Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Путин: Вистината е нашето тајно, стратешко и прецизно оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
putin-bozik-640x473-1

Рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на вработените во Russia Today (RT), нарекувајќи ја нивната работа „одбрана на вистината“ и опишувајќи ја како „тајно, стратешко и високопрецизно оружје“.

— реклама —

На свеченоста по повод 20 години од основањето на РТ, одржана во Болшој театар во Москва, Путин во присуство на главната уредничка Маргарита Симоњан изјави дека медиумот „прераснал во глобален тренд познат во целиот свет“.

— реклама —

„Ви благодарам за вашата храброст, професионализам и упорност во одбраната на вистината во глобалниот информативен простор“, рече Путин, додавајќи дека „РТ докажа дека Русија ги брани традиционалните вредности“ и дека „е невозможно да се прецени неговиот придонес во борбата за поправеден светски поредок“.

— реклама —

Путин потсети дека во раните 2000-ти западните медиуми го злоупотребувале својот доминантен положај, наметнувајќи сопствен „цивилизациски модел“, што, според него, создало простор за појава на медиуми како РТ, кои „нудат поинаков поглед на светот“.

„Вашите конкуренти станаа љубоморни или уплашени од вашиот успех – тоа е доказ за вашиот професионализам“, рече рускиот лидер.

Завршувајќи го обраќањето, Путин ги повика новинарите на РТ да продолжат да го користат „своето оружје – вистината“, во, како што рече, „жестоката медиумска борба“ со Западот.

Телевизијата Russia Today, основана на 10 декември 2005 година, денес емитува на седум јазици и има интернет-платформи ширум светот. Во повеќе западни земји, меѓу кои САД, ЕУ, Канада и Велика Британија, РТ е забранета поради обвиненија за руска државна пропаганда и ширење дезинформации во контекст на војната во Украина.

Според податоците на руското Министерство за надворешни работи, РТ и нејзините вработени се под повеќе од 110 санкции, со замрзнати средства и ограничен пристап до медиумски платформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 12 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 14 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања