Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Не можел кој било да извади лиценца за медицински канабис, тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh159tludbijb1sMUMRK

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДС биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче, затоа и во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели.

— реклама —

За да им тече бизнисот и да ги вртат милионите, Заев и Филипче во 2020 година планираа целосно легализирање на марихуаната и со тоа сакаа Македонија да ја прават светска туристичка атракција. За среќа на граѓаните, овој обид не им успеа, а сега гледаме и која им била целта.

— реклама —

Дека ова било планирано во главите на Заев и Филипче, се гледа во подзаконскиот акт, односно Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во времето на власт на СДС, кој е во колизија со законот, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите. Со ова, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано, а најмалку да се најде во промет.

Ги прашуваме Заев и Филипче, кој бил мотивот за ова? Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Затоа ли Заев и Филипче овие денови се толку испаничени? Затоа ли Заев излезе да го брани неодбранливото, додека во тоа време Филипче се упати кон Грција да се види со него? И дали Заев и Филипче стојат позади промената на Правилникот?

Сите сомнежи и индиции за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче. ЈО ова да го истражи до крај, еднаш правда и одговорност за ова криминално дуо, мора да има“, вели Петрушевски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

Македонија | пред 4 дена

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuh63v00cfjfcfXRPgTC

Петрушевски: 0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryorhpae3spf6p0MoqrWB

Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања