Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Воцaп и Вибер се најчестите ВИ алатки што ги користат Македонците: Норвешка, Данска и Швајцарија вештачката интелигенција ја користат за работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryp0h8ngh9jbk0fOOtTHu
Unsplash

Комуникацијата е најчестата причина поради која граѓаните во Македонија се свртуваат кон алатките за генеративна вештачка интелигенција: дури 86 проценти од испитаниците во анкетата на „Евростат“ изјавиле дека ги користат за телефонски разговори и видеоповици. Осумдесет проценти навеле употреба на „Воцaп“, „Вибер“, „Месинџер“ и други алатки, а 41 отсто ги користат за испраќање и примање пораки.

Истражувањето покажува и значајна употреба на ВИ за информативни цели – 62 проценти читаат вести и други содржини преку овие алатки, 43 проценти бараат здравствени информации, додека 34 проценти пребаруваат податоци за добра и услуги.

— реклама —

Според податоците за 2025 година, генеративна вештачка интелигенција користеле 22 проценти од македонските граѓани на возраст од 16 до 74 години. Од нив, 15,76 отсто ја користеле за приватни цели, 8,55 проценти за работа, а 4,21 процент во формалното образование.

Во споредба со Европската Унија, каде оваа година 32,7 проценти од возрасната популација користела алатки за генеративна ВИ, Македонија е под просекот. На ниво на ЕУ, 25,1 процент од граѓаните ги користеле за приватни цели, 15,1 процент за работа, а 9,4 проценти во образованието.

— реклама —

Меѓу европските земји, врвот го држат Норвешка (56,32 проценти), Данска (48,44 проценти) и Швајцарија (47,02 проценти). Во овие држави вештачката интелигенција е силно присутна и во професионалните средини – во Норвешка 35,44 проценти од граѓаните ја користат за работа, во Швајцарија 34,40 проценти, а во Данска 27,17 проценти.

Низ Европа, најмал удел на корисници имаат Романија (17,8 проценти), Италија (19,9 проценти) и Бугарија (22,5 проценти).

Во регионот, процентите варираат: Хрватска бележи 27,52 проценти корисници на генеративна ВИ, Словенија 37,56 проценти, Унгарија 29,56 проценти, Босна и Херцеговина 20,3 проценти, а Србија 18,6 проценти.

Анкетата на „Евростат“ покажува дека генеративната вештачка интелигенција станува сè почесто користена алатка – со комуникацијата преку „Воцaп“, „Вибер“ и видеоповици како најсилен мотив кај македонските граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library92ustei57jf949YqZ0g

(Видео) Хаос во Ирска: Третина пумпи без гориво, блокирани патишта, револтирани граѓани

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Криза со авионско гориво се заканува на Европа: поскапувања и укинување летови

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Европа уште троши од гасните резерви: складиштата паднаа на 28%

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања