Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Путин повторно се заканува со нуклеарно оружје, а откри и дали ќе го користи во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека земјата е подготвена да употреби нуклеарно оружје, доколку постои закана за руската државност, суверенитет или независност, но додаде дека се надева оти Соединетите Американски Држави (САД) ќе се воздржат од дејствија кои би можеле да предизвикаат нуклеарен конфликт, пренесува Associated Press.

— реклама —

Во интервју за руската државна телевизија, објавено рано утринава, Путин го опиша американскиот претседател Џо Бајден како политичар ветеран кој целосно ги разбира потенцијалните опасности од ескалација и рече дека не мисли дека светот оди кон нуклеарна војна. Истовремено, тој посочи дека руските нуклеарни сили се во целосна готовност и дека „од воено-техничка гледна точка се подготвени“.

— реклама —

Рускиот лидер постојано зборуваше за неговата подготвеност да користи нуклеарно оружје од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, потсетува АП.

— реклама —

Запрашан во едно интервју дали некогаш размислувал да употреби нуклеарно оружје на бојното поле во Украина, Путин одговори дека нема потреба од тоа.

Тој, исто така, изрази уверување дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина и ја остави отворена вратата за разговори, нагласувајќи дека за секој договор ќе бидат потребни цврсти гаранции од Западот.

Путин рече дека неодамнешниот наплив на напади со украински беспилотни летала длабоко во Русија е дел од напорите да се попречат тридневните претседателски избори во земјата, кои почнуваат во петок, и на кои тој речиси сигурно ќе победи.

Руските власти утринава известија за нов голем напад од украински беспилотни летала. Едно од беспилотните летала удрило во нафтена рафинерија во регионот Рјазан и предизвикало пожар при што најмалку две лица се повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 8 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања