Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пропадна и вториот обид за влада во Бугарија, и ПП-ДБ го врати мандатот на Радев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Политичката криза во Бугарија продолжува, откако коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) веднаш го врати вториот мандат за состав на влада што денеска ѝ беше доделен од претседателот Румен Радев.

— реклама —

Мандатот формално ѝ беше врачен на Надежда Јорданова во претседателската палата на булеварот „Дондуков“ 2, но без одлагање беше вратен како нереализиран, со што пропадна и вториот обид за формирање влада по парламентарните избори.

— реклама —

Овој потег не дојде како изненадување, бидејќи од ПП-ДБ уште минатата недела најавија дека нема да се обидуваат да состават кабинет и дека мандатот ќе го вратат веднаш по неговото добивање. Претходно, истото го направи и Росен Жељазков, кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, кој го врати првиот мандат без да предложи влада.

— реклама —

Според Уставот на Бугарија, по неуспехот на првиот и вториот мандат, претседателот Радев треба да го додели третиот и последен мандат на една од останатите парламентарни групи, по сопствен избор. Доколку и овој обид не резултира со избор на влада, следи назначување службена влада и распишување предвремени парламентарни избори во рок од два месеца.

Во меѓувреме, најголем дел од парламентарните партии – меѓу кои и ПП-ДБ, Преродба, ДПС – Нов почеток и БСП – веќе јавно соопштија дека излезот од сегашната блокада го гледаат исклучиво во нови избори. Дел од нив дури оценија дека актуелниот парламентарен состав нема легитимитет да изнесе стабилна влада.

Доколку се оди на гласање, тоа ќе бидат осми парламентарни избори во Бугарија од 2021 година наваму, што дополнително ја нагласува продлабочената политичка нестабилност во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања