Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Путин и „коферот со измет“ – мерка за државна безбедност или бизарна практика?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
putin-reakcija

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се најде во центарот на медиумско внимание поради извештаите дека неговите телохранители носеле специјални куфери со неговите биолошки отпадоци за време на минатонеделниот самит на Алјаска со американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Според написите на Ekonomic Times и други западни медиуми, практиката не е нова – за неа првпат пишувале новинарите Реџис Жанте и Михаил Рубин во францускиот магазин Paris Match. Телохранителите на Федералната служба за заштита (ФСО) имаат задача да ги собираат изметот и урината на претседателот при негови посети во странство, да ги пакуваат во специјални кеси и да ги враќаат во Москва во безбедни актовки.

— реклама —

Примери за вакви ситуации се бележат уште од 2017 година, кога Путин бил во Франција, а истата процедура наводно била применета и во 2019 година во Саудиска Арабија. Слично било забележано и во Париз, на самитот за Украина, кога Путин во тоалет бил придружен од шестмина телохранители.

— реклама —

Според поранешната новинарка на BBC, Фарида Рустамова, Путин користи и „пренослив тоалет“ на патувања, за да не остави биолошки траги зад себе. Таа наведува дека ваквата мерка постои уште од неговото прво доаѓање на власт во 1999 година.

Основната причина, велат извори блиски до Кремљ, е државната безбедност. Биолошките примероци можат да откријат здравствени информации за личноста, вклучувајќи болести или терапија, што за Путин би значело ризик од потенцијална злоупотреба од страна на странски разузнавачки служби.

Иако ваквите тврдења често звучат бизарно, повеќе независни новинари и извори ги потврдуваат. Медиумите дури објавија и фотографии на социјалните мрежи, кои наводно го документираат овој необичен безбедносен протокол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 12 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 14 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања