Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЛЕН обвинува: Коалицијата на ДУИ влезе во „срамна зделка“ со Левица во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library353dmsmr07c52ucOarB

Политички скандал ја тресе изборната кампања во Тетово, откако во јавноста се појави фотографија на која се гледа Арди Исмаили, претставникот на коалицијата на ДУИ на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.

Од коалицијата ВЛЕН во соопштение тврдат дека фотографијата е најјасен доказ дека тие се подготвени да ги жртвуваат националните вредности само за да дојдат повторно на власт.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека Левица е партија која, според нив, „отворено ги навреди Албанците, се изјасни против независноста на Косово, се спротивстави на членството во НАТО, бараше затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“.

„И денес НАИ седи на маса со нив за валкан изборен договор. Ова не е политика, туку срамна зделка. Ова не е стратегија, туку морален колапс“, порачаа од ВЛЕН.

— реклама —

Оттаму додаваат дека сега е јасно – за да ги зачуваат своите позиции, тие се подготвени на компромиси со сили кои, како што велат, се против Албанците.

„Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат: на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. ВЛЕН, преку своите кандидати Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот тим, претставува достоинство, развој и иднина“, се наведува во соопштението.

Коалицијата ВЛЕН заклучува дека „Албанците не тргуваат со своето достоинство и не се продаваат на оние што ги навредиле“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 22 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања