Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

По Венецуела, Трамп најавува дека Куба ќе биде следна тема: Хавана има причина за загриженост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library5cdeb1qcb21d6WqqSgb

Американскиот државен секретар Марко Рубио испрати јасна порака до властите во Куба, изјавувајќи дека доколку живеел во Хавана и бил дел од тамошната влада, „би бил загрижен“. Коментарот следуваше по завршувањето на прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на која беа разгледувани последиците од американската воена операција во Венецуела.

— реклама —

Одговарајќи на прашање од новинар кој се претстави како кубански државјанин, Трамп рече дека Куба е тема „за која допрва ќе се зборува“. Тој нагласи дека САД сакаат да им помогнат на граѓаните на Куба, но и на оние кои биле принудени да ја напуштат земјата во изминатите децении.

— реклама —

Во тој контекст се надоврза Рубио, истакнувајќи дека изјавите на американскиот претседател не треба да се сфаќаат симболично или декларативно.

— реклама —

„Кога претседателот зборува, треба сериозно да се сфати“, рече тој, додавајќи дека значаен дел од обезбедувањето на уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро бил составен од кубански безбедносни структури.

Според Рубио, токму таа поврзаност ја прави позицијата на кубанската власт почувствителна во актуелниот геополитички момент.

„Ако живеев во Хавана и бев дел од власта, барем ќе бев загрижен“, изјави американскиот државен секретар.

Овие пораки доаѓаат во момент на нагло зголемени тензии во Латинска Америка, по директната интервенција на САД во Венецуела и апсењето на Мадуро, настан што веќе предизвика остри реакции од повеќе држави и меѓународни организации. Изјавите на Трамп и Рубио отвораат простор за шпекулации дека Куба би можела да биде следната точка на политички и дипломатски притисок од Вашингтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 14 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања