Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Со подзаконски акт владата на СДС дозволила марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhslnj794d4a770CD5sK

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во член 2 на овој Правилник, СДС си додале дека канабис може да се одгледува на отворен простор (површина или земјиште), додека во постоечкиот закон и стариот правилник јасно е утврдено дека канабис за медицински цели може да се одгледува само на затворен простор.

— реклама —

Со овој подзаконски акт владата на СДС дозволи марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива. Вака произведениот цвет од канабис не ги задоволува ГМП нормите, што значи дека во понатамошниот процес на производство и екстракција, маслото од канабис не може да биде ниту лиценцирано, ниту да се најде во промет за медицински цели за тешко болните пациенти.

— реклама —

Овие измени на Правилникот не се случајни, туку истите се направени со умисла, затоа што владата на СДС, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче се познати по бизнисот со марихуана.

Сите паметиме кога во 2020 година Заев и Филипче сакаа да донесат закон за целосна легализација на марихуаната, со што Македонија сакаа да ја направат светска туристичка дестинација за уживателите на марихуаната. Откако ова не им успеа, се дадоа на масовно издавањето лиценци за медицински канабис на лица блиски до кланот Заеви и до Филипче, со што драстично се зголеми бројот на лиценцирани компании во струмичкиот крај.

Сомнежите и индициите за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче, како што е заплената на 30 тони марихуана од фирма во струмичко Ново Село, во сопственост на човек близок на Заев и Филипче, поранешен функционер на СДС.

Наместо да молчат, ги повикуваме да одговорат, дали свесно, со умисла и по нивна насока се направени измените на Правилникот кој е во спротивност со законот за медицинска марихуана, со крајна цел продавање на канабисот на црниот пазар?

Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче, која резултира со нејасни реакции и итни упатувања кон Грција за одржување меѓусебна средба и координација?

Во следниот период ќе бидат испитани сите фирми со лиценца за медицински канабис. Кој работи согласно закон ќе продолжи нормално да функционира, а кој работи нелегално, ќе одговара.

Ред и одговорност мора да има! ЈО да почне со работа и овие сомнежи и индиции да ги истражи до крај“, додава Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

Македонија | пред 4 дена

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

Македонија | пред 5 дена

media-libraryuh63v00cfjfcfXRPgTC

Петрушевски: 0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryorhpae3spf6p0MoqrWB

Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања