Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ за премиерот Мицкоски: „Мали Вучко“ го следи моделот на Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

СДСМ обвини дека најавите на лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за можни избори се дел од, како што велат, „усогласени политички чекори“ со власта во Србија. Од партијата потсетуваат дека претседателот Александар Вучиќ истиот ден зборувал за избори, а неколку часа подоцна слични пораки стигнале и од Мицкоски.

Во соопштението се тврдеше дека Мицкоски го следи политичкиот модел на Вучиќ, особено во делот на најави за избори по реконструкција на владата — процес што македонската влада го започна вчера. Од СДСМ оценуваат дека овој политички пристап е веќе виден „во повеќе земји од регионот“.

— реклама —

Паралелно, партијата ги поврзува случувањата со изборните процеси што напролет ја очекуваат Унгарија и можните избори во Србија. Во соопштението се наведува дека протестите во Унгарија, Словачка и Србија се последица на корупциски скандали и дека дел од тие случаи, според нив, имаат регионални импликации и политички поврзаности.

СДСМ потсетува и на истрагите и обвиненијата поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и на обвинувањата што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати за вмешаност на белградска ИТ-фирма во изборите во САД. Сето тоа, според партијата, го отсликува „регионалниот политички контекст“ што може да влијае и врз Северна Македонија.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека доколку Србија оди на избори напролет, Македонија би можела да се соочи со сличен развој на настаните, особено, како што велат, поради зависноста на политичките актери во земјава од исходите во соседството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања