Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) „Благодарение на четата на Цветко, изгасивме цела линија пожар кај Јажинце“, вели Ангелов посочувајќи дека огнот можел да направи големи проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-16-at-10.18.58

Пожарот кој синоќа повторно се реактивираше во атарот на селото Јажинце, општина Јегуновце, зафати висока трева, грмушки и смреки, а поради засилениот ветер огнената линија се прошири на должина од над еден километар, во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

За спречување на неговото ширење беа ангажирани десет противпожарни цистерни, осум пинцгауери и еден воден топ на МВР.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

„Околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева линија во должина од повеќе од еден километар. Таа беше изгасната и контролирана, но се појавуваат жешки точки поради кои утрово дејствува и полициски хеликоптер со прецизно фрлање вода“, рече Ангелов.

Според него, десната огнена линија сè уште е активна и тешко пристапна поради густата вегетација и теренот обраснат со трње. Еден крак од пожарот се движи во насока на селото Дворце, кон скопската страна.

На терен се пожарникари од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци, како и локалното население.

„Голема благодарност до сите кои помагаат, особено до седумчлената група од Рогачево, која со голем ризик успеа да спаси неколку хектари трева, грмушки и шума“, додаде Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 17 часа

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања