Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД: Ќе ја браниме секоја педа од НАТО-територијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата.

— реклама —

„САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк.

— реклама —

Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да бара начини за деескалација. „Очекуваме Русија да избере пат на преговори, а не ризици кои можат да доведат до проширување на конфликтот“, додаде Волц.

— реклама —

Амбасадорот потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил „огромно време и напор“ за ставање крај на „ужасната војна меѓу Русија и Украина“, и дека Москва треба директно да преговара со Киев за запирање на војната.

Во петокот, Естонија објави дека три руски борбени авиони 12 минути го нарушувале нејзиниот воздушен простор, што Москва го негира. Само една недела претходно, десетици руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападите врз Украина, а дел од нив беа соборени од полската армија и сојузничките сили на НАТО. Останки од дроновите беа пронајдени во источниот и централниот дел на Полска.

Сличен инцидент регистрира и Романија, откако руски дрон навлезе во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 11 час

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 13 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања