Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Се пукаше по победaта: Ова беше атмосферата во Приштина по победата на Албанија над Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library4q31fcvi4kar8sR0SPp

Албанската фудбалска репрезентација синоќа ја победи Србија со 1:0, со што ги исфрли источните соседи од борбата за директен пласман на Светското првенство наредната година.

— реклама —

Поразот предизвика разочарување меѓу илјадници српски навивачи, а тренерот Драган Стојковиќ – Пикси по натпреварот поднесе оставка.

— реклама —

Додека во Србија владееше шок, победата на Албанија беше прославена со огромна еуфорија во Косово, особено во Приштина, каде натпреварот се следеше на плоштадите и во преполни кафулиња.

— реклама —

По последниот свиреж на судијата, голем број граѓани излегоа на улиците за да ја прослават историската победа. Според порталот Veriu, на плоштадот „Захир Пајазити“ дошло и до инцидент, кога еден маж извлекол пиштол и испукал неколку куршуми во воздух.

Полицијата веднаш реагирала и го привела осомничениот, кој со своите постапки ја загрозил безбедноста на присутните.

Снимките од славјето и пукањето брзо се проширија на социјалните мрежи, а косовската полиција соопшти дека ќе преземе мерки против сите кои со оружје го нарушиле јавниот ред и мир.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 11 час

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 17 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања