Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Руте: Трамп не побара НАТО да се приклучи во кампањата против Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryp3ahatda22828dJtOnc

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал Алијансата да се приклучи на воената кампања против Иран.

— реклама —

„Претседателот не побара НАТО да се придружи, така што тоа не е точно“, рече Руте, нагласувајќи дека станува збор за воена операција што ја водат САД и Израел.

— реклама —

Тој посочи дека повеќе сојузници даваат клучна поддршка во делот на логистиката и пристапот, но дека тоа не значи директно учество во кампањата. Како пример ги наведе шпанските бази, кои, според него, со години имаат важна улога во одбраната на клучни американски интереси.

— реклама —

Руте истакна дека чувствува широка поддршка од европските сојузници. Тој изјави дека во текот на викендот и претходните денови разговарал со бројни лидери и дека видел јасна поддршка за, како што рече, „одземањето на нуклеарните способности и капацитетите за балистички ракети“ на Иран, како и за елиминирањето на ајатолахот Али Хамнеи.

Според Руте, овие потези биле поздравени од многу негови колеги во рамки на Алијансата, но без формална одлука НАТО да стане директен дел од воената кампања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања