Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скок на цените на гасот во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
gasovod-rusja-x-epa

Цените на гасот во Европа се зголемија за повеќе од 20 проценти, достигнувајќи највисоко ниво во последната година, под влијание на американско-израелските напади врз Иран и нарушувањата во транзитот на енергентите преку Ормутскиот теснец.

На референтната холандска дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за априлската испорака утринава чинеше 39,84 евра, што е за 24,6 проценти повеќе отколку при затворањето на тргувањето кон крајот на минатата недела. Накратко, цената се приближи и до 41 евро, што претставува највисока вредност од 14 февруари минатата година, објави Хина.

— реклама —

Цените пораснаа поради американско-израелски напади врз Иран. Иран возврати со испукување проектили кон Израел и американските бази во низа земји од Персискиот залив, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар, водечки светски извозник на течен природен гас (LNG).

Иако Иран официјално не го затвори Ормутскиот теснец, движењето на танкерите речиси запре. Осигурителните компании предупредија дека нема да покриваат бродски испораки во поширокиот регион на Персискиот залив.

— реклама —

Преку теснецот секојдневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и околу петтина од испораките на течен гас, претежно од Катар, според податоците на Меѓународната агенција за енергија (IEA) од 2024 година.

Во меѓувреме, Европската унија го запре увозот на руски гас и планира да ја прекине и набавката на LNG. Во моментов, гасот главно се набавува од САД, Катар и Норвешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања