Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Возеле и покрај забрана: одземени три возила во Ресен и Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0macachlreevcFQIboH

На 3 февруари 2026 година, при засилени сообраќајни контроли во Ресен и Кичево, полициските службеници затекнале тројца возачи како управуваат возила и покрај изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

— реклама —

Во 12:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен запреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. При контролата било утврдено дека возачот управувал со возилото иако имал активна забрана за управување.

— реклама —

Претходно, во 10:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така била констатирана изречена забрана за управување со моторно возило.

— реклама —

Истата служба, во 11:30 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, запрела патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кичевско. При проверките било утврдено дека возачот имал изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки од јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Уапсени лица кои избегале од затвор

Македонија | пред 8 минути

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 2 часа

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 17 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања