Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Полската амбасада предупредува: Напуштете ја Белорусија веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
polska-granica

Полската амбасада во Минск издаде драматично предупредување до своите граѓани итно да ја напуштат територијата на Белорусија и да не чекаат понатамошно влошување на ситуацијата. Им се препорачува да користат сите достапни средства – комерцијални летови, автобуси или приватен превоз, бидејќи во случај на ненадејно затворање на границата евакуацијата може да стане многу тешка, па дури и невозможна.

Оваа порака доаѓа само еден ден по повторното отворање на границата меѓу Полска и Белорусија, која беше блокирана речиси две недели. Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека преминот може повторно да се затвори доколку безбедносната состојба дополнително се влоши.

— реклама —

Кризата започна во септември кога белорускиот КГБ го уапси полскиот католички монах, 27-годишниот Гжеѓож Гавела од Краков, обвинувајќи го за шпионажа поврзана со заедничките руско-белоруски воени вежби „Запад-2025“. Белоруската пропаганда тврди дека кај него бил пронајден „таен воен документ“, додека полската влада ги отфрла обвинувањата како апсурдна провокација. Премиерот Туск најави контрамерки против режимот на Александар Лукашенко.

Воените вежби „Запад-2025“, одржани средината на септември, дополнително ги зголемија тензиите. Според официјалните податоци учествувале околу 13.000 војници, но западни извори проценуваат дека бројката достигнала и до 30.000. Поради тоа Полска ја затвори границата на 12 септември, а ја отвори дури на 25 септември, предупредувајќи дека ќе реагира на секоја нова провокација.

— реклама —

Само еден ден по отворањето на границата, белорускиот претседател Александар Лукашенко итно отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека „има низа регионални прашања“ за кои мора да се донесат одлуки до крајот на годината.

Полската амбасада ги предупредува своите државјани дека во случај на повторно затворање на границата мора да користат премини преку Литванија и Летонија или директни летови од Минск. Граѓаните се советуваат да имаат подготвени документи и доволно финансиски средства за патување, бидејќи околностите можат многу брзо да се изменат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања