Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тензија во регионот: Полска во највисока готовност по руските напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Polska-1

Полска синоќа затвори два аеродрома и подигна борбени авиони како одговор на интензивен руски напад со ракети и дронови врз Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.

— реклама —

Затворени се аеродромите во Љублин (на истокот) и во Жешов (југоисток), кој е едно од најважните логистички јазли за НАТО и главна точка за испорака на западна воена и хуманитарна помош кон Украина.

— реклама —

Подигнати се борбените дежурни авиони, системите за противвоздушна одбрана и радарите се ставени во највисока борбена готовност. Овие мерки се превентивни, а силите се подготвени за итна реакција, се вели во соопштението.

— реклама —

По низа инциденти во кои руски дронови и авиони го нарушија воздушниот простор на НАТО-членки, јавноста во Полска станува сѐ поодлучна.

Анкета покажува дека 67% од населението во полска сметаат дека руските воени авиони треба да се соборат доколку ја повредат територијата на Полска, додека само 8,7% се против таква мерка.

Во друга анкета објавена истиот викенд, 74% од испитаниците оценија дека американскиот претседател Доналд Трамп требало поодлучно да реагира на инцидентот од 10 септември, кога дваесетина руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор.

Дополнителен шок предизвика изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на 10 септември Русија испратила дури 92 дрона кон Полска. Според него, мнозинството биле пресретнати и соборени од украинските сили уште над украинска територија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потврди дека дел од дроновите навистина полетале од белоруска територија.

Полскиот премиер Доналд Туск и министерот за надворешни работи Радослав Шикорски изјавија дека Полска ќе соборува руски авиони и дронови доколку навлезат во нејзиниот воздушен простор.

Сепак, Туск нагласи дека одлуките ќе се носат во координација со НАТО-сојузниците и само ако леталото се смета за реална закана, а не за грешка или провокација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 10 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања