Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: „Го разнесуваме Иран“ – тврди дека војната е при крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Доналд Трамп изјави дека САД „го разнесуваат Иран“ и дека војната влегува во завршна фаза, објавувајќи снимки од силни експлозии кај Исфахан. Тој рече дека операциите ќе продолжат додека не се уништат иранските офанзивни капацитети, без да открие конкретни цели. Трамп тврди дека нападите уништиле нуклеарни способности и довеле до „промена на режим“, но остави простор за ескалација. За затворениот Ормутски теснец посочи дека други држави треба да го отворат, а САД во меѓувреме распоредиле илјадници војници во регионот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп со остар и контроверзен речник изјави дека САД „го разнесуваат Иран“, оценувајќи дека војната влегува во завршна фаза, додека на социјалните мрежи објави снимки од силни експлозии во близина на Исфахан.

— реклама —

„Не ќе бидеме таму уште долго. Во овој момент буквално ги разнесуваме, тоа е целосно уништување“, изјави Трамп во телефонски разговор за американски медиум, додавајќи дека операциите ќе продолжат додека не се уништат сите офанзивни капацитети на Иран.

— реклама —

Тој посочи дека прашањето за Ормутски теснец, кој веќе 31 ден е затворен од Иран и предизвика раст на цените на енергенсите, треба да го решат други држави.

— реклама —

„Мој став е јасен – ја уништив таа земја. Тие повеќе немаат сила. Нека оние што го користат теснецот го отворат“, рече Трамп, критикувајќи ги сојузниците што не се вклучиле во евентуална мултинационална операција.

Во однос на воздушните напади кај Исфахан, град во близина на кој се наоѓаат ирански нуклеарни капацитети, Трамп одби да открие конкретни детали за целите, но нагласи дека експлозиите биле „многу поголеми од очекуваното“.

„Тоа беше прекрасно. Прекрасно. Тоа се работи што ги дигнавме во воздух“, изјави тој.

Американскиот претседател истовремено тврдеше дека со нападите се постигнати две цели – уништување на нуклеарните способности на Иран и „промена на режим“. „Сега имаме работа со сосема поинаква гарнитура луѓе, многу поразумни од претходните“, рече Трамп.

И покрај оценките дека крајот на конфликтот е близу, Трамп остави отворена можност за понатамошна ескалација, без да открие дали ќе испрати преговарачки тим во регионот. „Што сакате, да ви ја откријам стратегијата?“, одговори тој на новинарско прашање.

Во меѓувреме, САД распоредија илјадници војници во регионот, вклучително и амфибиски сили и падобрански единици, што укажува дека, и покрај реториката за брз крај, воената опција останува активна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Подготвени сме за крај на војната, но бараме гаранции

Свет | пред 1 минута

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Европа му врти грб на Трамп: Сè повеќе држави одбиваат учество во војната

Свет | пред 1 час

den-na-evropa

Европа пред нов ценовен удар: Инфлацијата расте поради војната во Иран

Свет | пред 2 часа

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Новиот врховен лидер на Иран во сенка: Мојтаба Хамнеи избегнува јавност

Свет | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања