Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Словенија им ги отвора вратите на македонските возачи: Ги признава дозволите без повторно полагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
vozacka-1

Словенечките пратеници вчера ги изгласаа измените на Законот за возачи, со кои државјаните на Северна Македонија ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола без повторно полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во земјата. Ова правило важи и за возачите од Србија, БиХ, Црна Гора и Косово.

Со новите законски решенија, македонските државјани ќе имаат рок од една година од пријавувањето на престојот за да ја извршат замената. За постапката ќе биде потребно да достават важечко здравствено уверение кое потврдува дека се способни за безбедно управување со моторно возило.

— реклама —

Пратеничката Сандра Газинковски од партијата Слобода истакна дека целта на измените е намалување на административните бариери за странските работници, нагласувајќи дека мерката не претставува привилегија, туку рационализација на постапките. „Станува збор за непотребна пречка што го одолговлекува процесот на вработување и ги изложува луѓето на дополнителни трошоци и тестирања“, рече таа.

Опозициските пратеници гласаа против, предупредувајќи дека ваквиот пристап може да предизвика ризици во областа на безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Свет | пред 2 седмици

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања