Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп смирува: „Не грижете се, цената на нафтата наскоро ќе падне“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп тврди дека цените на нафтата наскоро ќе паднат, наведувајќи дека ослободувањето на нафта од стратешките резерви од 32 држави ќе ги намали цените. Тој ги нарече осцилациите „последица од војната“ и рече дека ситуацијата во Ормускиот теснец е под контрола. По краток скок над 100 долари, Брент падна околу 97,5, а Њујорк околу 92 долари за барел. Аналитичари предупредуваат дека пуштањето резерви е само привремено и конфликтот може да трае.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека цените на нафтата наскоро ќе се намалат, и покрај значителниот пораст на пазарите од почетокот на конфликтот со Иран.

— реклама —

Пред присутните во сојузната држава Кентаки, Трамп истакна дека одлуката на 32 држави да ослободат нафта од стратешките резерви „значително ќе ги намали цените“.

— реклама —

Нафтата ќе паѓа. Тоа е едноставно последица од војната, така тоа функционира. Може скоро да се предвиди“, рече Трамп.

— реклама —

Тој додаде дека цените пораснале помалку отколку што се очекувало и дека наскоро ќе почнат да опаѓаат.

Пораснаа малку помалку од тоа што мислевме. Ќе паѓаат повеќе отколку што јас – или било кој друг – разбира“, истакна претседателот.

Претходно, за време на посетата на една компанија во Синсинати, Трамп ги опиша промените на цените на нафтата како „последица од војната“.

Тој коментираше и за ситуацијата во Ормускиот теснец, клучниот премин за светската трговија со нафта:

Ормутскиот теснец е во многу добра состојба. Ги уништивме сите нивни бродови. Сè уште имаат неколку проектили, но не многу“, рече Трамп.

Цените на нафтата денес благо се намалија, откако претходно на азиските пазари првпат од почетокот на конфликтот ја надминаа границата од 100 долари за барел.

Нафтата „Брент“ сега се тргува околу 97,5 долари за барел, што е околу шест проценти повеќе од претходниот ден. Нафтата на трговските пазари во Њујорк поскапе околу 5,5 проценти и изнесува околу 92 долари за барел.

Цените на енергентите силно осцилираат од почетокот на конфликтот, а во понеделникот кратко се доближија до 120 долари за барел. Аналитичарите предупредуваат дека одлуката на големите држави да пуштат рекордни количества нафта од стратешките резерви засега не донесе значително олеснување на пазарот.

Ова е само привремен амортизер“, истакна Мартин Ма од Институтот за технологија во Сингапур, додавајќи дека трговците очекуваат конфликтот да потрае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 9 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 9 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања