Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Прва реакција од Русија: Трамп ја смени стратегијата — од дијалог кон ескалација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Рускиот државен медиум РИА Новости објави текст под наслов „Откриена е заверата на Трамп против Русија“, по најавата на нов пакет санкции што Соединетите Американски Држави ги воведоа против руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“.

— реклама —

Вашингтон објави дека новите мерки се насочени кон зголемување на притисокот врз Москва, поради, како што се наведува, одбивањето на Кремљ да покаже волја за вистински мировен процес во Украина. Санкциите опфаќаат и 34 подружници на двете компании, кои се дел од руската енергетска инфраструктура.

— реклама —

Објавата следи веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој потврди дека планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта е одложен на неопределено време.

— реклама —

„Секојпат кога разговарам со Владимир, разговорите се добри, но не водат никаде“, изјави Трамп по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

РИА Новости ја пренесе анализата на Блумберг, според која санкциите го означуваат „пресвртниот момент во американската стратегија кон Русија“. Рускиот медиум наведува дека ова е уште една промена во тонот на Белата куќа, која досега се движеше меѓу помирливост и закани, но сега, според нив, „Трамп избрал пат на ескалација“.

Овој дипломатски пресврт доаѓа само ден по руското масовно бомбардирање врз Украина, при што загинаа најмалку седум лица, меѓу нив и деца. Американските аналитичари сметаат дека потегот на Трамп е обид да се покаже цврст став кон Москва, во момент кога преговорите за прекин на огнот се во застој.

Иако американскиот претседател најави дека и понатаму останува отворен за средба со Путин „во иднина“, Руската федерација засега не даде официјален одговор на новите санкции, но државните медиуми тврдат дека тие се доказ за „внатрешна поделба во Белата куќа и пропаѓање на Трамповата политика за рамнотежа меѓу дијалог и притисок“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 16 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 18 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 21 час

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања