Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

434212440_728473352737184_7566182527108880512_n

Пука ли тиквата меѓу НСДП и СДСМ?

Во неделата навечер, по митингот на Коалицијата за Европска Македонија во Струмица, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар на Собранието, Мики Милковски, се најде повреден од излагањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Милковски посочи дека не му е првпат на Ковачевски да ја споредува НСДП со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Оваа реакција доаѓа откако Ковачевски на митингот во Струмица посочи дека ЗНАМ е направена единствено за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и партијата НСДП во 2006 година. Милковски текстот го објави синоќа вечерта, но утринава, објавата ја нема на неговиот профил на „Фејсбук“.„Бидејќи Димитар Ковачевски последниве денови милува да ја споредува НСДП со ЗНАМ, а денес во Струмица истакнал дека сме ‘минорен коалиционен партнер’, мислам дека се има збунето и го фаќа лоша еуфорија. На VI Конгрес на НСДП го промовиравме како лидер на Коалицијата за европска иднина и овие 550 делегати му ракоплескаа и му дадоа ветер во грб и секако имаше многу подостоинствена и демократска атмосфера од Конгресот на СДСМ, ама изгледа има кратка меморија“, напиша Милковски.Говорејќи на митингот во Струмица за ЗНАМ на Максим Димитриевски, Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ, рече:„Јас постојано говорев дека тој политички субејкт е направен единствено и само за лична корист и поддршка на ВМРО–ДПМНЕ. На истиот начин како што беше направен и политичкиот субјект НСДП во 2006 и Демократската Алтернатива во 1998 година. Последниве два што ги спомнав едниот не постои, а другиот е минорен коалиционен партнер на СДСМ. Бидејќи на крајот сите се враќаат таму од каде што потекнале. Затоа што предавникот не што не го сакаат дома, најмалку го сакаат таму кајшто отишол да предаде. Ќе ги гледате овие од ЗНАМ кога ќе ги стават во последна клупа во Собрание после 8 мај и со наведнати глави, не што ние нема да им правиме муабет, овие од ВМРО помалку ќе им прават муабет. Но на крајот и тие и нивните поддржувачи и оние кои се сѐ уште во нашите редови и кои што ликуваат на резултатот кои тие го освоиле, а нивните другари со кои седат на маса не го освоиле, на крајот ќе се соочат со реалноста. Ќе бидат отфрлени, ќе бидат заборавени и на крајот, повторно ќе треба да се вратат во СДСМ, како стожерна, најсилна и најголема и единствена социјалдемократска партија во Македонија“.?t=3265Мики Милковски инаку на листата во ИЕ 2 на коалицијата, се наоѓа на десетото место, што е недостижно за влез во Парламентот.Од НСДП се уште нема друга реакција.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski-14

Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, вели СДСМ

„Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија“, вели СДСМ и додава:СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат.Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите.Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани.Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад.

Македонија | пред 1 година

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?, прашува Стоилковски

„Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Македонија | пред 1 година

IMG_3521

СДСМ со навреди кон Максим Димитриевски: ЗНАМ е човек-партија

„Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции“, велат од СДСМ и додаваат:За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski

Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата, реагира СДСМ

„Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата“, вели СДСМ и додава:Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Македонија | пред 1 година

27-april

Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, велат од СДСМ

„ДПМНЕ наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, за крвавиот четврток, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители“, вели СДСМ и додава:Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, како што велат Силјановска и Мицкоски.Не може насилниците, што се обидоа да го суспендираат Уставот, на тој крвав ден, точно пред седум години, да бидат уставобранители.Поттикнати од ДПМНЕ, тие со насилство го бранеа режимот, а не Уставот.Со огнено оружје и метални палки насилниците, ги бранеа криминалите на ДПМНЕ, ја бранеа заробената држава, сваровски судството, купените медиуми, узурпираните институции, тендерите и провизиите, за да може од Белата палата да продолжат да јадат чоколадо, а да нема ни за леб, да продолжат да ги тепаат студентите, да затвораат медуми и новинари, да организираат спектакуларни апсења, да нарачуваат пресуди по телефон, да увезуваат гласачи од Пустец и грчки песок, да ставаат уште споменици и мермер од стиропор, да сеат раздор и поделби меѓу граѓаните.Насилници никогаш нема да бидат уставобранители.Слободата и демократијата, кои СДСМ ги врати, се скапоцени, 27 април не смее да се заборави, не смее да се повтори.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Демократски изборен ден во фер и демократска атмосфера

,,Денеска имавме навистина демократски изборен ден.Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.А самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата.Ги очекуваме изборните резултати. Уверени дека граѓаните и денеска и на 8-ми мај, ќе поддржат европска иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и горда членка на ЕУ.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Маричиќ: Еве ја разликата меѓу оние кои немаат план и ние кои имаме план

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1, Бојан Маричиќ, со порака за македонскиот план за членство во економски најмоќната унија на светот и со реален план за членство во ЕУ до 2030 година.Маричиќ во својата изјава ги пренесе најважните пораки за усвојувањето на преговарачката рамка каде што стои потврда за нашиот идентитет и македонскиот јазик.Тој ги истакна главните достигнувања во процесот на евроинтеграција:„Започнавме преговори. Го отворивме скринингот. Успешно го спроведовме и го затворивме скринингот. Имаме јасен план за реформи и подготвени сме за отворање на поглавјата. И следен чекор е да ја исполниме единствената наша обврска - проширување на Уставот во делот на етничките заедници. Чекор со кој ништо не губиме, а добиваме исполнување вековна цел. Тој чекор сега го кочат токму оние кои НЕМААТ ниту намера ниту план за македонски влез во ЕУ.“За крај истакна дека воочлива е разликата меѓу оние кои имаат и оние кои немаат план, со повик да успееме сите заедно со вклучување на граѓаните да бидат дел од реализација на европската иднина на државата за полноправно членство во ЕУ до 2030 година.„Ние ВЛЕЧЕМЕ НАПРЕД, тие кочат и го влечат македонскиот народ ПОВТОРНО НАЗАД. За да ја тргнеме домашната блокада. Да ги отвориме поглавјата. Да ги користиме средствата од европскиот План за раст. Да ги заокружиме реформите. За завршени преговори до 2028 година. За полноправно членство во ЕУ до 2030 година.“

Македонија | пред 1 година

mitreski

Митрески: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Носителот на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија најави дека идната влада ќе преземе конкретни мерки со кои ќе ги стимулираат младите да останат во државата и својата иднина да ја градат дома.„Во директна комуникација сме со стопанството и видлива е таму потребата од човечки капитал кој ќе има стручност во согласност со потребите на пазарот на трудот. Затоа неопходна е реформа на образованието која ќе соодветствува на потребите на пазарот на трудот. Истовремено, предвидуваме и значаен пораст на платите, што е клучно за мотивирање на младите да останат во државата и својата иднина да ја градат тука“, рече Митрески.Тој додаде дека ќе продолжи континуираниот раст на минималната и на просечната плата, како и зголемување на поддршката на домашните компании на 180 милиони евра.„Планираме поддршка на бизнисите кои ќе вработуваат млади, но мора да се зголеми и продуктивноста на работниците“, додаде Митрески.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Носителот на ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, во денешната дебата на ТВ 24 најави дека прва мерка на идната влада предводена од СДСМ ќе биде целосен ветинг на судиите, јавните обвинители и политичарите.„Прво со што ќе се зафати новата влада е целосен ветинг на судиите, на јавните обвинители и на политичарите. Граѓаните точно да знаат кој ги претставува, кој ги носи судските одлуки. Тоа ќе биде првиот чекор во справувањето со корупцијата“, нагласи Митрески.Тој информираше дека оваа мерка беше планирана, но за жал поради сугестии од Европската комисија, Владата се откажа.„Овој пат нема откажување, ќе има целосно прочистување. Не смее неколку скапани плодови да го затрујат целиот систем. Дополнително, целосно ќе го смениме начинот на избор на членови на Судскиот совет, според принципот на избор на членови на ДКСК, модел кој беше поздравен од нашите меѓународни партнери“, додаде Митрески.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Изборите не се за бисквити и гурабии, туку за иднината, заканувачките пораки се враќање назад 20 години

,,Претстојните избори се клучни за иднината на државата и на граѓаните.Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку за иднината.Заканувачките тонови и пораки се враќање назад 20 години.СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права, можности, но и одговорности.Правата на сите заедници, вклучително и на албанската заедница во државата се запишани во Уставот и никој не може да ги одземе.Надежите дека некое незадоволство може да се претвори во насилство се залудни.Никој здраворазумен, нема да го дозволи тоа.Меѓунационалното единство е сѐ уште кревко. Не може да се дозволи кој било да си игра со него.Мнозинството граѓани се за европска иднина, не сакаат враќање назад 20 години или којзнае каде.Блокадите на европскиот пат од страна на ДПМНЕ, не се без последици. Секоја блокада на европската иднина не е само стагнација, тоа е и враќање назад.Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ европската иднина!Граѓаните ќе изберат европска иднина со СДСМ, наместо враќање назад кон минатото со ДПМНЕ.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

,,Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем на правда и целосен ветинг.Никој, ниту еден функционер, директор, пратеник, раководител нема да биде поштеден без разлика од која политичка партија доаѓа.Нѐ очекуваат сериозни реформи во судството, од ветинг на судии и јавни обвинители до проверка на потеклото на имотот на сите функционери, без исклучок.Европската иднина значи европски правила, почитување на европските вредности, носи европски систем на правда, одлучна, бескомпромисна борба со корупцијата на сите нивоа.Нема откажување од европската иднина.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

,,Од денес, па се до парламентарните избори, граѓаните ќе ги запознаеме со ликот и делото на Александар Николоски, носител на листата во изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да го знаат неговото вистинско лице кој ќе биде на избирачкото ливче и која е неговата вистинска улога во политиката.Николоски кој сака постојано да прашува, а да не понуди одговори, ниту докази за ништо од неговите лаги и манипулации, конечно ќе мора да даде одговори.Александар Николоски е човек кој преку 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните. Како политичар и ништо друго, Николоски во ВМРО-ДПМНЕ е задолжен за креирање лажни афери, лажни вести и пласирање невистини со кои сака постајно да прави конфузија во јавноста. Токму затоа, Николоски е најдемантираниот политичар во историјата на државата. Него го имаат демантирано домашни институции, странски држави и верувале или не Обединетите Нации.Станува збор за човек кој што што и да каже јавно – тој кажува лаги. На човек како Николоски воопшто не може да му се верува, затоа што едноставно тој нема друга улога во политиката и партијата освен да манипулира и лаже во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.Неговата улога за дежурен манипулатор, очигледно не ја добил случајно.Затоа денес ќе му поставиме неколку прашања на кои ќе мора да одговори и да се дознае вистината за мрежата која стои зад постојано лажење и плашење на граѓаните за политичка корист на ВМРО-ДПМНЕ.Го прашуваме Александар Николоски:Дали тој лично стои позади целата пропагнда на ВМРО-ДПМНЕ платена од унгарски извори? Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми кои постојано шират дезинформации во државата?Дали Николоски, кој важи за близок човек со Синиша Алексоски, фамозниот разузнавач на Ѓорѓе Иванов, ја води мрежата на ботови на социјалните мрежи кои стојат зад постојано тероризирање на граѓаните на интернет и ширење страв и паника во криза? Дали тој е креаторот на организирани напади за омаловажување и онлајн булинг на оние кои не мислат исто како него и ВМРО-ДПМНЕ?Дали тој беше задолжен да создава немир секогаш кога државата ќе беше во некаква криза? Добро се сеќаваме на десетици деманти кои ги добив во време на трите последователни кризи низ кои помина државата.Ова е само прва серија на прашања кои мора да ги одговори Николоски. Во следните прес-конференции ќе ги разоткриеме неговите врски со сомнителниот бизнис и подземјето.Граѓаните на изборна единица 4 имаат право да знаат кој ја бара нивната доверба и кој вистински е овој човек.", изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати европски пари искористени и вградени во македонското земјоделство, истакна Николовски.Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација.Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство.Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4.„Нова мерка која ја воведовме е поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Преку оваа мерка тутунарите добиваат право и на мерката зелена нафта во висина од 12.000 денари“, изјави Филипче.Тој појасни дека предвидена е дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.„До 2016 година тутунарите добиваа субвенција од 60 денари по килограм за сите класи. СДСМ субвенцијата уште на почетокот од мандатот ја зголеми 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета класа по килограм тутун. Со зголемување за 20 денари на субвенциите за сите три класи предаден тутун за реколта 2023, субвенцијата за прва класа тутун за прв пат достигна 100 денари“, вели Филипче.Филипче потсетува дека сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот.„Тутунот од ланската реколта има рекордна откупна цена од 365 денари. За минатата година исплатени се 1,5 милијарди денари субвенции за 14.300 производители на тутун. Не ги оставивме тутунарите да чекаат да им се откупи тутунот, реколтата за 2023 година беше откупена до последен лист. Ги слушавме тутунопроизводителите како да им ја олесниме процедурата за откупот, затоа ги укинавме белите картончиња со што сложени процедури повеќе не постојат“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

„Имаме вредни земјоделци, трудољубиви фармери и европски можности. Наредните четири години нашето земјоделие ќе го развиеме за да може да обезбедува стабилно и сигурно снабдување со храна, a Македонија ќе биде извозник на храна. Ќе одвоиме финансиски средства за поддршка на малите и средните земјоделски стопанства, како што се субвенции за модерна опрема. A ќе обезбедиме и обука за одржливи технологии и финансиска помош за органско и традиционално производство на култури за секој земјоделец да има можност да ги освои регионалните и европските пазари.“ , изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешната прес-конференција која се одржа во Бутел, Скопје.Тој потенцираше дека во наредните четири години, во следниот мандат на Владата предводена од СДСМ, земјоделците ќе добијат поддршка од 1,35 милијарди евра! Од нив, 750 милиони евра ќе бидат директна финансиска поддршка за земјоделскиот сектор, а 600 милиони евра ќе се искористат за капитални инвестиции за проекти од руралниот развој.„За тоа дека ова не се празни ветувања, зборува и тоа што го направивме, градевме и обезбедивме вода за земјоделците да произведуваат повеќе. СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, капитален проект вреден 40 милиони евра, со кој на 4.000 хектари обработлива површина ќе се наводнува, и ќе се произведува повеќе храна. Завршени се и браната Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица.“ – истакна БитиќиСо фокус за развој на европско земјоделие, во наредните четири години Битиќи посочи дека ќе имаме рекордно производство на храна во износ од преку една и пол милијарда евра, а приходите од извозот на прехранбени производи ќе изнесуваат 1,25 милијарди евра.„Ова не се само бројки, тоа е нов потенцијал за економски раст и развој, чии бенефиции ќе ги почувствуваат сите земјоделци. Ќе го зголемиме износот за грантовите од 10.000 на 15.000 евра – цели 50%, за поддршка на младите земјоделци кои сакаат да започнат со земјоделска дејност, а дополнително обезбедуваме и 40% авансна исплата на тие средства.“Зборувајќи за предизборната „Програма за европска иднина“ на СДСМ, тој најави дека во наредните четири години тој најави дека ќе се зголеми поддршката на секој производител на вино од 10.000 на 15.000 евра, поттикнувајќи го претприемништвото и иновациите во нашата лозарска индустрија.„Поддршката кон малите дестилерии почнувајќи од 2026 година ќе ја зголемиме, од 5.000 евра на 10.000 евра. Најавуваме нова мерка: почнувајќи од 2025 година, со 10.000 евра ќе ги поддржиме семејните домаќинства во рурални предели за да го развиваат туризмот и да создаваат можност за ноќевање и угостителски услуги.“ – истакна Битиќи.Битиќи на крајот на изјавата кажа дека СДСМ има конкретни, издржливи и остварливи мерки за идниот развој на нашето земјоделие.„Затоа, не се откажуваме од иднината на нашите земјоделци и ќе им овозможиме пристап до европските пазари.“ – рече тој.За крај, тој кажа дека за само два дена ќе бидеме пред првиот избор за тоа каде сакаме да одиме, дали сакаме да се движиме кон Европа и создавање европски стандард дома. Затоа на 24ти треба да знаеме дека гласот за број 1, односно гласот за Стево Пендаровски е глас токму за тој пат. Пат кон просперитет, развој, европски пат и пат на обединување и стабилност.

Македонија | пред 1 година

IMG_3514

Спасовски: Во следните 4 години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Носителот на листата за ИЕ 2 на Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, денеска се обрати на прес-конференција која се одржа во Скопје.„Европската иднина значи европски животен стандард за сите граѓани, европски плати и пензии, пристап до европскиот пазар и развој на микро, малите, средни и големи компании, шанса за надминување на рекордот што го постигнавме во странски инвестиции. Значи европски квалитет на услуги и задолжителна реформа на правосудниот систем по европски пракси”, порача Спасовски, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.„Ние ветуваме дека ќе обезбедиме просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, просечна пензија од 30.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари, нови 180 милиони евра државна помош за домашните фирми, нови странски инвестиции и кажуваме како. Веднаш по формирањето на новата Влада ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија, ќе ги завршиме во текот на следниот мандат и до 2030 година ќе влеземе во ЕУ”, рече Спасовски, наведувајќи ги придобивките од членството во НАТО.„Видовме што донесе членството во НАТО. Донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, во најкризната година 2022 година за целиот свет. Речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра. Донесе повеќе пари во државниот буџет. Од нив, со над 100 милиони евра поддржавме над 919 компании, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Европската Унија сега има удел околу 65% од вкупниот број на странски директни инвестиции. И овој процент очекувано ќе се зголеми со полноправното членство”, истакна Спасовски, додавајќи дека членството во ЕУ носи нови инвестиции.„Како членка на Унијата, меѓу европските држави, дополнително ќе ја зацврстиме стабилноста во Македонија. На овој начин ќе привлечеме нови странски инвестиции. Ќе овозможиме излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе и нивен сигурен развој. Така ќе постигнеме европски приходи и европски животен стандард во нашата држава. И тоа во предвидлив рок, во следните 4 години”, рече Спасовски.Спасовски се осврна на немањето на став во редовите на опозицијата по прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.„На спротивната страна од нашата европска визија е нејасен концепт на деструктивната опозиција, на чело со наследниците на Никола Груевски и Хрустијан Мицкоски, кои претендираат да се дограбат до власт со квази партиотизам што носи нови години, можеби и децении неизвесна иднина, опасност, нестабилност. Тие имаат нејасни и променливи ставови за Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Рамковниот договор. Водејќи се од штетни популистички политики, за теснопартиски интереси се подготвени да ги закочат евроинтеграциите. Со тоа што ќе ги доведат во прашање стартешките партнерства со државите од ЕУ, САД и НАТО, кои се најголемите инвеститори во државата, ја носат земјата во изолација. На овој начин ќе ја загрозат и егзистенцијата на граѓаните и на фирмите. Ако не е така, тогаш нека бидат чесни и нека кажат - каква иднина ќе градат, ако таа не е европска? Бидејки, граѓаните имаат право да знаат што ги чека. Но не кажуваат”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ и европската коалиција граѓаните добиваат европска иднина и ги остваруваат стратешките интереси важни за граѓаните и државата.„Со СДСМ и европската коалиција, граѓаните знаат – ги чека европска иднина.Но, сите искусивме и знаеме што значи неевропска и недемократска власт. Значи повторно уназадување на слободата на говор и на демократијата, за да не се слуша што се прави. Закани за затворања медиуми, фирми и поединци неистомисленици. Изолација од демократскиот свет. Во предизборната реторика го враќаат на преиспитување и „Рамковниот договор“, а овие несериозни и штетни неевропски наративи се закана и за домашна дестабилизација и враќање назад, во мрачното минато од кое едвај излеговме. Ја вративме слободата во 2017 година. Обезбедивме домашна стабилност со концептот Едно општество за сите. Станавме членка на НАТО. Ги отворивме преговорите со Европската Унија. Ги осигуравме територијалниот интегритет и идентитет. Јас сум првиот кој од позицијата министер за внатрешни работи, пред една година го потпишав првиот договор со ЕУ, на македонски јазик! Пример сме успешна мултиетничка демократија и денес и ние сме ѝ потребни на Европа во актуелниот геополитички контекст. Ова е момент за европска иднина што не се пропушта.Во среда, на 24 април да гласаме за број 1 - за нов мандат на Стево Пендаровски. Следната среда, на 8 мај да гласаме за број 1 – за нов мандат на Социјалдемократскиот сојуз, преводник на новата проевропска влада и на европските промени”, подвлече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

,,Изборот е кристално јасен, изборот е помеѓу подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните, туку ги обединува.На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на Белата палата, туку вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност, туку напредок и членство во ЕУ.На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Гласот за број 1, за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

,,Се што ветивме за земјоделците досега, исполнивме.Зелена нафта, авансна исплата на субвенции, ИПАРД грантови за мали производители.Во наредниот мандат продолжуваме со рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, кои ќе бидат наменети за модернизација, за поголеми приноси, за подобар квалитет, за извоз на македонското земјоделство.Обезбедуваме 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат.Имаме конкретен план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вложуваме нови 100 милиони евра во руралниот развој.Предводуваме поддршка за сточарството, за винариите, за младите земјоделци, за жените земјоделки.Од 10 на 15 илјади евра го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци.Ќе има инвестиции во системите за наводнување, со кои обезбедуваме наводнување до нови над 21.000 хектари.Планот за европска иднина на Македонија е реален, со конкретни мерки кои ќе донесат и конкретни резултати.Покажавме дека имаме капацитет и знаење, но и дека имаме и план и храброст тој план да го реализирам.Со почетокот на преговорите и со зачленувањето во ЕУ, се отвораат нови перспективи и за земјоделците.Затоа, Ве повикувам на 24 април и на 8 мај да дадеме силна поддршка за СДСМ и за Коалицијата за европска Македонија, бидејќи ние обезбедуваме прогрес, развој и унапредување за сите.Гласаме за бројот 1!Нема откажување од иднината!", изјави Јован Митрески.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

СДСМ: Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди евра поддршка во земјоделството

,,СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра.Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.СДСМ има конкретен план за да обезбеди рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вкусот на Македонија да биде на европските трпези.Со СДСМ нема откажување од европско земјоделство дома!", изјавија од СДСМ.

пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење

,,Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во образованието, борбата против криминалот и корупцијата.СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасен, конкретен план за европската иднина на Македонија.Од друга страна ДПМНЕ има план кој не е план, план за мораторум за ЕУ. Ќе го одложуваат патот кон ЕУ и за неуспесите ќе ја обвинуваат ЕУ. Спремни се да изгубат уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.Македонија едноставно, нема време за губење.На овие избори понудата пред граѓаните е надеж за подобро утре во Европската Унија од една страна и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.", изјавија од СДСМ.Иднината на Македонија е во ЕУ. Со СДСМ нема откажување од иднината.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-19-at-22.33.03

Трајковски: За Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската

На вечерашниот митинг во Кисела Вода, кандидатот за пратеник во Изборна единица 1 од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Трајковски им порача на присутните граѓани: „Ние точно знаеме дека европскиот пат е тежок, но за нас нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската. И ние работиме да ја оствариме.”Изминативе седум години напорно работевме. Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Донесовме и тешки одлуки кои ни обезбедија и членство во НАТО и отпочнати преговори со ЕУ.“Можам со сигурност да кажам дека ние нема да се откажеме и од иднината. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ.“ – рече Трајковски и додаде: Знаеме дека нема брзи решенија за системските проблеми. Решението е продолжување по европскиот пат и членството во ЕУ. Нема друга алтернатива за нас. Само така земјата ќе има прогрес и ќе постигнеме европски стандард.“Кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски додаде:„Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓутоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години. Затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски. Ве повикувам сите вие да бидете дел од заедничката победа! – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

IMG_3524

Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.Донесовме економска стабилност за пензионерите.„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, односно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во државата“, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3522

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата денеска оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица.Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во иднина ќе направи сè за да ја заштити оваа категорија граѓани.„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, овозможивме граѓаните да имаат лекови во кој било ден од месецот. Оваа мерка беше најважна за пензионерите кои можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст. Овозможивме и бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава“, рече д-р Филипче.Тој посочи и дека без разлика на кризите со кои се соочуваше целиот свет, СДСМ не дозволи товарот да биде ставен на грбот на оние кои не можат повеќе да заработуваат и пензиите беа покачени за 50% во нивниот мандат. Но, како што рече, за пензионерите мора да се посветува и повеќе внимание во наредниот период.„Тие се најпеднатните плаќачи на обврските кон државата, најнавремено плаќаат сметки за струја, комуналии, купуваат голем број лекови, тие веднаш откако ќе ја земат пензијата, на еден начин парите повторно ги враќаат во државната каса“, истакна Филипче.На крајот од своето обраќање, д-р Филипче ги повтори и ветувањата на СДСМ во следниот мандат, односно минимална пензија од најмалку 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари, како и воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Во зимските месеци, рече Филипче, пензионерите ќе добиваат регрес од 3.000 до 6.000 денари и додаде дека највисоката поддршка ќе биде за пензионерите со најниски пензии.„Ќе направиме сè за на стари години по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот поранешен труд. Тоа се наши родители, кои нè застанале на нозе, штеделе за да нè школуваат, да нè изведат на прав пат. Сега ние треба да се грижиме за нив и да им обезбедиме достоинствена старост“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

slavjanka

Петровска: Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања