Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски го осудува СДС: Гласаа против „Безбеден град“, а осудуваат возење без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryo1epvp84skak6J6n7F2

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување на протест, ние не поддржуваме и јавно го осудуваме.

— реклама —

Потсетуваме дека СДС и Филипче гласаа против овој проект во Собранието, а координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој инаку е и ексминистер за внатрешни работи не направи ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

— реклама —

Во време на СДС, Филипче и Спасовски не беше имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци.

Сега кога конечно се воведува систем кој воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДС се против. Од друга страна пак Филипче и СДС тврдат дека се против возење без возачка дозвола и без регистрација, а гласаа против проект и механизам што практично го гарантира токму тоа.

Оваа контрадикторност ни Венко Филипче не може сам да си ја објасни ниту со политички разлики, ниту со загриженост за граѓаните.

На СДС и Филипче треба да им биде јасно дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, напротив е системско решение за заштита на животите на граѓаните.

Секој што е искрено за ред, закон и безбедност, треба да го поддржи, а се друго е политичка калкулација на штета на јавниот интерес“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

Македонија | пред 4 дена

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuh63v00cfjfcfXRPgTC

Петрушевски: 0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryorhpae3spf6p0MoqrWB

Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања