Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Возачот кој го усмрти Југо на кеј бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Скопјанецот кој со мотоцикл „кавасаки“, кој го управувал без возачка дозвола, бил осудуван за две кривични дела, пред да ја стори сообраќајката каде го усмрти Југослав на скопскиот кеј.

Тој претходно бил осуден за насилство сторено во 2016 година, како и за непочитување на ковид мерки во 2021 година. Сега, се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода. По трагедијата кога го усмрти Југослав, возачот на мотоциклот избега и го остави дури и неговиот повреден совозач.

— реклама —

„Скопје1“ побара информации од МВР за тоа дали ова лице било бркано од полициски службеници кога го усмртил Југослав, на што добивме одговор: „Во моментите пред да настане сообраќајната несреќа, лицето не било бркано од страна на полициски службеници“.

На територија на СВР Скопје во месец јуни случени се 46 сообраќајни незгоди. Од нив 27 се со мотоцикл, од кои две се со материјална штета, 15 со телесни повреди, девет со тешки телесни повреди и една со смртни последици.

— реклама —

Skopje-nesreka

Наместо во затворот Шутка, во домашна удобност – судот одреди куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања