Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп: Очекував поскапување на нафтата поради Иран, но тоа не се случи - можен е договор, но примирјето истекува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекувал значително поскапување на нафтата поради конфликтот со Иран, но тоа не се случило, додавајќи дека е задоволен од ваквиот развој.

Во интервју за CNBC, Трамп оцени дека САД на крајот би можеле да постигнат „одличен договор“ со Иран и со тоа да се стави крај на војната, но посочи дека не очекува продолжување на актуелното примирје кое истекува.

— реклама —

Тој призна дека бил изненаден и од движењата на финансиските пазари, бидејќи очекувал остар пад на берзанските индекси.

„Мислев дека ќе паднат за 20 отсто. Исто така мислев дека нафтата ќе биде значително поскапа и среќен сум што не е така“, изјави Трамп.

— реклама —

Во однос на економските политики, Трамп најави поостар пристап кон компаниите во контекст на царините, по одлуката на Врховниот суд дека неговата администрација немала законска основа за нивно воведување.

„Ќе ги запомнам компаниите што нема да бараат поврат на царините“, рече Трамп, испраќајќи сигнал за политика базирана на лојалност кон администрацијата.

Повеќе од 3.000 компании веќе покренале постапки за враќање на средствата, во вредност од над 166 милијарди долари.

Трамп се осврна и на соработката во областа на вештачката интелигенција и одбраната, споменувајќи договор меѓу компанијата „Антропик“ и Пентагон, кој следува по претходни несогласувања меѓу двете страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања