Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Папата не бара од Украина да се предаде, туку да преговара“: Ватикан мораше да реагира по изјавата што го налути Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан, Матео Бруни изјави дека папата Франциско во интервју за швајцарскиот јавен сервис RSI, кое беше претходно објавено, не побарал од Украина да се предаде, како што објавија некои медиуми, туку имал намера да повика на прекин на огнот и да укаже на „храброста на преговорите“.

— реклама —

„Папата ја искористи метафората на „бело знаме“ предложена од новинар за да ја истакне важноста од прекин на непријателствата, примирје постигнато преку храброста на преговорите. На друго место во интервјуто, говорејќи општо за војната, Папата јасно стави до знаење: „преговорите никогаш не се предаваат“, рече Бруни, според Vatican News.

— реклама —

Според извештаите, за време на интервју за швајцарската телевизија, новинарот Лоренцо Бучела го прашал папата: „Во Украина, некои повикуваат на храброст за предавање, „бело знаме“. Но, други велат дека тоа би ја легитимирало посилната страна. Што мислите?"

— реклама —

Папата Франциско одговори: „Тоа е едно толкување. Но, верувам дека посилен е тој што ја гледа ситуацијата, кој мисли на народот, кој има храброст на белото знаме да преговара“.

Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека преговорите се можни со помош на меѓународните сили и дека е неопходно да се има „храброст да се преговара“, додава Vatican News.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 12 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 14 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања