Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library11b3gk4h51qq1Vws45J
YouTube/Print Screen

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.

— реклама —

Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги контролираат, а не да им наликуваат.

— реклама —

„За мене ова е болен процес. Од детството ги гледав Соединетите Држави како природен лидер на слободниот свет. Дури зборував и за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, потсетувајќи дека токму тој, како дански премиер, испраќал војници да се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан.

— реклама —

Тој додаде дека денес САД користат реторика која е „премногу блиска до гангстерите во Москва и Пекинг“, предупредувајќи дека ваквите тензии и поделби во рамките на Западот директно ѝ одат во прилог на Русија.

„Сигурен сум дека Москва се надева дека Гренланд ќе стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, истакна Расмусен, нагласувајќи дека прашањето далеку ги надминува рамките на Данска и Гренланд.

„Ова не е само данско или гренландско прашање. Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, заклучи поранешниот генерален секретар на НАТО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Свет | пред 6 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Свет | пред 2 дена

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања