Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

IMG_1773-1536x1022-1

Започнуваат кандидирањата за претседател на СДСМ - рокот е седум дена

На вчерашната седница Централниот одбор на СДСМ го усвои Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на СДСМ за вонредните избори како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.„Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за Претседател на партијата.Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела).Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапата за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.Сите документи од денеска ќе бидат јавно достапни на официјалната интеренет страница на партијата (www.sdsm.org.mk).Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.Периодот за Активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Челновите ќе можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација којашто ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.СДСМ е прогресивна модерна европска партија. Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди.Со одлука на Централниот одбор, за 09.05.2024 година (недела) е закажан Конгрес на СДСМ. Покрај анализите на причините за изборниот резултат Централниот одбор предлага и измени на Статутот на партијата за мандатот на Претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде 4 години“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3574

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото

„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот, а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната одлика ќе биде непочитување на владеењето на правот“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.Тој се осврна и на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заем од една милијарда евра, кој го оцени како прекршување на начелото на добро владеење.„Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата, тој нема мандат да преговара за заеми далеку од очите на јавноста“, рече Битиќи .Битиќи појасни дека не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции на државата се поставени како услов.„Очигледно е дека во политичка кампања може да се излаже било што, граѓаните ќе увидат дека ќе има уставни измени, Бугарите ќе бидат во Уставот, а можеби и други, коишто и не се споменувале, како што се Грци, како и од други соседни земји. Сето тоа ќе биде направено под изговор за динамизирање на европските интеграции“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.14

(Видео) Славјанка Петровска: Носам помала одговорност, за разлика од потенцијални кандидати за претседател на СДСМ

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.?t=1265„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните и гласачите

Непринципиелност, лицемерие и нечесност кон граѓаните, е она што деновиве го гледаме од ВМРО-ДПМНЕ, по изборот за претседател на Собранието. Едно говореа пред изборите, а друго направија, кога дојдоа на власт, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ, на гостувањето во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21.-Неискреноста на ДПМНЕ, се виде уште на почетокот. Лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски беше тој што велеше дека ако одредена политичка партија стекне огромен број на пратеници и има сериозна поддршка од граѓаните, треба да ги има највисоките позиции, како што е претседател на Собрание. Тие кои го оспоруваа тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Сега после изборите имаат сосема спротивно делување, со изборот на Африм Гаши. Ние немаме проблем со тоа, затоа што платформата за која се залагаше СДСМ во цело владеење беше едно општество за сите. Но ДПМНЕ да зборува едно, а ден после изборите да делува на друг начин е неискрено кон граѓаните и кон гласачите, рече Каевски.Тој потенцираше дека, ДПМНЕ беше политичка партија која цело време коментираше за говорите на кој било политичар кој зборуваше на албански јазик, па дури и сегашната претседателка, често велеше дека претседател на собрание не треба да зборува на албански, ама сега гледаме молк од нивна страна. Кога го избриваме Талат Џафери, тој прво се обрати на македонски јазик, па на албански, во согласност со законот. Каевски се осврна и на случувањата од 27. април, и начинот на којшто сега беше изборот на претседател на Собранието. Сега немаше надвор насилници организирани за да упаднат внатре во собранието, како кога ВМРО-ДПМНЕ го организираше крвавиот чин.-Тоа е суштинската разлика, меѓу СДСМ кога оди опозиција и кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. 27 април беше еден од најтрагичните денови кој ќе остане запишан и кога за малку ќе беа убиени пратеници, за разлика, од сега кога се правеше транзиција на власта без инциденти и насилници. Особено сум горд што СДСМ ја варти демократијата за разлика од ДПМНЕ кое ја имаше зарбоено државата, рече Каевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.?t=1298

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче

,,Градоначалникот Тимчо Муцунски во Аеродром, по три години управување со Општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП-от со кој отпочнува бетонизацијата на Лисиче.Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Совет и градоначалникот Тимчо Муцунски одлучија да ја одмолчат дискусијата и не дадоа ниту еден одговор на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.Со 16 гласа ЗА и 11 ПРОТИВ беше изгласан ДУП-от за Лисиче без ниту еден изустен збор од Муцунски и советниците на ДПМНЕ.Со цел да го сокријат овој срам, видео материјалот од директниот пренос на седницата на Советот беше избришан од официјалниот YouTube канал на Општина Аеродром.Со усвојувањето на овој ДУП Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ овозможија изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“.Тимчо Муцунски ја изневери довербата на жителите на Аеродром. Мандатот го започна со иницијативи за бришење на градежни маркици, а го завршува со „бетонизација“.За четири години Тимчо Муцунски не успеа да направи апсолутно ништо за изградбата на 4 нови градинки, изградбата на нова општинска зграда, нова гимназија, нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче, нов парк на 5.000 метри квадратни во Реонски Центар, стратегија за млади, завршување на сите предмети за легализација, зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари и ред други неостварени ветувања од својата градоначалничка програма.Како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски се споменува како потенцијален кандидат за министер во владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.Се поставува прашањето што може да се очекува од Муцунски како министер кој со ваков срам го завршува својот градоначалнички мандат и со што заслужува да биде избран за министер?”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4187

Вангелов од СДСМ: Каде одиш СДСМ? Не бе другари, вака не бива, срамота!

Ѓошо Вангелов, долгогодишем и виден член на СДСМ, поранешен советник во општина Центар, на ФБ го изрази своето незадоволство од внатрепартиските случувања. Револтиран е и од молкот на вчерашната седница.Еве што напиша Вангелов:Каде одиш СДСМДраги пријатели драги сопартијци, следам деновиве кој се искажува амбиција да ни ја води партијата и се чудам сите до еден беа дел од раководството или носители на некои државни функции т.е. дел од екипата што не доведе до ова дереџе, и види сега истите тие ќе не оправале.Не бе другари вака не бива и затоа ме носи една мисла и јас и многу како мене што посветиле добар дел од својот живот за градење на оваа паргија да се кандидираме па кад је бал нек је маскенбал .Со оглед на тоа што познавам сопартијци за кои сум на мислење дека се покадарни да не вратат на пиедесталот на политичката сцена а не покажуваат амбиција, не знам дали се плашат да го земат во раце жешкиот костен или не сакаат да си го расипат својот комодитет и се чуваат за некое идно време можеби треба да го почнеме овој циркус па белки некој ќе се одважи .Гледајки ја денешнава седница на парламент се разочарав. Нашиве пратеници не ја искористија можноста жестоко и аргументирано да дебатираат и да ги раскринкуваат предизборните лаги на ВМРО. Дали поентата да станеш пратеник е поради имунитегот и платата или да и дишеш во врат на власта - Срамота.

Македонија | пред 1 година

IMG_4177

Битиќи откри како ќе делува во Собранието

,,Демократијата, почитувањето на различностите и застапувањето на интересите на слободни, еднакви и солидарни граѓани и граѓанки, се мои политички идеали – основата на мојот пратенички мандат, кој денес беше верификуван во Собранието на Република Северна Македонија.Граѓаните и граѓанките ми дадоа нова можност дополнително да ја зацврстам и изразам мојата политичка вертикала од високи етички и демократски вредности, што значи почитување и постапување согласно највисоките стандарди на интегритет, чесност и транспарентност. Нивната доверба ќе ја оправдам, а очекувањата ќе ги надминам.Мојата улога во Собранието нема да биде опструктивна, туку конструктивна. Мојот личен влог во развојот на парламентарната демократија ќе биде борба за воспоставување на деликатна рамнотежа меѓу аргументираната критика и постигнувањето на надпартиски консензус за стратешки и развојни прашања за државата.Ќе продолжам неуморно да бидам гласот на различностите во собраниските клупи, затоа што тоа е силата на нашата држава.Политички пат останува јасен – во сојузништво со слободни, еднакви и солидарни граѓани и граѓанки да се соочиме со предизвиците и да ги реализираме нашите европски аспирации.”, напиша Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 година

IMG_7669

ИО на СДСМ: На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Седница на ИО на СДСМ: Отчетен Конгрес и избор на нов претседател согласно Статутот на партијата

,,На 23 та седница Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци.Претседателот Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Деспотовски: Оставката на Ковачевски е задоцнет чекор

Директорот на ТИРЗ и поранешен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека вчерашната оставка на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е задоцнет чекор, но сепак чекор во вистинска насока.,,Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму.”, вели Деспотовски.По вчерашната оставка на Ковачевски можно е повторно да влезе во трката за претседател на оваа партија.

Македонија | пред 1 година

IMG_3894

Ковачевски поднесе оставка и испрати допис до СДСМ

Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ по двојниот изборен пораз.Како што објави „Скопје1“, тој Целосната содржина на писмото за оставка на Ковачевски, упатено до Извршниот одбор и до претседателката на Централниот одбор, Славјанка Петровска, ја прикажува неговата перспектива за изборните резултати и идната насока на партијата.“Драги пријатели,На 8 мај 2024 година, парламентарните и вториот круг од претседателските избори се одржаа во фер и демократска атмосфера, во согласност со европските стандарди, што претставува огромен исчекор како резултат на високиот степен на демократија, слобода на медиумите. и мирот и стабилноста што ги воспоставивме во изминатите години во земјата.Им благодарам на нашите членови и симпатизери кои и покрај големиот пораз во првиот круг од претседателските избори, достоинствено излегоа на изборите во вториот круг и овозможија да се дојде до цензусот за избор на претседател на Р. Северна Македонија. Со тоа СДСМ уште еднаш го покажа и докажа својот врвен патриотизам и одговорност. Покажавме дека Македонија ни е најважна и така ќе биде секогаш.На парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, кој и зададе тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и дел од членовите на партијата организирани во друга политички субјект, а стимулирана и од поранешните носители. на високи партиски функции.И раководството на партијата и јас имаме одговорност, како и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој не е навистина без одговорност.Овој резултат и создаденото јавно мислење веќе беше евидентно на локалните избори во 2021 година кога СДСМ доживеа пораз, по што партијата не ги анализираше изборните резултати како што налага Статутот и не ги лоцираше причините за поразот за да извлече соодветни лекции.СДСМ ќе мора добро да погледне внатре, да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години. И уште поважно, што треба да се направи за да се врати и врати довербата на граѓаните што ја изгубивме. Процесот на обнова мора да биде на сите нивоа.Тој процес не смее да биде долг, но не смее да биде брз, спонтан и експресен. Тој процес на длабоки внатрешни промени и консолидација можат да го спроведат само оние кои се подготвени да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата во државата. Оние кои немаат никаков багаж, особено не такви карактеристики, за кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција и на локално и на централно ниво.Согласно член 26 став 2 и став 4 барам да се свика Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјавување доверба на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, во поглед на изборните резултати. , со следниот дневен ред:1. Избор на работно претседателство и претседател на Конгресот.2. Извештај на претседателот на СДСМ за периодот декември 2021 до мај 2024 година.3. Менаџмент извештаи4. Извештај на CISH за парламентарните и претседателските избори одржани во 2024 година.5. Единечна дискусија на делегатите на Конгресот за втората, третата и четвртата точка.6. Изјава за доверба на органите на СДСМ избрани од Конгресот.Според член 68б став 3, а врз основа на изборните резултати од парламентарните и претседателските избори во 2024 година, како и врз основа на очигледната пасивност на дел од членовите и симпатизерите на СДСМ, вклучително и мнозинството од избраните и именуваните функционери на централно и локално ниво, како високо морален чин, поднесувам оставка од функцијата претседател на СДСМ.Истовремено го повикувам целото раководство на партијата истото да се направи вертикално од членовите на раководството, преку централните партиски тела, па се до општинските органи на партиското раководство.Ваквиот чин е редовна процедура во сите европски и светски демократии, како што тврдиме и треба да биде практика на сите партиски раководства по изборен неуспех.Барам ИО, претседателот на КО и КП на СДСМ да ги донесат сите потребни одлуки, акти и процедури согласно Статутот на СДСМ за организирање Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и искажување доверба во органите на СДСМ и организирање внатрепартиски избори согласно статутот на партијата.Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде враќање на идеолошката и вредносната матрица што ќе ги собере сите прогресивни сили на левиот центар во државата.Вториот чекор треба да биде длабока кадровска промена и создавање силен кадровски потенцијал, со вистински и докажани социјалдемократи, со вредности и знаење, со чесност и енергија, со мотив и искреност во партијата.Во овој процес на реконструкција, според статутот, сите мора да работиме со разум, чесно и со срце, без тесногради и ситни лични интереси. Треба да работиме во партиски интерес и да мотивираме вклучување на луѓе во органите и телата на партијата кои од партиските членови и граѓаните ќе бидат препознаени како автентични социјалдемократи, чие однесување се води од принципите и вредностите на социјалдемократијата.И трето, да се реформира организациската поставеност на партијата што ќе овозможи целосна консолидација на СДСМ и враќање на победничките патеки.Но, додека се одвива овој процес на внатрешна реконструкција, не можеме и не смееме да ја занемариме нашата одговорност кон државата и граѓаните. И затоа СДСМ и коалицијата треба и мора да бидат одговорна, силна, принципиелна и државничка опозиција.Сегашниот систем во кој живееме повеќе се грижи за ПР отколку за суштината, за површината отколку за длабочината. Граѓаните со право се незадоволни и не веруваат во ништо. Многуте кризи придонесоа голем број наши граѓани да се иселат, да се чувствуваат несигурни, обесправени и без верба во својата земја. Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата евроинтеграција и изневерените очекувања на граѓаните, нискиот просечен раст на економијата во изминатите три децении, непотизмот, бизнис интересите, етничката професионалност, се само дел од главните дефекти на систем, кој ја јаде и уништува државата и кој конечно мора да се промени. Таа промена треба да почне од СДСМ, која ќе може прво да ја препознаат членовите и симпатизерите на партијата, за да ја препознаат и граѓаните.Во изминатите две години најважно ми беше што во услови на најголема и тотална криза никого не оставивме сам, се грижевме за сите, и за младите и за пензионерите и за работниците и земјоделците ги зголемивме платите и пензиите и ја намаливме невработеноста на најниско ниво од тешката и долга транзиција на деведесеттите. Не ги користев кризите како изговор или бегство од проблеми. Напротив, работев како што знаев и умеев, чесно, директно, чесно и посветено да помогнам на државата и на граѓаните и знам дека постигнавме многу и дека за некои работи времето ќе потврди дека сме биле во право.Како што кажав во изборната ноќ, им порачувам на сите оние кои мислат дека гласањето било против Европа или ќе се обидат да ја искористат можноста да го блокираат природниот пат на Македонија кој води кон Европската Унија, блокирањето на патот кон Европа нема само да донесе голем пад. во нашиот животен стандард, но ќе ги зголеми етничките тензии во земјата, ќе ги наруши односите со нашите соседи и ќе не изложи на безбедносен ризик што никој навистина не може да процени колку може да биде голем. Нема средина за земја како Македонија. Нема играње со две столчиња. Тоа е или напред или назад. Местото на Македонија е во НАТО и во Европската Унија. Местото на Македонците со нивниот македонски јазик, македонска култура и македонски идентитет е во Европската Унија, место каде што припаѓаат сите останати граѓани на Северна Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност.Ми беше чест да ја водам СДСМ повеќе од 2 години, да ја водам македонската Влада, а тоа ќе го почувствувам како силен мотив за мојот натамошен ангажман во претставувањето на социјалдемократските, прогресивните и евроатлантските вредности на нашата земја.Сакам да се заблагодарам за соработката на моите колеги, во Владата и во партијата.Сакам да им се заблагодарам на сите прекрасни членови на СДСМ кои и во најтешките времиња не калкулираа поради лични амбиции и интереси, туку се бореа за партијата, не внатрепартиски. Тие се најголемата вредност на СДСМ.Поминавме заедно тешки години, време на кризи, години на тешки, но големи одлуки за државата, бевме изложени на јавен притисок, неосновани закани и линчови, се жртвувавме за нашата татковина, и нема поголема жртва од тоа.Нема поголемо задоволство од работа водејќи се од социјалдемократските вредности во кои верувате уште од мали нозе. Но, исто така, нема поголема сатисфакција кога знаете дека сте дале се од себе за земјата во која сте родени и која ја сакате“, напиша Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Ковачевски го свика Извршниот одбор по катастрофалниот пораз: ќе се бара конгрес за ново раководство

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски свика седница на Извршниот одбор по катастрофалниот пораз на партијата кој го доживеа на двојните избори - претседателски и парламентарни, дознава „Скопје1“.Според информациите на „Скопје1“ единствена точка ќе е одржување на конгрес, за реизбор на партиските тела. Некои лица од раководството веќе дадоа и оставки од функциите, други пак кажаа само дека чувствуваат вина за резултатот, но останаа на фунциите.Седницата започнала во 17 часот.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Каде исчезнаа или се сокрија челниците на СДСМ

Една недела помина од парламентарните избори и катастрофалниот, до сега невиден пораз на СДСМ. Челниците и раководството, кои секојдневно „бимбардираа” со резултите, никаде ги нема и немаат јавен став за ништо, па дури ни за свечената изјава на Сиљановска Давкова и реакциите од меѓународната заедница.До 8 мај имаше по неколку поста дневно, дел од нив и спонзорирани, а сега ништо. Освен ставовите на Битиќи, во кои пишува па се дообјаснува, Маричиќ до крај си ја работи функцијата со учество на разни меѓународни форуми. Не е јасно што како обврска може да преземе или вети, кога ги губи сите функции, а не влезе ни како пратеник.Миле Зечевиќ, генералниот секретар на партијата и пеф на изборниот штаб, буквално исчезна, а наместо да организира Конгрес на оставки и комплетен рестарт на партијата, велат бил во САД кај син му.Последната објава на Димитар Ковачевски на ФБ е од 9 мај во која пишува за успесите и постигнувањата:„Во наредниот период детално ќе ги анализираме резултатите од изборите. Ќе направиме се што треба за да ја обновиме и да ја вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме” напиша Ковачевски. Ни збор за одговорност или оставка.Оставка нема ни во вокабуларот на Оливер Спасовски. Последната објава му е од пред 5 дена:„Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим”, напиша Спасовски.Сања Лукаревска, вториот човек во СДСМ, напиша пост кој многумина го протолкуваа како оставка, но таа не ја потврди или дообјасни:„На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија”, напиша Лукаревска.Венко Филипче пред еден ден објави фотографии и текст од приемот кај амбасадорот Гир пи повод Денот на Европа. Пред 6 дена им честиташе на победниците и напиша дека СДСМ треба да помине низ длабока внатрешнс реформа и реорганизација.Последна објава на ФБ од Јован Митрески, кој се уште ја врши функцијата прв човек на Парламентот е од 8 мај кога посакува демократски успешен изборен ден.И Славјанка Петровска е актуелна министерка за одбрана.Таа има објави од гостување во ТВ емисија и тонски исечоци од кажаното во кое се осврнува на употребата на уставното име и настапот на новата претседателка:„Мислам дека она што се случи во неделата при изговарањето на свечената заклетва, е дека политичарката/претседателката Силјановска го погази правникот”, напиша Петровска, изразувајќи загриженост зошто не кажала ништо за државните интереси.Симпатизерите на СДСМ се разочарани од изборниот резултат за што вината ја лоцираат кај раководството. Бараат не само оставки туку од сите кои биле на функција а станале пратеници, да се откажат од пратеничките позиции.

Македонија | пред 1 година

BITIKI0

Битиќи демантира: Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на ФБ ги демантира написите во дел од медиумите дека ќе дејствува како независен пратеник, а потоа и како член на ВЛЕН.,,Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на "неофицијално дознава...".Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата”, напиша Битиќи.Битиќи е избран од листата на СДСМ во ИЕ2, но поради изборниот дебакл прв поднесе оставка од политичките функции, но условена и која ќе биде ефектуирана кога цело раководство ќе замине.Денеска Битиќи напиша и дека останува во политиката.

Македонија | пред 1 година

MILE-ZECEVIC

Каде е Миле Зечевиќ?

Миле Зечевиќ, кој во СДСМ дојде во пакет со Димитар Ковачевски како генерален секретар на партијата, а имаше одговорна задача да ги консолидира редовите по катастрофалниот пораз на локалните избори.Пројави желба и за испразнетото лидерско место на Заев, но се задоволи организациски да ја раководи партијата. Тој требаше да го консолидира и обедини членството во пресрет на претседателските и парламентарните избори.„Кога се качуваме накај планината забораваме на оние кои што тргнале со нас по патот додека стигнеме до врвот. И тоа е едно лошо правило. Најважно е внатрешната организација да ја направиш врз принципи каде што ќе го почитуваш секој поединец и нема да заборавиш кој ти помогнал и на каков начин. Имавме плејада на луѓе кои застанаа зад политиките на СДСМ во 2013 година и претходно се до 2017 година. Кога се презема власта во една тешка и специфична ситуација, се два проблеми. Во оперативните капацитети мора да покажете апсолутно нешто што им е потребно на граѓаните. Граѓаните може не ги разбираат клучните придобивки од НАТО и ЕУ. Но ние се компарираме, сакаме квалитетен живот, добри улици, квалитетна храна, да живееме во еден простор кој личи и приличи на европско живеење“, рече Зечевиќ пред три години.Токму овие принципи партијата и ги заборави и народот на овие избори тешко и ги казни, а токму Зечевиќ беше шеф на Централниот изборен штаб.Во вториот круг за избор на претседател и на парламентарните избори, членови на СДСМ и коалициските партии критикуваа дека кампања како и да нема, ништо не е организирано и ова беше дел ставено и на контото на Зечевиќ.Видливо беше неговото отсуство на изборниот ден - камерите на медиумите го уловија само во столчињата за публика. Како еден од најодговорните не поднесе оставка.Спроед информации од СДСМ, тој е во Америка кај син му. Чудна информација. Во време кога СДСМ пука по сите шавови и го преживеа најтешкиот пораз до сега и ќе биде трета партија, генералниот секретар и шеф на Изборниот штаб, Миле Зечевиќ да не е со партиското членство.Пораката е лоша, демотивирачка, или зад потегот се крие нешто друго? А оставка и отчет кога?

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Сања Лукаревска призна и своја вина за изборните резултати

И Сања Лукаревска, вториот човек по функција во СДСМ, кажа свое мислење за тешкиот пораз на СДСМ на парламентарните избори. Таа е директорка на Управата за јавни приходи. Еве што напиша Лукаревска: ,Почитувани граѓани, почитувани мои социјалдемократи,Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака.СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија.Лукаревска е четвртиот функционер од СДСМ кој поднесе оставка. Пред неа тоа го сторија Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Јованка Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

На Македонија и е потребен СДСМ - што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме, вели Лукаревска

Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака. Честитки за победниците“, вели заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.„СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија“, вели таа.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-05-09-at-16.38.42

Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?

Стево Пендаровски синоќа на прес конференцијата го призна поразот и упати честитка до победниците. Мандатот му завршува во недела, па на заминување од „Александар Палас“ посака да се слика со своите соработници.На фотографијата на БИРН се неговата сопруга и синот, дел од Кабинетот и неколку лица, непознати за јавноста.Забележливо е отсуството на видни членови на Кабинетот кои до вчера беа први до Пендаровски и на средби и на патувања. Па така доколку се отвори сајтот и имињата од неговиот Кабинет се гледа дека „се сокриле“ или избегнале да се фотографираат:Гоце КарајановАмбасадор, Посебен советник за надворешна политика,д-р Александар Љ. СпасовСоветник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања,Елена ПресилскаПосебна советничка за стратешки комуникации во надворешна политика,Бисера СпасевскаСоветник за економски прашања,м-р Билјана Мицевска-ЈосифовскаШеф на протокол,Билјана БлажескаАѓутант на претседателот на Република Северна Македонија,Кристијан ГеоргиевскиСоработник за дигитални медиуми и продукција,Фикрија ТаирНадворешна соработничка, советничка за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија,Искра ГешоскаНадворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата.Во вториот круг видно беше отсуството од митинзите и синоќа на соопштување на резултатите и на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.Дали кај нас, за жал, луѓето ти се битни само кога се на функција?ФОТО: БИРН

Македонија | пред 1 година

IMG_3923

Оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не одложени, бара Деспотовски

Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска побара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не со одложено дејство и условени.Деспотовски му беше еден од противкандидатите на Димитар Ковачевски за лидерската функција во СДСМ. Еве што објави Деспотовски:,,💬На нашите членови, поддржувачи денес им е повеќе од потребен консолидиран и свесен СДСМ. Сите се тажни, разочарани, но и уплашени од повторување на некои лоши работи од некои не така далечни минати времиња. Силен и реформиран СДСМ може и мора да ги заштити. Силен и реформиран СДСМ ќе биде надеж за сите граѓани.📝Вчеравечер пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност, со име и презиме,почнувајќи од врвот. По статутот, тоа ќе отвори веднаш простор за поширока анализа на причините за овој пораз. За одговор на прашањата: Каде исчезна онаа енергија од пред 7 години? Дали ветивме многу работи а малку исполнивме? Каде се стопи довербата и како се загуби сета онаа надеж кај луѓето? Признанието дека имаме огромен проблем е прв чекор за негово надминување.👥Како членови на СДСМ носиме огромна одговорност нашата опција, идеја, цел да опстои и да постои и понатаму. Денес сме им потребни на нашите членови и поддржувачи, но и нас самите, ама...веќе утре ќе и бидеме потребни на државата, на сите наши сограѓани. За носење на брзи и квалитетни одлуки ни треба итна сериозна анализа, која не треба да се одолговлекува. Но, за првиот чекор кон овие одлуки треба само храброст кај врвот да се прифати реалноста на овој пораз. Не ни требаат условени оставки кои ќе се ефектуираат доколку и другите си поднесат оставки. Секој да почне од себе без да го чека партискиот другар до него. Само така овој процес на промена нема де трае предолго а штетата нема да стане ненадоместлива”, напиша Деспотовски.

Македонија | пред 1 година

slika-2-analiza

И Јована Тренчевска се повлече од партиските функции

По оставките од партиските функции по изборниот дебакл на Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, и Јована Тренчевска објави дека се повлекува од партиските функции. Еве што напиша на ФБ:,,Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде. Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка.Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани. Ги донесовме највисоките плати и пензии, се грижевме за најмладите и за лицата со попреченост. Чекори кои не сакам да избледат низ времето.Затоа денес се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи!Продолжувам цврсто напред. Нема да дозволам уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник!Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро”, напиша Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

cnjreagerhgetehg-197258

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин поднесе оставка

И Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.,,Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ”, напиша Морачанин на Фејсбук.Морачанин беше шеста во ИЕ 1 на коалицијата за Европска иднина. Според досегашните резултати од оваа изборна единица влегоа само тројца:Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и Даниела Николова, а извисија видни членови од СДСМ и коалициските партии, меѓу нив и Бојан Маричиќ, Милена Стевановиќ, Маја Морачанин, Дарко Каевски, Лубица Јанчева,Лупчо Фармаковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3498

(Видео) Кој ќе биде првиот проемнет во СДСМ?

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“, одговараше на прашањето кој прв ќе биде променет во партијата. Според неа, прво ќе биде променета перцепцијата на раководството која ја има за тоа каде се наоѓа партијата и како котира кај јавноста. „Ние сме исправени пред отчетен конгрес. Утрото е попаметно од ноќта“, рече Лукаревска.Таа кажа дека раководството треба да биде свесно за своите грешки, исто како што и таа е свесна за нејзините постапки.Инаку, вчера се отвори прашањето дали Димитар Ковачевски е првиот кој си оди од партијата која паѓа од власт, а по неговата прес-конференција оставка дадоа Перо Костадиновски и Фатмир Битиќи кои беа во раководните структури на СДСМ.?t=6141

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-09-at-13.09.52

(Видео) Лукаревска: Никој не може да нѐ симне од власт, ако не се симнеме сами - занимавајќи се со себе, шепотите не ги слушнавме

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во „Претрес со Ландов“ посочи дека нив од власт не ги симна Али Ахмети со неговото однесување, туку сами себе си направиле штета. „Нас не може никој да не симне од власт ако не се симнеме самите ние. Така што толку имам да кажам околу тоа. Занимавајќи се премногу самите со себе, некои шепоти не ги слушнавме доволно силно, па сега ни е малку и поспецифично како грмотевица“, рече Лукаревска.Прашана за критики, рече: „Јас прифаќам критика, жалам што одредени луѓе во политичка смисла, независно дали од СДСМ или други партии не прифаќаат критика, туку сфаќаат како да некој има нешто против нив. Ако повеќе критикувавме, можеби ќе направевме некаков подобар пресврт“.?t=6141

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Лукаревска гневна на ДУИ: Замислете сите што сме на позиции да даваме голчиња во канцеларија

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вчерашното издание на поткастот „Претрес со Ландов“ посочи дека постапките на министри од ДУИ, ги чинело голем пад на изборите.„Одредени политики, одреднеи законки решенија кои беа пот капата на ДУИ, направија соодветен пад на нашиот рејтинг. Ако зборуваме за потктестот, играњето во канцеларија на кошарка - навистина иритира. И тоа да го правеле така, не треба да оди во јавност, навистина иритира. Колку и да сте во коалиција, создава одреден гнев кај вас“, рече Лукаревска. Прашана дали тоа и кај нејзе донело гнев, посочи: „Замислете сите што сме на позиции, да земеме да играме кошарка, да даваме голчиња. Ова наше општество не може тоа да го прифати и тоа ми е јасно. Исто како што не можеше да ги прифати и оние извици на плоштад (УЧК, УЧК) тоа оди на наша штета. Тоа се дел од фактите, патоказите кои мора да нѐ освестат во делот на стратегиите за наредниот период“.?t=3678

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања