Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

(Фото) Филипче излезе од сенка во пресрет на изборите

Докторот Венко Филипче по паузата откако го тргнаа од министерската функција, пак се врати на политиката. Излегува на терен, се среќава со граѓани, држи говори и објаснува зошто треба да се гласа за СДСМ на претстојните избори. Пред неколку денови, тој беше во Радовиш, каде се отвораа општински штабови. Речиси и да нема објавена фотографија без него на неа.„Партиските простории се тесни за да ја соберат реката од народ на отварањето на штаб на СДСМ во втора месна!!! Ова е само мала најава за двојната победа на СДСМ!!! Гостин: д-р Венко Филипче“, стои во објавата.Иако не е официјално објавен како носител на листа, се потврдуваат неофицијалните информации дека тој ќе биде носител на СДСМ во Изборната единица 4. Филипче важи за близок чоек до експремиерот Зоран Заев, а од политиката излегоа речиси истовремено. Филипче е познат и ценет доктор, додека како министер беше ептен фален, па ептен критикуван поради постапките кои ги имаше.

Македонија | пред 2 години

1

Инфлацијата се намали на 3%, мерките на СДСМ дадоа резултат, велат од партијата

„Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат“, велат од СДСМ и додаваат:Инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување.Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари.Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена.Ова е потврда дека сите мерки на СДСМ за зауздување на растот на цените го даваат својот резултат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина, вели Каевски

„Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ и додава:Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани.А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја.Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев?Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.Мицкоски и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот.Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро.На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Македонија | пред 2 години

Foto-2

Пендаровски ќе нѐ носи во ЕУ, најавува СДСМ за да биде гласан на изборите

„Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ, со Силјановска изолација и враќање назад. Тоа е изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори“, вели СДСМ и додава:Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина - членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Македонија | пред 2 години

1-1

Старите фотографии на Мицкоски и Давкова одново во соопштение на СДСМ

Фотографиите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник Ковачев од пред пет години и натаму се тема на СДСМ. По неколку дена, повторно преку ново соопштение поставуваат исти прашања.„На сликите на Мицкоски и Силјановска со Ковачев се кочничарите на иднината на МакедонијаИ Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски си имаат слика на која гордо стојат покрај главниот негатор на македонскиот народ, јазик, историја, култура, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.Сликите кажуваат многу. Тоа се кочничарите на иднината на Македонија.Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваа со ставовите на Ковачев , кој јавно тврдеше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со Пендаровски или изолација со Силјановска

„На претстојните избори, изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со Пендаровски или изолација со Силјановска.Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев?

„Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и Христијан Мицкоски.Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Се согласува ли Силјановска со Ковачев за неговите изјави за Гоце Делчев?

„Наместо да се правдаат и напаѓаат ДПМНЕ и Силјановска нека одговорат дали Силјановска се согласува со изјавите на Ковачев за Гоце Делчев?Ковачев пред 5 години на Македонија и порача да признае дека Гоце Делчев е Бугарин и пак ќе сме се разбуделе живи и здрави. Дали се согласува со изјавата на Ковачев кој рече дека разбирал дека е тешко да се надмине децениски фалсификувана историја, исто пред 5 години?Која изјава точно ја поттикнало Силјановска да се слика со Ковачев и истата да ја промовира во јавност.Дали и сега можеби Силјановска се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?ДПМНЕ може да се правдаат, објаснуваат и напаѓаат, но не можат да ја сокријат заедничката цел со Ковачев, а тоа е Македонија да се попречи на патот до конечен влез во ЕУ. И едната и другата страна преку Ковачев прават сѐ да ја закочат европската перспектива на државата“, вели СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Tasevska

Тасевска: Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското

„Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато.Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска.Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро.Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата.Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев.Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ.Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат.Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Силјановска горда со Ковачев на кого му беше забранет влез во земјава

„Фотографиите од Гордана Силјановска Давкова заедно со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев потврдуваат дека блокадите на иднината на земјата им се заедничка цел.Силјановска се гордее со Ковачев на кого му беше забранет влез во земјата, кој еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик, историја и култура.Тој ја користи секоја прилика да зборува дека Македонија е вештачка држава, дека Македонците се вештачки создаден народ, дека македонскиот јазик е вештачки создаден.Ковачев беше санкциониран од Европскиот парламент откако таму искористи нацистички поздрав.Силјановска гордо стои со Ковачев, кој тврди дека Македонија ја факсигикува историја.ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Силјановска застана зад изјавите на Ковачев против Македонија

„Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, СНОМ, Миладинови, против македонската култура.Ковачев е е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата.Тој отворено зборува дека Македонија е вештачка држава, создадена од Коминтерната, дека македонски народ не постои, а АСНОМ е столб на антибугарството.За Ковачев, браќата Миладинови не напишале Зборник туку „Бугарски народни песни“, за него сите македонски дејци се Бугари.Јавноста очекува одговори од Силјановска.Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.Со ДПМНЕ и Силјановска не е е можна никаква позитивна промена туку само полошо“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Ilievski

Илиески: ВМРО – ДПМНЕ во Битола се распарчи на три дела

„На една страна е градоначалникот, Тони Коњановски и неговите приврзаници, на друга страна се советниците од ДПМНЕ и коалицијата, а на трета страна е Општинскиот комитет во Битола.Расколот во ВМРО – ДПМНЕ Битола се случува после дебаклот со собраните потписи за поддршка на Силјановска.И покрај сите притисоци кои ги правеа, не ја добија очекуваната поддршка од битолчани!Два дена подоцна, советниците од ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на својот градоначалник, Тони Коњановски.Не гласаа за завршната сметка што тој ја предложи, а две и пол години го фалеа дека фантастично работи.СДСМ и коалицијата во советот на општината нема да дозволат Битола да биде заложник на расколот во ВМРО – ДПМНЕ и ќе ги заштитиме интересите на граѓаните.ДПМНЕ не може да донесе никаква позитивна или суштинска промена кон подобро. Иако имаат 2 години локална власт во Битола не направија ништо.Во ДПМНЕ војуваат кој да биде пратеник, а граѓаните на Битола уште војуваат со кал и ископани улици.Со Тони и ДПМНЕ Битола тони! Затоа, битолчани ќе го казнат ДПМНЕ на следните избори“, вели Методија Илиески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се откажеме од единствената надеж за подобра иднината

„Она што го нудат ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание.Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов.ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води оваа партија.Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре.Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.Патот до ЕУ е тежок и долг, но сепак тоа е единствениот начин за суштински позитивни промени.Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“ вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Силјановска и ДПМНЕ сакаат да се откажеме од иднината

„Она што го нуди ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од  иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.Силјановска е реприза на Иванов.ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води.Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани.Изборот е јасен: ЕУ со Стево Пендаровски или изолација со Гордана Силјановска“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

slika_kadri

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија

„ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија.Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски.Во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште „Никола Карев“ која се случи во април 2022 година.Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ.Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина

„Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани.Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина.Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа како единствена надеж и оптимизам за подобро утре на сите граѓани, Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.Граѓаните сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски“, велат од СДСМ. 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-04-at-14.10.15

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

„За две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината“, вели Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба и додава:Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања.Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024та година.Верувале или не, за две ипол години дури 650.000 евра за вдомување на партиските кадри на Вмро Дпмне.Со овие средства на најмладите ќе им обезбедеше 4 нови градинки,проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос во Автомоманда ќе беше уште оддамна минато, а ќе се поставеа неколку километри водоводна и канализациона мрежа.Токму затоа ставката во буџетот на привремени вработувања е 100% реализирана. Градоначалникот Стефковски безмилосно троши народни пари за својте сопартици.Мои сограѓани, таква е реалната слика кога вмро дпмне ја практицира власта, а наместо капитални проекти, граѓаните плаќаат за вработувања.Градоначалникот Стефковски едно ветуваше кога ја бараше довербата од граѓаните а сосема друго прави од позиција кога е седнат во фотеља.

Скопје | пред 2 години

25-01-2021-Kuzeska

Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата

Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ“, рече КузескаТаа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се преставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата“, рече Кузеска.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-maricic-bujar

Маричиќ убедува дека СДСМ има народна поддршка за нов мандат

„Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1. Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.“ДПМНЕ ја предлага Силјановска, која е наследник на политиките на Иванов, за кој веќе не можеме и да ги доброиме гафовите. Таа објави дека ќе потпишела амнестија за насилниците од 27. април, таа беше потписник за кандидатурата на Иванов и е продолжител на неговите ликот и дело, за кој никој од нас не сакаме да се повтори“, рече Маричиќ.Маричиќ потенцираше дека многу е важно политиката на ДПМНЕ која е безидејна да биде поразена. Затоа има разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска и има разлика помеѓу политиките што нуди СДСМ.-Ние нудиме одговорна политика која што им кажува на граѓаните и нешто што на прв поглед не им се допаѓа, но не ги лажеме граѓаните. Сакаме да им кажеме како стојат работите навистина. Денеска нашата држава е ценет член на меѓународната заедница, ценета членка на НАТО, ценет кандидат за членка на ЕУ. Имаме отворени врати секаде во сите политички семејства и имаме стратешко партнерство со САД кое функционира на дело. Ако влеземе во замката на ДПМНЕ, дека можеме и треба да преговараме во нови услови кои што знаеме дека однапред нема да се реални за преговарање, тогаш ќе се доведеме до една ситуација, како со Грција во 2008. Сите беа на наша страна кога го добивме ветото за НАТО, а со тек на време се помалку имавме поддржувачи бидејќи тогаш нашата политика беше градење на непријателство и тензии со сите соседи наместо градење на пријателство и решавање на проблемите. Доколку водиме одговорна и отворена политика граѓаните ќе ја ценат повеќе отколку да ги лажеме како ДПМНЕ што ги лаже граѓаните дека ќе го врати името.“, рече Маричиќ.Заблудите на ДПМНЕ скапо сме ги платиле во минатото и ако зборуваме веќе за вистинска љубов кон својот народ и татковината треба да бидеме искрени кон својот народ и татковината и да кажеме дека со заблуди и со лажни планови нема да ги донесеме нашите граѓани на подобро место. Напротив, нема подобра точка од оваа на која што сме сега.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Ќе се избориме, ќе имаме двојна победа, ќе ја внесеме земјата во ЕУ

Сакам да изразам задоволство од постапката за избор на претседателски кандидат во рамки на партијата. Таа беше високо демократска, транспарентна, широка, отворена и инклузивна. Така доликува на најголемата и најпрогресивна партија во Македонија - посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.Вечерва, по заокружување на постапката во Извршниот и Централниот Одбор, предлагаме Стево Пендаровски да е нашиот избор! Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. - рече КовачевскиИмаме историска можност за државата.Сите ние заедно, со граѓаните, со Стево Пендаровски како иден претседател на државата. Ќе успееме! Сите заедно во СДСМ, сите заедно во коалицијата! Најважно, сите заедно со граѓаните! За вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме! - истакна КовачевскиИ ќе се избориме, ќе победиме! Победа на претседателските избори со Стево Пендаровски! И победа на парламентарните избори на СДСМ и коалицијата. - беше дециден Ковачевски во обраќањето на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

1-1

Стево Пендаровски со поддршка од СДСМ за кандидатурата за претседател

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа партиски конгрес на кој меѓу останатите, едногласно беше донесена и одлука за поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за втор мандат за претседател на Република Северна Македонија.Со оваа одлука се заокружува широкиот фронт на поддршка од политички субјекти и граѓани за кандидатурата за втор мандат за претседател. Во прилог проследуваме изјава од Пендаровски:„На вечерашниот конгрес Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврди својата поддршка за мојата кандидатура за втор мандат.Им благодарам на укажаната доверба.Во изминатите денови добив јавна поддршка за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат. Денеска многу граѓани со своите потписи ја дадоа поддршката и за само неколку часа ги собравме над потребните 10 000 потписи.Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа.Да продолжиме да работиме на создавање отворено, креативно, иновативно и демократско општество во кое ќе има место за секој, каде сечиј потенцијал ќе се цени и секој ќе добие можност да успее тука, дома.Ви благодарам на сите за поддршката. Продолжуваме заедно!“

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на Конгресот на СДСМ.-Во досегашниот мандат тој покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски да станеме членки на ЕУ, рече Ковачевски.Имаме историска можност за државата. Сите ние заедно, со граѓаните, со Стево Пендаровски како иден претседател на државата, додаде тој.-Со искреност, чесност, посветеност, фокус, енергија, верба во себе и во СДСМ! Ве повикувам на искрена соработка, на заедничка работа, на реална верба! На цврстина и стаменост како идни победници, на умереност како македонска вредност, на оптимизам како човечка водилка! Ќе успееме! Сите заедно во СДСМ, сите заедно во коалицијата! Најважно, сите заедно со граѓаните! За вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме! И ќе се избориме, ќе победиме, рече Ковачевски.Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство! Тоа ќе го нудиме сите ние, од срце и душа, со сила на аргументите, и со вербата и оптимизмот, рече Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Патот до Европа е тежок но тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени

Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински промени во нашата земја и нејзината иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, а 27 Конгрес на партијата кој денеска се одржува во Скопје.Европа значи солидарност и еднаквост, значи развој и напредок, значи демократија и мир. Затоа, нема откажување, борбата за подобра, европска иднина продолжува. Тоа е нашата политичка битка која мора да ја добиеме, и ќе ја добиеме, рече Ковачевски.ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени, тие се против ЕУ, она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од иднината, додаде тој.-ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени. Особено што единствената надеж за сигурна иднина на Македонија е членството во ЕУ - а тие се против тоа. Тие прокламираат загрозување на државата, излегување од стабилноста и процесите, и состојба на континуирана криза. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е да се погледне што се случи во Скопје и во општините. ВМРО-ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, нема ништо подобро, нема проекти, нема јавен превоз, нема ништо добро, само катастрофа. Тоа е пример што значи ДПМНЕ кога ќе добие власт, рече Ковачевски.На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.-На претстојните претседателски и парламентарни избори имаме само една шанса да го избереме правецот на државата. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

ДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ, обвинува СДСМ

„На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата“, обвинува СДСМ и додава:Едниот е патот на интеграција во ЕУ, чиј предводник е СДСМ, а другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивен, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам и поларизација.ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат.Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје. ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа.Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски од Рим: Победата на СДСМ на изборите ќе значи продолжување по европскиот пат, напредок и просперитет за Северна Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, на покана на претседателот на Партијата на европски социјалисти, Стефан Лофвен, присуствуваше и се обрати на панел сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“ во рамнки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, на тема мотото „Европа што ја сакаме: социјална, демократска, одржлива“. Претседателот Ковачевски, во рамки на постета присуствуваше и се обрати и на заедничкиот настан организиран од Социјалистичката партија и демокартска партија на Италија, а во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања. Воедно, претседателот Ковачевски оствари и средби со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез како и германскиот канцелар, Олаф Шолц.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот на СДСМ Ковачевски, по завршување на Изборниот конгрес на ПЕС:„Ми беше особена чест што вчера и денеска сум тука во Рим, на покана на Партијата на европски социјалисти, а во пресрет на изборите на Европскиот Парламент. Денеска учествував на Изборниот конгрес на ПЕС, насловен како „Европа што ја сакаме, социјална, демократска и одржлива“, на којшто беше усвоен Манифестот на Партијата на европски социјалисти за претстојните избори и како заеднички кандидат на партијата кој ќе го води европското социјалистичко семејство на европските избори во 2024 година се избра евро - комесарот за работни места и социјални права, Николас Шмит.Конгресот на кој присуствуваа претседателите на европските социјал-демократски партии беше одлична можност да се слушнат и дискутираат политиките на партиите на еворпските социјалисти, како најголема прогресивна сила во Европа а со кои ќе настапат на следните избори. Јасна беше и пораката дека целта е слободна фер и безбедна демократска Европа, со гарантирани права за сите.Исходот од претстојните европски избори е важен за нас како држава, за поддршка на започнатиот европски процес на Северна Македонија, бидејќи ние немаме друга алтернатива, освен интеграција во ЕУ. Тоа значи економска перспектива, социјална правда, демократија и функционално владеење на правото.Овој став го пренесов и во моето денешно обраќање на Конгресот на партијата. Северна Македонија е пред претседателски и парламентарни избори, и на овие избори граѓаните ќе имаат два концепта. Едниот е патот на интеграција, подобар животен стандард со поголеми плати и пензии за сите граѓани, нови работни места, раст на инвестициите, раст на економијата – подобра европска иднина за сите. Тоа е темелот на социјалдемократските прогресивни политики, политики кои во Северна Македонија ги застапува СДСМ.И токму победата на СДСМ на изборите ќе значи продолжување по европскиот пат, кон подобар животен стандард за граѓаните и економски развој, кон унапредена демократијата, владеење на право, слобода на медиумите, социјална вклученост.Владата на СДСМ покажа јасна посветеност и донесе навистина тешки и храбри одлуки, кои пак ја направија државата фактор на стабилност во регионот на Западен Балкан. Ја исполнивме првата стратешка цел, станавме членки на НАТО, по 17 години чекање ги отворивме пристапните преговори со ЕУ. Ги затворивме речиси сите отворени прашања со нашите соседи. Сето тоа се случи за кратки 6 години од владеењето на СДСМ и тоа во услови на КОВИД пандемија и најголема економската и енергетска криза.Другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивно на се ова, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам, поларизација и дезинтеграција.Во рамки на присуството на настаните на ПЕС, овде во Рим, имав средби со германскиот канцелар Олаф Шолц, со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, како и со премиерот на Шпанија, со Педро Санчез, со кои разговаравме за актуелните политички состојби во Северна Македонија во однос на претстојните избори кои се клучен процес по однос на дефинирањето на правецот на државата - тие ќе ја одредат нашата иднина, дали ќе влеземе во ЕУ и ќе напредуваме или ќе се вратиме во изолација и во мрак.Заклучокот од средбите со Шолц, Фредериксен и Санчез, е дека Северна Македонија треба да го продолжи европскиот пат, бидејќи забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност и на нашата држава и на целиот регион.СДСМ како партија е подготвена, и јас лично сум подготвен и решен да ја внесам Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, тоа е нашата цел која имаме должност да ја исполниме - амбициозна, но реална и остварлива“.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања