Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
benzine

Енергетската криза во Русија доби нова димензија поради украинските напади врз рафинериите. Недостигот на гориво ја принуди Москва да започне увоз од Кина и други азиски земји, со што првпат по долго време земјата се откажува од целосна енергетска самостојност.

Според пишувањето на „Комерсант“, пакетот мерки предвидува укинување на царините за увоз преку источните пунктови и директна компензација од буџетот за да се покрие ценовната разлика. Три компании – Роснефт, АД ННК и ВО Промсириеимпорт – ќе бидат задолжени за транспорт на гориво, со план да испорачуваат 150.000 тони месечно.

— реклама —

Властите, свесни за сериозноста на кризата, разгледуваат и непопуларни решенија: враќање на забранетиот адитив MMA, зголемување на дозволената количина на ароматични јаглеводороди и дозвола за продажба на горива со алкохолна примеса. Со ова би се надоместиле дополнителни 350.000 тони бензин и 100.000 тони дизел.

— реклама —

Но, според официјалното писмо на вицепремиерот Александар Новак до премиерот Михаил Мишустин, ситуацијата е алармантна. Во септември, 38% од капацитетот на руските рафинерии биле надвор од функција, при што 70% од застојот е резултат на украински напади со беспилотни летала.

Недостигот веќе ја погоди продажбата на бензин, која е ограничена на 30 литри по купувач во повеќе региони, од Сахалин до Крим. Украина, пак, продолжува со интензивни напади, а последниот пример е пожарот во рафинеријата Ново-Јарослав.

Гувернерот Михаил Јевраев изјави дека „пожарот е од техничка природа“ и не е поврзан со напад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања