Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF
Х

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.

Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.

— реклама —

„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.

Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.

— реклама —

Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.

„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања