Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Македонска страница на Фејсбук вмешана во политички скандал во Словенија: објавени аудиоснимки од разговори меѓу високи функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryo0ufs0ml9dpf6Lrcuuf

Политички скандал ја потресува Словенија по објавени аудиоснимки на Фејсбук страницата „Maske padajo #nismofejk“, администрирана од Македонија, со наводни разговори меѓу функционери на „Гибање Слобода“ и обвинувања за корупција, притисоци и манипулации. Се спомнуваат Весна Вуковиќ, министерката Аленка Братушек и претседателката на парламентот Уршка Клакоќар Зупанчиќ (која негира). Полицијата ја проверува автентичноста и можни кривични дела, вклучително нелегално снимање или ВИ-обработка; партијата тврди „црна кампања“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Политички скандал деновиве ја потресува Словенија, откако на Фејсбук страница администрирана од Македонија беа објавени аудиоснимки од наводни разговори меѓу високи владини функционери, проследени со сериозни обвинувања за корупција и политички манипулации.

— реклама —

Страницата „Maske padajo #nismofejk“ објавила повеќе снимки кои се тврди дека ги содржат разговорите на членови на владејачката партија „Гибање Слобода“. Администраторите тврдат дека располагаат со стотици такви разговори, кои постепено ги објавуваат на интернет.

— реклама —

Некои снимки, според словенечките медиуми, прикажуваат поранешната генерален секретар Весна Вуковиќ како разговара со партиски функционери за кадровски решенија, внатрешни прашања и односите во владата. Во друг дел, министерката за инфраструктура Аленка Братушек се споменува во контекст на наводни неправилности околу железничкиот проект Дивача–Копер. Исто така, се зборува и за притисоци врз институции и конфликти во владејачката структура.

— реклама —

Во една од снимките се спомнува и претседателката на словенечкиот парламент Уршка Клакоќар Зупанчиќ, при што се тврди дека примала дополнителни исплати преку партијата, што таа јавно го негира, оценувајќи ги наводите како „целосна лага и измислица“.

Словенечката полиција веќе ја истражува автентичноста на снимките и проверува дали при нивното создавање или објавување е сторено кривично дело, вклучително и можноста разговорите да биле нелегално снимени или обработени со вештачка интелигенција.

Од владејачката партија тврдат дека станува збор за црна кампања и не ја исклучуваат можноста снимките да се обработени или генерирани со помош на вештачка интелигенција.

Скандалот предизвика силни реакции во Словенија, каде јавноста и медиумите бараат одговор дали снимките претставуваат вистински разговори од врвот на власта или се дел од внимателно режирана дискредитација. Иако страницата е лоцирана во Македонија, тоа не значи дека содржините мора да се создадени тука, туку само дека страницата е регистрирана на македонска територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Свет | пред 3 дена

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија: До 50 литри по лице, активирана и армијата

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Србија стабилно снабдена со горива, проблем со дизелот во Словенија

Свет | пред 1 седмица

slovenija-policija

Шпионска афера ја тресе Словенија пред избори: Обвинувања за странско мешање и „валкана“ кампања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања