Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САД и дозволи на Индија привремено да купува руска нафта поради војната во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

По повеќемесечен притисок врз Индија да престане со купување руска нафта, Соединетите Американски Држави ѝ одобрија на Индија привремено изземање кое ѝ овозможува набавка на гориво од Москва поради ограничувањата на глобалните резерви на нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Американскиот министер за финансии, Скoт Бесент, објави дека Министерството за финансии издава привремено 30-дневно изземање, со кое индиските рафинерии ќе можат да купуваат руска нафта.

— реклама —

Целта е да се обезбеди непречен проток на нафта на светскиот пазар“, истакна Бесент, додавајќи дека оваа краткорочна мерка нема да и донесе значителна финансиска корист на руската влада, бидејќи се однесува на нафта која веќе е на пат кон потрошувачите.

Тој посочи дека „Индија е клучен партнер на САД“ и истакна дека Вашингтон очекува Њу Делхи да ја зголеми куповината на американска нафта.

— реклама —

Ова привремено решение ќе го ублажи притисокот предизвикан од обидот на Иран да ја држи светската енергетика како заложник“, заклучи Бесент.

Според шест извори кои зборувале за Ројтерс, индиските рафинерии веќе започнале да купуваат милиони барели руска сурова нафта за да се справат со намалените резерви предизвикани од американско-израелската воена кампања во Иран.

Оваа одлука следува по повеќемесечниот притисок од Вашингтон врз Њу Делхи да ја намали куповината на руска нафта, со цел да се ограничат клучните приходи за воените напори на Москва во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања