Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЕЛИГДЕН

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитика до припадниците од православната вероисповед. Филипче во честитката порача дека Велигден како празник што ја симболизира победата на животот над смртта, носи силна порака - и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.„На сите верници од православната вероисповед им го честитам денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања - празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво - вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.Христос Воскресна, навистина Воскресна! За многу години Велигден“, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp3h0ceat54uk06Qod26

(Видео) Илјадници верници пред Соборниот храм за Велигден

Илјадници верници се собраа пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје за да го одбележат најголемиот христијански празник – Велигден.Храмот и просторот околу него беа исполнети со луѓе кои со запалени свеќи го дочекаа Христовото воскресение, создавајќи силна духовна атмосфера во центарот на градот.Точно на полноќ одекна традиционалниот поздрав „Христос воскресе“, на што верниците возвратија со „Навистина воскресе“, симболично означувајќи ја победата на животот над смртта.Граѓаните, меѓу кои имаше и многу млади, присуствуваа на богослужбата, почитувајќи ја вековната традиција и празникот кој за православните верници има најголемо значење.Празничната ноќ помина во мирна и достоинствена атмосфера, со силна порака за вера, надеж и заедништво.

Скопје | пред 1 седмица

media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Три пролетни цветови што, според обичаите, се внесуваат дома за Велигден: лале, крин и ѓурѓевак

Со Велигден се врзуваат многу домашни обичаи, а меѓу нив е и верувањето дека внесувањето одредени пролетни цветови во домот на празникот носи мир, радост и благосостојба за семејството. Цветовите традиционално се доживуваат како симбол на љубов, нежност, плодност и добро здравје, па затоа многумина токму во велигденските денови сакаат домот да го „разбудат“ со свежа зеленила и мириси.Според ова народно толкување, три цветови најчесто се издвојуваат како „среќни“ за Велигден, затоа што го носат духот на пролетта и чиста, светла енергија во просторот.Лалето се спомнува како цвет што симболизира убавина, раскош и напредок. Поради тоа, често се избира за велигденска декорација – како дискретен букет на маса, во вазна крај прозорец или како дел од аранжман со гранчиња и обоени јајца.Ѓурѓевакот, кој природно цвета во април и мај, во традицијата се поврзува со нежност и среќа. Во некои преданија се нагласува и неговото значење како знак на чистота, па се внесува во домот како симболична порака за нов почеток.Кринот, пак, се опишува како цвет на невиност и чистота, но и на вера, надеж и љубов. Во народното поимање често се врзува со празничната свеченост, па со него се заокружува велигденската атмосфера – тивка, достоинствена и пролетно светла.Без разлика дали ги следите овие обичаи од вера, од навика или од желба домот да ви биде потопол и повесел, пролетното цвеќе за Велигден останува едноставен, но впечатлив начин празникот да се дочека со убавина и свежина.

Магазин | пред 1 седмица

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Велигденска порака од Сиљановска-Давкова: Светлината да надвладее над темнината

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитки до поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.Во честитката до архиепископот Стефан, претседателката истакнува дека Велигден е темел на христијанската вера и вечен извор на надеж, нагласувајќи дека во овие „возвишени и благодатни денови“ граѓаните треба да се обединат околу вредностите на љубовта, солидарноста и заемната почит.„Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите и да го зајакнеме духот на заедништво“, наведува Сиљановска-Давкова, посакувајќи мир, здравје и духовна сила во домовите на верниците.Во честитката до Евангелско-методистичката црква, таа потенцира дека Велигден е симбол на нов почеток и духовна обнова, празник кој потсетува дека „по секоја темнина доаѓа светлина“ и дека добрината секогаш победува.Претседателката повикува на сплотеност, грижа за ближните и ширење позитивна мисла, истакнувајќи дека токму во предизвикувачки времиња општеството треба да остане обединето околу вистинските вредности.Честитките ги завршува со традиционалниот поздрав: „Христос воскресе! Навистина воскресе!“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrhd7i3kj8p45cVPIFqb

„Христос воскресе!“ – верниците го слават Велигден, празникот на победата на животот

Христијаните денеска го слават Велигден – најрадосниот празник во христијанскиот календар, посветен на воскресението на Исус Христос. Празникот ја носи пораката за обновата на животот и победата на животот над смртта, како темел на христијанската вера.Во велигденската честитка традиционално одекнува поздравот „Христос воскресе!“, на кој се одговара „Навистина воскресе!“, како сведоштво за верата и надежта што ја носи празникот.Велигден, заедно со Божиќ, се смета за еден од двата најголеми христијански празници. Тој е подвижен празник и се пресметува според црковниот календар, па секоја година паѓа на различен датум.Кај источните христијани, Велигден може да се празнува во период од 4 април до 8 мај, а кај западните христијани датумот секогаш се движи меѓу 22 март и 25 април.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryrhd7i3kj8p45cVPIFqb

Како се слави Велигден низ светот: од Света Гора до Египет

Иако суштината на Велигден е иста – воскресението на Исус Христос – начинот на кој се слави овој празник значително се разликува низ светот, особено меѓу православните верници.На Света Гора, Велигден се одбележува со исклучителна духовност и долги ноќни богослужби што започнуваат по полноќ и траат до зори. Манастирските камбани одекнуваат, а по литургијата следува скромна трпеза и традиционалната „Агапе“ вечера. Кулминацијата е поворката со чудотворната икона „Аксион Ести“.Во Грција, Велигден е еден од најважните празници, со богослужби во текот на целата Страсна седмица. На полноќ на Велика сабота, верниците со запалени свеќи го дочекуваат воскресението, во атмосфера исполнета со исчекување.Во Бугарија, централно место има ритуалниот леб „козунак“, како и традицијата на трикратно обиколување на црквата со свеќи. Постот трае 46 дена, а велигденската трпеза симболично го означува неговиот крај.Во Србија, кршењето со јајца е неизбежен дел од празникот. Првото црвено јајце – „чуваркуќа“ – се чува цела година како симбол на заштита. Велигден е семеен празник, со традиционални јадења и честитки.Во Албанија, се слават и католичкиот и православниот Велигден, а традициите често се преплетуваат меѓу различните верски заедници. Велигден е официјален празник, а прославите се одвиваат низ целата земја.Во Црна Гора, празникот има силен семеен карактер. Гостите носат и разменуваат вапсани јајца, а традиционалните техники за нивно украсување се пренесуваат со генерации.Во Истанбул, сите православни цркви се активни за време на Велигден, а централна улога има Вселенска патријаршија, каде што богослужбата ја предводи патријархот Вартоломеј, со читање на евангелието на повеќе јазици.Во Египет, Велигден кај коптските христијани се спојува со древниот пролетен празник „Шам ел Несим“, кој го слават сите граѓани. Јајцата и рибата имаат симболика и во христијанската и во фараонската традиција, поврзана со обновувањето и животот.И покрај различностите, заедничката порака на Велигден останува иста – победата на животот над смртта, надежта и обновата, без оглед на тоа каде се слави.

Магазин | пред 1 седмица

media-librarympa90gkvpp6g58muut0

(Фото) Рама објави фотографии од велигденска поворка во Корча

Албанскиот премиер Еди Рама сподели фотографии од велигденската процесија на Епитафот во градот Корча, по повод одбележувањето на Велики петок.Објавата е придружена со кратка порака и симболика поврзана со празникот.„Korçë🪺⛪️ Procesioni i Epitafit #Pashkë2026 🤍“, напиша Еди Рама.Процесијата на Епитафот е дел од традиционалните православни обичаи за Велики петок, кога верниците со поворки го одбележуваат Христовото страдање, во пресрет на Велигден.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfvd2k9rkdim72w95dLz

Христовото распнување како симбол на верата: што значи Велики петок

Велики петок, денот на Христовото распнување, се смета за најтежок и најтажен ден во христијанството, симбол на страдањето, жртвата и тишината што му претходи на Воскресението, кое верниците го слават на Велигден.Сите четири евангелија сведочат дека Исус Христос бил погубен на крст во петок, откако бил предаден од свој ученик, а според новозаветните записи, самиот го носел крстот до местото на погубување надвор од градските ѕидини, со круна од трње ставена на главата. Токму овој чин го претвора крстот во централен симбол на христијанската вера.За верниците, смислата на овој ден не е само во страдањето, туку и во надежта дека преку Воскресението на Христос, болката, насилството и смртта се надминати.„Со воскресението на Исус третиот ден по смртта, верниците веруваат дека насилството, болката и смртта се еднаш засекогаш победени, а животот триумфира над смртта“, се наведува во теолошките толкувања.Смртта на Исус Христос се толкува и како жртва за помирување, со која, според христијанското учење, тој ги презел гревовите на човештвото.Во различните христијански традиции, Велики петок има различен акцент, но за сите претставува вовед во најголемиот празник – Велигден. Во одредени земји, како Германија, овој ден се одбележува во тишина, без јавни прослави.Годинава, одбележувањето на Велики петок има и дополнителна симболика во Католичката црква, бидејќи папата Лав XIV лично ќе го носи крстот на Крстниот пат во Колосеумот.„Во молитва ја носам целата таа болка и сакам да ги повикам луѓето со добра волја заедно да го изодиме тој пат и да бараме како и самите можеме да бидеме носители на мирот“, изјави папата Лав XIV.Во православната традиција, Велики петок се одбележува со строг пост, молитва и богослужби во кои се читаат делови од евангелијата што го опишуваат страдањето на Христос. Во храмовите се изнесува плаштеницата, симбол на положувањето на телото Христово, пред која верниците се поклонуваат до денот на Воскресението.Овој ден се минува во тишина, без работа и без веселби, а камбаните молчат сè до недела, кога ќе го најават најрадосниот христијански празник – Велигден.Историски гледано, толкувањето на настаните поврзани со распнувањето било предмет на различни интерпретации, но современите црковни и историски анализи укажуваат дека одговорноста за погубувањето лежи кај римската власт, предводена од намесникот Понтиј Пилат, а не кај еврејскиот народ.Велики петок останува ден на длабока духовна порака – преку страдањето да се стигне до надежта, а преку жртвата до животот.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryo44pt48v7euf0UOxYNR

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден, ќе се затвораат улици

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје по повод празникот „Воскресение Христово – Велигден“, при што дел од улиците во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, ќе бидат привремено затворани, соопшти Министерството за внатрешни работи.„По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром“, соопшти МВР.Во периодот од 18 часот, па до завршување на празничните активности, дел од клучните булевари ќе бидат затворени по потреба.„Утре (11.04.2025) во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата... во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: бул. „Партизански Одреди“ од крстосница со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосница со бул. „ВМРО“, бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосница со бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски“, како и ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул. „9-ти Мај“ до кружна крстосница со ул. „Св. Кирил и Методиј““, соопшти МВР.Измени ќе има и во движењето на јавниот превоз, особено за автобусите што минуваат низ централното подрачје.„На возилата од јавниот градски сообраќај... по потреба ќе им се менува трасата на движење... ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на бул. „Партизански Одреди“...“, соопшти МВР.Дополнителни ограничувања се предвидени и во други делови од градот.„Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“... Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче“, соопшти МВР.Полицијата најавува дека по потреба ќе бидат затворани и други улици во близина на верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките.„По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 седмица

veligdenski-jajca

Лешоски: „За Рамазан секогаш е сѐ поефтино, за Велигден е секогаш сѐ поскапо – не е до кризите, до луѓето е“

Дарко Лешоски пркеу објава на социјалните мрежи со остра и саркастична порака, реагира за поскапувањата пред Велигден и двојните стандарди во општеството.„За Рамазан секогаш е сѐ поефтино, за Велигден е секогаш сѐ поскапо.Ама откако ме држи паметот било така! И махери за изговори стално: а бе ради Ковидот, абе ради железово од Украина знаеш, ради 2008 знаеш… ради Иран сега знаеш, ради индексов на биткоинот (а пинот му е запишан на ливче во новчаникот или во футролата од мобилниот на преклоп), а бе ради Бермудскиот трокут, ради НАСА мисијава затоа и ова со краставициве и арпаџикот, ради на Тасета директорот сите ќе умреме што му рекол…И сѐ на светов може да се потчини на гравитацијата, ама “она што летнало горе - не паѓа никогаш долу” на ова библиско тло.И сѐ е во ред.Ама исто е во ред кога ќе наполниш доволен број на години да му се насмееш на секој таков “христијанин” и на таквиот негов господ кој е мераклија на профит и во очи да му кажеш смирено:“Не е чичко, ради вас е. Ради луѓето е стално!”И да си заминеш на пола муабет. Толку и за нас и за нашата вера во нешто. Лека ноќ“, стои во објавата.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryg0v8595a7jcg3Beyl4i

(Фото) Велигденска магија во Крива Паланка: Градот во празнично руво

Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, Крива Паланка започнува со богата програма и уникатно декорирање кое ќе донесе радост и убаво расположение кај сите генерации.Градскиот плоштад и кејот на Крива Река се разубавени со раскошни цветни леи, внимателно аранжирани декорации и автентични велигденски реквизити, кои создадоа посебна празнична атмосфера и предизвикаа насмевки кај помладите, но и кај повозрасните минувачи и посетители.„Нема поубава глетка од тоа да ги гледаш своите сограѓани среќни. За првпат оваа година, Крива Паланка доби уникатна претпразнична велигденска декорација, која разбуди убаво расположение и донесе радост и насмевки кај сите минувачи“, изјави градоначалникот.Оваа претпразнична убавина е уште еден пример за грижата на Општина Крива Паланка за убавината на градот и доброто расположение на своите граѓани.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryaul941pp9l2nbOF77wk

Започна најсветата, Страдална недела

Последната недела пред најголемиот христијански празник Велигден е позната како Страдална или Страстна седмица и е посветена на споменот на последните денови од земниот живот на Исус Христос, неговите страдања, смртта и погребението.Оваа недела се нарекува и Велика седмица поради значењето на настаните кои се случиле во неа. Светата Црква го објаснува значењето на овие денови:„Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена е смртта, врзан е силниот (ѓаволот) и уништено неговото оружје, искупен е гревот, симната е клетвата и рајот е отворен. Тогаш небото престанало да биде недостапно. Луѓето се зближиле со ангелите. Оттргната е преградата што ги разделувала луѓето од Бога. Границите се избришани. Бог на мирот ги измирил небесното и земното“.Традицијата налага во овој период христијаните да ги зголемат молитвите и постот, практикувајќи дела на милосрдие и љубов. Низ историјата, во овие денови се прекинувале сите судски спорови и обвиненија, а во духот на простувањето се ослободувале и затвореници кои немале направено големи престапи.Во однос на исхраната, црковните правила предвидуваат строг пост.

Македонија | пред 2 седмици

siljanovska-davkova-2

Сиљановска со честитка: Велигден да нè потсети на љубовта, солидарноста и надежта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед.„На сите верници кои го прославуваат Христовото воскресение според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.Најискрено, посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост, љубов и среќа.Речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа.Во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верувам дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот.Очекувам Велигден да го разбуди Божјото во сите нас, да нè потсети дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината и да ни помогне да исчекориме напред, по Божјиот пат!Христос воскресна!“, напиша Сиљановска.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqma6v869dsls5izgM26

Велигден кај католиците и Цветници кај православните – денови на вера и надеж

Католичките верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, кој ја симболизира победата на животот над смртта и воскресението на Исус Христос. Во храмовите ширум светот и кај нас се одржуваат свечени литургии, а верниците го слават празникот со традиционални обичаи, семејни трпези и пораки за надеж, љубов и простување.Истовремено, православните христијани го празнуваат Цветници, денот кога се одбележува свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник, познат и како Врбица, е вовед во Страсната седмица – периодот на духовна подготовка пред православниот Велигден.Во православните храмови се осветуваат гранчиња од врба, кои верниците ги носат како симбол на обновување, живот и благослов. Цветници се празник исполнет со радост, но и со духовна сериозност, бидејќи го најавува страдањето на Христос.Иако се слават во различни денови и според различни календари, и католичкиот Велигден и православните Цветници ја носат истата порака – верата, надежта и духовното обновување остануваат темелни вредности што ги поврзуваат христијаните ширум светот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library53gsffqsmh1te98GMBT

„Да го замолчиме оружјето и да му дадеме шанса на дијалогот“, Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов

Според календарот на Католичката црква, денес, се одбележува најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, Велигден. По тој повод, за припадниците на католичката вероисповед во Македонија, понеделник е неработен ден.Велигден, го симболизира воскресението на Господ Исус Христос и победата на животот над смртта. Овој празник се смета за Празник над празниците, торжество над сите торжества и ден на спасението за христијаните.Периодот што му претходи на Велигден е исполнет со духовна подготовка – пост, молитва, покајание и простување, како и со обиди за помирување и обновување на односите меѓу луѓето.Во овие денови, верниците се повикуваат не само на традиција, туку и на внатрешна промена, со цел празникот да го дочекаат со чисто срце и вера.Велигден е и време кога се нагласуваат вредностите на надежта, љубовта и заедништвото, кои имаат посебно значење во современото општество.Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден во петокот упати порака: „Како и во претходните години, така и оваа година, за жал, додека се подготвуваме да го прославиме празникот Воскресение Христово, слушаме вести што ни доаѓаат од еден немирен свет. Светиот отец Лав XIV зборува за овие конфликти како за „рана“ нанесена на целото човечко семејство, која остава лузни врз луѓето со генерации. На Блискиот Исток крвта од минатите конфликти сè уште не се исушила на земјата на која беше пролеана, а конфликтот повторно се разгоре ширејќи се во соседните земји, со епизоди на насилство и уништување, кои шират омраза и страв, што предизвикува загриженост. А христијаните во овие земји како „мало стадо“ се обединети во човечко братство со сите луѓе од воено конфликтните подрачја, кои заедно доживуваат тешки искушенија во постојана опасност и неизвесност за своите животи. Среде ваква вознемиреност, папата Лав постојано повикува на молитва за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да му се даде можност на дијалогот во кој може да се слушнат гласовите на народите.Нека воскреснатиот Господ навистина не води и не обликува според Неговата волја за да бидеме вистински сведоци на Оној што умре и воскресна за нас!“, порача бискупот на католичката црква во Македонија, Киро Стојанов.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48 дена – од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница, затоа што по првите 40 дена следува последната седмица пред Велигден, позната како Страдална или Страстна седмица, која е посветена на споменот на предавството, страдањата, распнувањето и погребението на Господ Исус Христос.Постот претставува време на соединување со Бога преку причестување, заедничарење и благодарење, односно преку светата Евхаристија. Неговата смисла е духовно очистување и подготовка за најголемиот христијански празник. Верата во воскресението е темел на христијанството, а Велигденскиот пост е пат кон тоа духовно искуство.Историски, постот имал две цели: крстените верници да се подготват за Велигден, а оние што требало да бидат крстени на Велигден – во текот на постот да бидат поучувани во верата и огласени за крштение.Во однос на начинот на постење, вообичаено се пости на вода, освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите. Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.Црквата предвидува и можност за ублажување на постот за болни, немоќни, деца до седумгодишна возраст, лица во поодмината старост, бремени жени, доилки, патници и лица во специфични животни околности. За такво олеснување се бара благослов од свештенослужител, при што никогаш не се дозволува консумирање месо.Но, постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.Затоа, во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.Целта е доброто да стане навика и начин на живот. Велигденскиот пост не е само подготовка за празникот, туку можност за духовно зајакнување и преобразување, за да се дочека Воскресението Христово со чисто срце и обновена вера.

Македонија | пред 2 месеци

zena-papa

Ватикан слави велигденска миса

Градот Ватикан денеска ќе го одбележи Велигден, најзначајниот момент на христијанскиот календар, со голема миса во црквата Свети Петар во Рим. Поради здравствените проблеми на папата Франциско, кој се опоравува од билатералната пневмонија, мисата се очекува да ја предводи високиот италијански кардинал Анџело Комастри, кој беше протоереј на базиликата Свети Петар од 2006 до 2021 година и генерален викар за Ватикан.Останува неизвесно дали Франциско ќе може да го даде традиционалниот благослов Urbi et Orbi (На градот и светот) на десетици илјади верници во Свети Петар и на камерите од целиот свет. 88-годишникот ја напуштил болницата Гемели во Рим пред четири недели, откако таму поминал повеќе од еден месец. Сепак, според препораките на лекарите, тој сè уште треба да мирува по опасна по живот болест.За време на неговите ретки јавни настапи откако ја напушти болницата, Папата понекогаш се појавуваше многу слаб. Говорот исто така претставува тешкотија за водачот на повеќе од 1,4 милијарди католици во светот. Во саботата вечерта Франциско се појави во инвалидска количка во базиликата Свети Петар.За Велигден во Рим се очекуваат милион посетителиСпоред христијанската традиција, Велигден го одбележува споменот на распнувањето и воскресението на Исус Христос. Годинава комеморацијата има уште поголемо значење бидејќи Католичката црква ја прогласи 2025 година за јубилеј. Папата Франциско првично имаше намера да биде присутен на овие важни настани.Само овој викенд Рим има околу еден милион посетители, вклучително и верници од целиот свет. Меѓу нив е и американскиот потпретседател Џ.Д.Венс. Заменикот на Доналд Трамп, кој премина во католичка вера во 2019 година, планира да присуствува на Велигденската миса со своето семејство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-20-at-09.02.21

Христос воскресе: Православните верници го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе.Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-18-at-10.14.00

(Видео) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Гужви и долги колони има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, а започнаа уште од утрово. Бидејќи понеделник е неработен ден, голем дел од граѓаните решија најголемиот христијански празник Велигден да го прослават кај јужниот сосед.„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известува АМСМ.Но, во пракса, чекањето на ГП Богородица е и до 40 минути.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Јајца за Велигден ќе има

ЖГрупацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца за Велигденските празници.„Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето, да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-12.10.20

Дали знаевте дека православниот Велигден се слави и во овие земји: Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет.Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден.И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус - тоа е најважниот празник во христијанскиот календар.Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота.Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела.Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден.Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година.Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар.Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. - годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата.Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна.Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година.Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха - како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт.Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок.Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение.По постот, традициите често се вртат околу храната.Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб.Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела.Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо.Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта.Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-10.59.24

Желби за солидарност, сплотување, заедништво: пораки од политичарите за Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.„Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден со пораката: Христос Воскресна Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата. А тоа ќе го правиме со секој чин на солидарност кон ранливите и грижа за природата, со заложбите за слобода, правда и мир, со борбата за социјална правда и за достоинствен живот на нашите сограѓани. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен, стои во честитката.Во име на Владата на Македонија и во мое име, Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот, се вели во честитката на Талат Џафери, претседателот на Владата на Македонија.„Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит. Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.Честитка и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници. Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет. Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!“, вели Мицкоски.Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.„Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина“, вели Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

veligdenski-jajca

Колку можат да стојат јајцата по Велигден?

Експертите предупредуваат дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите – основното правило е дека по готвењето јајцата треба да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата.Колку долго после Велигден имате јајца на трпезата и ви служат како главен украс? Тешко е да се процени колку јајца треба да зготвите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба.Имено, експертите предупредуваат дека варените јајца имаат значително пократок рок на траење од свежите. Основното правило е јајцата по варењето да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата, како што често се практикува кај нас.Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.Како резултат на тоа, се јавува труење . За време на процесот на готвење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.Секоја година по Велигден , во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење со желудник“. Симптомите може да варираат – од благи непријатности, надуеност, промени во варењето до сериозно гадење, повраќање и дијареа.Значи, ако ги чувате јајцата на собна температура – јадете ги исто или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Православните верници го слават Велигден- Христос воскресе! Вистина воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе. Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Македонија | пред 1 година

crkva-1024x683

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕČak i najteže proširene vene nestat će za 7 dana!Sponsored by MonadPlugВелигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.Зошто во недела?Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?Зошто на полноќ веднаш, а не дента?Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.Велигденските таблици Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.* * *Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.* * *Христос воскресе! – Вистина воскресе!(За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања