Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шпанија му одговори на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library7bhfilhab3q242gTs5q
unsplash / karl-callwood

Владата на Шпанија одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја „прекине целата трговија“ со земјата, оценувајќи дека секоја евентуална ревизија на трговските односи мора да се спроведува во рамки на меѓународното право и постојните договори меѓу Европската унија и САД.

Во соопштението на извршната власт се наведува дека, доколку Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, тоа ќе мора да го направи со почитување на автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу ЕУ и САД.

— реклама —

Од Мадрид нагласуваат дека Шпанија е „клучна членка на НАТО“ која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија. Дополнително, владата потсетува дека земјата е извозна сила во рамки на Европската унија и сигурен трговски партнер на 195 држави во светот, вклучително и САД, со кои има историски и взаемно корисни економски односи.

И покрај заканите, шпанските власти посочуваат дека располагаат со ресурси за ублажување на евентуални економски последици, за поддршка на погодените сектори и за диверзификација на снабдувачките синџири. Владата повтори дека нејзината позиција останува јасна – залагање за слободна трговија и економска соработка меѓу државите, заснована на заемна почит и почитување на меѓународното право.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања