Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ прашува: Дали Росица барала помош од министерот Тошковски за помош, а тој ја игнорирал?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library4h3s6sb86co1fPeCW79

Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција ја отвори темата за новообјавени пораки на младата Росица, која беше убиена од насилникот против кого претходно повеќепати пријавувала закани и насилство. Портпаролката Богданка Кузеска објави дека во јавноста се појавиле пораки кои наводно биле испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои Росица очајно барала помош.

— реклама —

Во една од нив, таа пишува: „Очајно ми треба помош. Се надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација“. Според СДСМ, во пораката детално е опишана нејзината голгота – демнеење, тепање, силување, палење на автомобилот – како и тоа дека на човекот кој подоцна ја уби му бил вратен пасошот од МВР.

— реклама —

„Дали оваа порака, почитуван министре, стигнала до вас пред пет месеци? Ако стигнала, што сте направиле?“, праша Кузеска. Таа додаде дека доколку информациите се точни, тогаш граѓаните со право може да заклучат дека се оставени сами на себе и дека залудно пријавуваат насилство и закани.

— реклама —

СДСМ порача дека убиството на Росица бара одговори и одговорност од институциите, а не префрлање вина. „Росица не молчела. Таа пријавувала секогаш кога стравувала за својот живот, но нејзиниот и животот на нејзиниот татко трагично згаснаа“, рече Кузеска, прашувајќи каква порака ова испраќа до сите други жени кои денеска се охрабруваат да пријават насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања