Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
jancev

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за сторување на кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 3, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, околу еден часот по полноќ во селото Марино, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки спротивно на правилата за безбедност. Тој најпрво преминал на левата страна од коловозот, а потоа нагло свртел десно без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Во тој момент во десниот страничен дел од возилото удрил мопед „Јијинг“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник.

— реклама —

Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди добил и сопатникот во автомобилот на Јанчев.

Извршените анализи покажале дека ниту кај Јанчев, ниту кај малолетниот возач на мопедот не е утврдено присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Автомобилот и мопедот се одземени и ќе бидат подложени на вонреден технички преглед, а ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.

— реклама —

Јавниот обвинител, земајќи ги предвид сите околности, предложил на осомничениот да му се изречат мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола – со цел да се обезбеди негово присуство и непречено водење на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 23 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања