Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Голема несреќа во Словенија, горат автомобили, затворен автопатот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarypi9a7b31a8j21ZVFnxl
Foto: Promet.si/Facebook

Поради тешка сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е целосно затворен за сообраќај во двата правца, на делницата меѓу клучките Словенске Коњице и Словенска Бистрица – југ. Информацијата ја соопшти Сообраќајно-информативниот центар на Словенија, од каде апелираат возачите строго да ги следат упатствата на надлежните служби.

— реклама —

Поради прекинот на сообраќајот, се создаваат долги колони и застои како на автопатот, така и на регионалните сообраќајници. Од Сообраќајно-информативниот центар апелираат возачите кои се заглавени во колоните да формираат итен, односно спасувачки коридор, со цел непречено движење на службите за итна помош.

— реклама —

За товарните возила кои сообраќаат меѓу Марибор и Љубљана, во двата правца се препорачува користење на обиколен правец преку Хрватска.

— реклама —

Според неофицијални информации што ги пренесува Радио Рогла, во сообраќајната несреќа експлодирала цистерна, а детонацијата наводно се слушнала во поголем дел од Словенска Бистрица. Според истите извори, во несреќата учествувале повеќе возила.

Се очекуваат официјални соопштенија од полицијата и противпожарните служби со повеќе детали за причините и последиците од несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Свет | пред 3 дена

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија: До 50 литри по лице, активирана и армијата

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Србија стабилно снабдена со горива, проблем со дизелот во Словенија

Свет | пред 1 седмица

slovenija-policija

Шпионска афера ја тресе Словенија пред избори: Обвинувања за странско мешање и „валкана“ кампања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања