Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Во Европа по пошта испратени повеќе од милијарда лажни евра во кеш – повеќето од Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarylcum5h3dm5kqed7nxNn
Фото: Европол

Полициите од 18 земји спречиле пласирање на фалсификувани пари чија вредност се проценува на 1,2 милијарди евра. Станува збор за операцијата DECOY III, која ја координираше Европол, а ја предводеа Австрија, Португалија и Шпанија. Целта на заедничката царинска и полициска акција беше сузбивање на криминални мрежи кои лажната валута ја дистрибуираат преку поштенски пратки, соопшти Европол.

Над 90 отсто од запленетата фалсификувана валута е поврзана со пратки од Кина, што укажува дека таа земја е главен извор на фалсификувани пари кои пристигнуваат во Европа.

— реклама —

Само романските власти фатиле повеќе од 4,8 милиони евра во банкноти со изменет дизајн и откриле складиште со повеќе од 223.000 фалсификувани банкноти испратени од Кина. Покрај тоа, во три одделни заплени во Португалија, Обединетото Кралство и САД откриени се повеќе од 220.000 фалсификувани монети во евра, фунти и американски долари. Сите пратки исто така се поврзани со Кина.

За време на оперативната фаза, која траела од јуни до ноември 2025 година, властите заплениле 379 пакети со лажни пари. Тие заплени довеле до отворање на 70 нови истраги против криминални мрежи. Резултатите од акцијата се објавени сега, по завршувањето на оперативната фаза и анализите.

— реклама —

Службениците вкупно пресреле повеќе од 7 милиони фалсификувани предмети, вклучувајќи 4,8 милиони банкноти и монети во евра, 2,3 милиони во американски долари, 23.302 во британски фунти и 4.800 во швајцарски франци.

Во операцијата учествувале властите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library92ustei57jf949YqZ0g

(Видео) Хаос во Ирска: Третина пумпи без гориво, блокирани патишта, револтирани граѓани

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Криза со авионско гориво се заканува на Европа: поскапувања и укинување летови

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Европа уште троши од гасните резерви: складиштата паднаа на 28%

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања