Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Полска го активира членот 4 од НАТО - што значи ова?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
polska-granica

Полска официјално го активираше членот 4 од Северноатлантскиот договор, откако во средата беа забележани 19 повреди на нејзиниот воздушен простор од руски беспилотни летала. НАТО борбени авиони урнаа дел од дроновите што навлегоа на територијата на земјата за време на нападот врз соседна Украина, а полските власти го оценија настанот како „руска провокација“.

Министерството за внатрешни работи на Полска потврди дека вкупно 16 дронови биле пронајдени на различни локации низ земјата. Полскиот премиер Доналд Туск упадите ги нарече „повреда без преседан“ и истакна дека голем дел од дроновите дошле од Белорусија.

— реклама —

Членот 4 од НАТО овозможува државата членка да побара консултации во Северноатлантскиот совет кога е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност. Засега не станува збор за членот 5, кој предвидува автоматска воена реакција.

По итниот состанок во Брисел, генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека сојузниците ја изразиле својата солидарност со Полска и го осудиле „неодговорното однесување на Русија“.

— реклама —

Полските вооружени сили воведоа ограничувања на воздушниот сообраќај во источниот дел на земјата до 9 декември, а Варшава најави и барање за итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Москва пак демантира дека имала намера да таргетира цели на полска територија и го нарече инцидентот „мит што Полска го шири“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања