Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Бран протести ја зафати Словачка по најавените реформи: Граѓаните бараат оставка од Фицо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryukrecpod5n132UjOuU2

Словаците повторно излегоа на улиците, откако контроверзните законски измени најавени од владата на Роберт Фицо предизвикаа силна реакција низ целата земја. Во десет градови, меѓу кои и Братислава, илјадници граѓани синоќа протестираа против мерките што, според нив, ја ослабуваат борбата против корупцијата и го загрозуваат владеењето на правото.

Во главниот град, Плоштадот на слободата беше исполнет со демонстранти кои упатуваа барања за оставка на премиерот, додека слоганите и транспарентите жестоко ја критикуваа владината политика. Присутните порачаа дека предложените измени ја отстрануваат една од клучните алатки за заштита на јавниот интерес.

— реклама —

Протестите беа поттикнати од одлуката на парламентарното мнозинство, блиско до Фицо, да го поддржи укинувањето на Канцеларијата за заштита на свиркачите – институција која игра значајна улога во откривање злоупотреби и корупција. Овој потег предизвика реакции не само дома, туку и во меѓународната јавност, која го оцени како чекор наназад во заштитата на транспарентноста.

Дополнително негодување предизвика и поддршката за измените во Кривичниот законик, со кои се елиминира можноста судовите да ги користат доказите обезбедени од осомничени што соработувале со полицијата во замена за полесна казна. Според новите правила, таквите докази нема да бидат дозволени дури ни во случаи кога соработникот дал лажен исказ во друг предмет.

— реклама —

Правните експерти и граѓанските организации предупредуваат дека овие промени може сериозно да го ослабнат системот за гонење организиран криминал и корупција. Демонстрантите порачаа дека ќе продолжат со протестите доколку владата не отстапи од предложените измени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

Пленковиќ: Хрватска може да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Словачка бара Европска комисија да изврши инспекција на нафтоводот Дружба

Свет | пред 1 месец

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

По оштетувањето на нафтоводот „Дружба“: ЕК не гледа закана за снабдувањето со нафта

Свет | пред 2 месеци

sijarto

Унгарија и Словачка бараат од Хрватска транспорт на руска нафта преку Јадранскиот нафтовод

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања