Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Времето за мене застана кога ти си замина, децата што предвреме станаа возрасни, го чуваат твојот спомен“, вели таткото на Филип една година по трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Коментари
media-library7u7suong95an5qVXRcO

Една година по трагедијата во Кочани, Дејан Ивановски објави емотивно писмо до својот син Филип, велејќи дека времето за него застанало кога тој заминал. Пораката ја посветува на другарите на Филип – младите кои прерано се соочиле со темната страна на животот. Тој раскажува дека преку нив се чувствувал поблиску до синот и открил колку бил вистински другар, почитуван од многумина. Вели дека тие и денес го чуваат споменот за него, а тагата се чувствува и во училиштето. На крај им се извинува на децата и на Филип, и посакува тие да се развијат во луѓе што ќе се борат за правда, подобро општество и поголема безбедност, за да не се повтори немарноста на возрасните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Една година по трагедијата во Кочани, таткото на Филип Ивановски, Дејан, сподели емотивна и искрена порака на социјалните мрежи.

— реклама —

Синче,

Помина една година откако за последен пат се видовме на овој свет. Не знам многу ли е, малку ли е една година. Немам претстава за време бидејќи времето за мене застана кога ти си замина.

Оваа писмо адресирано до тебе ќе го посветам на твоите другари,пријатели,другарки. На децата што прерано станаа возрасни и многу млади ја видоа темната, лошата страна на животот.

Не требаше така.

Да бидам искрен со тебе, порано мислев дека вистинското другарство во ова денешно време не постои. Не било така. Постои, го гледам скоро секој ден откако ти замина.

После таа кобна ноќ на штипските улици излегоа многу млади, твоите другари, со расплакани лица, збунети. Излегоа да побараат безбедност, сигурност , подобро општество.

Возрасни немаше, или многу малку… гледавме од страна…

Децата бестрашни!

Првите денови поминаа во целосен шок и неверување.

Ден по ден почнавме со мајка ти да се зближуваме со твоите другари. Преку нив бев поблизу до тебе, слушајќи многу случки, настани кои сте ги минувале заедно. Сигурен сум дека преку мене и тие беа поблизу до тебе.

Научив многу за тебе , научив нешта што не сум ги знаел а можеби и не сум ги согледувал.

Филип,ти си бил вистински другар.

Да, тие повеќе покажуваа иницијатива да се среќаваме, да дојдат на гости, да отидеме на кафе.

Некогаш се случуваше и да не можам да издржам па мораше тие средби да се кратки. Се извинувам и на тебе и на нив.

И да ти кажам, немаше ден а да нема некој ,таму доле, да запали свеќа… и сега после една година.

А запознав и многу деца што не ги знаев лично туку само по имиња од разговорите со тебе.

Многу деца, си бил другар , пријател со многу деца освен твоето друштво. Запознав многу од школо, тренинзи, дружби по град…

Знаев да прашам:

- беше ли Филип добар дечко и другар?

Одговорот:

-Фичо беше многу повеќе од тоа!

Горд сум на тебе Филипче

И децата од твојот клас тагуваат за тебе. Еднаш се сретнав со твоја професорка и ми кажа : тивки ни се часовите без Филип, тивко е.

Понекогаш знам да завртам еден круг со колата пред школото, моето и твоето средно, ама кога е час, да не ме види некој.

И сега после една година ништо не е сменето кај нив во желбата да го чуваат споменот за тебе. Нема настан да не те споменат, нема средба а да не се збори за тебе.

Филипче биди горд на своите другари.

Посакувам секој еден од нив многу да учи и да се развива за да еден ден кога вистински ќе станат возрасни луѓе да работат за општеството да биде подобро, да се борат за правда, подобро образование, подобро здравство, поголема безбедност и нема да ја повторат грешката на мојата генерација.

Децата што предвреме станаа возрасни со лузна, само заради немарноста, алчноста и некомпетентноста на возрасните.

Простете дечки, прости ми Филипче.

BFF

Те сакам“, напиша тој.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Морбиден случај во Кочанско: леш на жена пронајден покрај река

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања