Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САД се спротивставуваат Русија да се нарукува „агресор“ во изјавата на Г7

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-tramp

Во пресрет на третата годишнина од војната во Украина, се појавија знаци на несогласување во рамките на Г7. Според „Фајненшл тајмс“, Соединетите Држави се противат на нарекување Русија „агресор“ во заедничката изјава што групата ја објавува секоја година.

Петмина западни претставници запознаени со преговорите изјавија дека учеството на Володимир Зеленски на виртуелниот самит на Г7 во понеделник сè уште не е договорено. Од 2022 година, лидерите на Г7 редовно користат термини како „руска агресија“ за да ја опишат војната во нивните изјави. Во минатогодишното коминике, Г7 пет пати го спомена овој термин.

— реклама —

„Фајненшл тајмс“ цитира еден од официјалните претставници: „Јасни сме дека мора да се направи разлика меѓу Русија и Украина. Тие не се исти“.

Ова доаѓа додека САД преговараат со Русија за ставање крај на војната - разговори од кои Украина и Европа досега беа исклучени. Стравувањата дека САД би можеле да ја натераат Украина да направи отстапки дополнително се зголемија вчера, кога Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ во жестока објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 2 дена

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања