Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се огласи Зеленски по средбата во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се започнати подготовки за состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

— реклама —

Трамп на својата мрежа Truth Social средбата со Зеленски и европските партнери ја оцени како „многу добра“.

— реклама —

На разговорите во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стуб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

— реклама —

„Вчера во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на САД и европските лидери. Тоа беше значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување сигурност за Украина и нашиот народ,“ напиша Зеленски на X.

Тој додаде дека веќе се работи на конкретна содржина на безбедносните гаранции и дека координацијата на лидерите продолжува: „Ќе има дискусии, подготвуваме формати, советниците за национална безбедност се во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции. Украина ја чувствува таа сила. Благодарни сме на сите наши партнери за решителноста и поддршката. Ќе направиме сè патот до мирот да стане реалност – преку партнерство, гаранции и храброста на украинскиот народ.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

putin

Зеленски: На Путин му одговара долг конфликт на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Имам многу лошо чувство

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина испрати 228 експерти на Блискиот исток

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Стармер: Не смее да се заборави Украина поради конфликтот во Иран

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања