.Субвенциите се намалени за 40%, цените на горивото се покачени, откупните цени се понижувачки мали, зимската зелка се откупува за само 6 до 8 денари, лозарите се исто така оставени со ниски откупни цени и владата одби да го прифати предлогот на СДСМ за плус 3 денари по килограм. Буквално секој сегмент во земјоделието е во катастрофално лоша состојба.Нема пари за земјоделците заради корупцијата на ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што во Македонија е загрозено, е опстанокот на СДС на политичката сцена

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на СДС, оценувајќи дека партијата се обидува да направи спектакл од нешто што не постои. Во соопштението се наведува дека додека СДС тврди дека „во Македонија има назадување и загрозување на слободата“, објавените податоци ги демантираат нивните тврдења.Според извештајот на Freedom House за 2025 година, слободите во државата се во нагорна линија, односно има „зголемување на слободата“. Во соопштението се нагласува дека „ова е реткост во регионот, бидејќи речиси сите соседни држави бележат пад“, а тоа може да се види и од објавената слика од СДС самиот.Во категоријата „делумно слободни“ земји, Македонија со индекс на слобода 67 се наоѓа заедно со Црна Гора (69), Албанија (68), Косово (60), Србија (56) и Босна и Херцеговина (52). Од овие податоци, според ВМРО-ДПМНЕ, „земјите што се пред нас, Црна Гора и Албанија, имаат само минимална предност“.Во соопштението се додава: „Кога СДС вели дека во Македонија се загрозени слободите, им порачуваме дека во државата ништо не е загрозено, освен опстанокот на СДС на политичката сцена, која стана трета партија во државата и петта во Скопје. Изгубени во својата безидејност, со сигурни чекори се движат кон биолошкиот праг и кон целосно исчезнување.“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија

Последниот извештај на „Фридом хаус“ ја потврдува состојбата на Македонија како „делумно слободна земја“. Според СДСМ, тие велат дека „ако се спореди со времето на СДСМ, во 2021 година Македонија беше прва во регионот, единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа“.Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на власт, СДСМ тврди дека „состојбата со човековите и со медиумските слободи се влошува. Единствено полоши се состојбите во Србија, каде што на власт е сестринската партија на ВМРО-СНС. Но, ВМРО се труди да ги стигне“.Дополнително, според нив, Македонија забележала пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ за 2025 година, од 36. на 42. позиција. Тие велат дека „овие извештаи се уште една потврда на сето она што СДСМ го говори во изминатиот период. Медиумски хајки против СДСМ и претседателот Филипче, измислени афери, црни кампањи, контрола врз 40% од медиумите преку Орбан, Декрет за забрана на говорот во Собранието. Резултатот е пад на човековите и на медиумските слободи“.СДСМ додава дека „Македонија се враќа во времето на Никола Груевски на нарушени слободи, медиумски мрак, хајки против опозицијата и јавни линчови“.

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основните прехрамбени производи, цената на патарините, бара Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата во текот на денот ќе поднесе пакет законски предлози со цел намалување на ценовниот притисок врз граѓаните, во услови на растечки трошоци за живот.„Ќе ги поднесеме нашите предлог-закони за намалување на акцизата на горивата, намалување на ДДВ-то за основните прехранбени производи и преполовување на патарините. Апелираме до оваа ненародна, корумпирана власт да ги прифати и да им излезе во пресрет на граѓаните“, изјави Филипче.Тој оцени дека Владата не презема соодветни мерки во време на економска криза и раст на цените.„Не растат платите, а наместо итни владини седници за помош на граѓаните, владиниот тим се шета во Брисел на прослави“, рече Филипче.Лидерот на СДСМ предупреди дека граѓаните се соочуваат со сериозен економски притисок, особено поради најавените поскапувања на струјата и растот на цените на основните производи.„Кога граѓаните утре нема да можат да ги платат надуените сметки за струја и нема да можат да обезбедат ни половина од потрошувачката кошничка, треба да се сетат дека премиерот бил на прослава на ЕПП“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Ако не разбирате, премиерот работи на изолација на државата како што лаеше дека ќе го врати ФИРМ за да не бидеме НАТО држава, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го критикуваше премиерот и Владата, обвинувајќи дека наместо напредок кон Европската Унија, државата се води кон изолација и стагнација. Тој бара Бугарите да се внесат во Уставот.„Тој не зборува за пристапувањето на Македонија во ЕУ затоа што тоа не го интересира. Зборува за спроведени реформи, а се поставува прашањето – за кои реформи, кога ниту еден закон од областа на правосудството не беше донесен“, рече Филипче.Тој посочи дека единствените измени што биле направени се спротивни на препораките од оценската мисија, прашувајќи дали премиерот ќе зборува и за тие законски решенија.„Ако некој не разбрал, да преведам – премиерот работи на изолација на државата. Исто како што лаеше дека ќе го врати името – ФИРОМ, БЈРМ, со тоа да не бидеме НАТО држава. Манипулативниот ПР тим мора да внимава на секоја реченица“, изјави Филипче.Тој обвини дека, според него, станува збор за „организирана криминална структура“ која, како што рече, преку медиуми под контрола и со поддршка од странство, води антиевропска кампања.„Се создаваат намерни конфликти и се шират лаги за бугарска завера. Тоа е стар, веќе виден рецепт за задржување на власта, по цена на иднината на државата“, додаде лидерот на СДСМ.Филипче отвори и економски прашања, потенцирајќи дека Владата не дава одговор колку ја чини државата тоа што не се отвораат преговорите со ЕУ.„Дали некој пресметал колку средства би добиле граѓаните ако се отворат пристапните преговори?“, праша тој.Дополнително, предупреди и на геополитички ризици, посочувајќи дека евентуална промена на политичката сцена во Европа може да ја затвори вратата за проширување.„Кој ќе преземе одговорност ако следната година во Франција победи десница за која проширувањето не е приоритет? Кој ако Албанија стане членка пред нас и ни се наметнат нови услови?“, рече Филипче.Тој ја критикуваше и, како што рече, незаинтересираноста на премиерот за домашните проблеми.„Премиерот не е загрижен – тој е на самит на ЕПП на сметка на граѓаните, додека тука растат цените и се најавува поскапување на струјата“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Наместо економски мерки –дефокус и Платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ

Паниката во редовите на ВМРО од паднатиот рејтинг, бројните криминални скандали кои ги објавува АКТ и катастрофата во економијата ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ, велат од СДСМ.„Ниту една црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не им помина, граѓаните го препознаа дефокусот.Се уверија дека не можат да го скршат АКТ и раководството на СДСМ и ВМРО-ОКГ го употреби својот последен адут.Осмислија ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’ за создавање на некаков ДОС во кој нема место за СДСМ – најголемата но и единствеата неконтролирана опозиција во Македонија.Сè уште не почнале, нема имиња, а веќе се оградуваат од Шилегов, предлагачот на платформата. Како ли ќе останат единствени кога ќе излезат имињата?Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.Со тоа докажуваат дека дополнително сакаат да ја распарчат. Го споменуваат ЗНАМ бидејќи пропадна. ЗНАМ нема повеќе никаква поддршка, затоа што граѓаните сфатија дека го покажаа своето продадено лице во тендер-коалицијата.Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“.СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните.Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

СДСМ: Новиот јавен обивнител го чека многу работа

Новиот јавен обивнител го чека многу работа, велат од опозициската СДСМ.„Три месеци чекаме, нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.-Скандалот со 161 тендер за семејната фирма на Томовски.-Скандалот со 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг. Сопственикот бил член на Избирачки одбор од ВМРО.-Скандалот со 74 тендери за Ленди груп.-Скандалот со 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени.-Скандалот со тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.Милионски тендери добиваат едни исти фирми блиски до власта, станува збор за милиони евра, пари на граѓаните и за ова одговорност мора да има.Очекуваме да работи и на бизнис шемите на Мицкоски, без разлика што е претседател на Владата! Тоа ќе ја покаже неговата независност и дека законот важи за сите.СДСМ и граѓаните внимателно ќе следиме дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално и непристрасно или под диктат на владата.Предметите се тука. Нека ја врши својата работа. Законот мора да биде еднаков за сите а правдата мора да биде достижна“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

Нови обвинувања: Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ

СДСМ обвини дека, како што велат, паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ довела до активирање на „Платформата за рушење на СДСМ“, оценувајќи дека станува збор за координирана кампања насочена кон внатрешно слабеење на партијата.Од СДСМ тврдат дека, по низа објавени скандали и, според нив, пад на поддршката кај власта, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со дефокус и политички напади да ја пренасочи јавноста.„ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети тоа го покажуваат. Немаат одговор на ниту едно прашање, ниту на скандалите што ги објавивме, ниту резултати“, соопштија од партијата.Во соопштението се наведуваат и обвинувања за, како што велат, „криминални тендери“ и „бизнис мрежи во енергетиката“, како и за наводни обиди за медиумски и политички притисок.СДСМ тврди дека, по неуспешните кампањи и, како што наведуваат, „измислени афери“, следувале обиди за внатрешно дестабилизирање на партијата.„Потоа следеа обиди за рушење на СДСМ одвнатре. Ниту тоа не успеа. Затоа денес ја вадат ‘Платформата’ како последен адут“, велат од СДСМ.Партијата обвини дека се прават обиди за создавање нов политички блок без СДСМ и за, како што наведуваат, дополнително распарчување на опозицијата.„СДСМ е единствената неконтролирана опозиција која се бори власта да се врати кај граѓаните“, се додава во реакцијата.Од СДСМ порачуваат дека ќе продолжат, како што велат, со објавување на информации за „криминално-коруптивни дејствија“ и ќе се залагаат за европски реформи, слобода на медиуми и институционален систем.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања