Само неколку часа пред да објави продолжување на примирјето со Иран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „очекува бомбардирање“ и дека американската војска е подготвена за акција.
Во интервју за CNBC, Трамп посочил дека не е наклонет кон продолжување на примирјето кое требало да истече, што дополнително ја засили неизвесноста околу развојот на ситуацијата.
Сепак, набргу потоа следуваше пресврт, со одлука за продолжување на примирјето, што се толкува како обид да се остави простор за дипломатско решение.
Овие изјави доаѓаат во момент кога втората рунда американско-ирански преговори во Пакистан е во застој. Од Белата куќа потврдија дека потпретседателот Џеј Ди Венс нема да отпатува во Исламабад, што дополнително укажува на неизвесноста во преговарачкиот процес.
„Сите понатамошни информации за евентуални средби ќе бидат објавени од Белата куќа“, соопштија од администрацијата.
Ситуацијата останува напната, со паралелни сигнали за воена подготвеност и дипломатски обиди за деескалација.